После цела недела пратење прогнози,спремање со мамци,дојде и четврток-денот определен за тргнување
Прогнозата-ни малку оптимистичка.Најава за ураган и кај нас и во Грција.Но тоа беше премалку за да не спречи
Од средата таму не чекаше карабатакот Румен
од Сандански,четврток наутро таму беа и Аце Максим со Томче,и ние со Мики требаше да им се придружиме четврток поручек.Тргнување и веднаш сопка.Патот на Валандовско Брдо под опсада од машинерија-2 години се прават неколку километри ама како тргнале
машала до 2013 можеби ќе го стасаат.Чекање таму до 4 и правец Струма.Пристигнување токму пред стемнување,поздрав набрзина со екипата и фрлање на трските ,оти пак вечерта имавме друга работа
И си ја почнавме старата шема за почеток
И секако неизбежниот детал
Рибарски муабети...таму толкава риба.....јас таму поголема....
Аце,Томче и Мики се убедуваат чија е најголема
Румен ги смирува,дека неговата риба од пред 2 недели е најголема
Си поседевме како секојпат во една прекрасна атмосфера
со многу истресени глупости
смев ...без удар на риба
и кога му ја легнавме
око не склопив од тие двајцата до мене,кои освен што си ги мереа рибите до пред малку,сега решија да мерат и кој појако р'чи
Сабајле беа нерешено,а јас со очи како на варен зајак.
Сеуште без удар на сериозна риба,решивме со Аце и Мики да провериме едно каналче во близина на Киркини.Томче и Румен останаа да ги чекаат сомовите
а ние му ја летнавме.До 12-00 успеавме да излажеме само една трикилска штука
И ајде пак назад на зборното место.Таму Томче им ја беше раскажал играта на едно јато деверики
со кои како прав џентлмен ни даде да се сликаме.
Крцата од Бугарија -и тој мераклија за сликање
До вечерта фативме едно мало сомче,кое заедно со штуката беше на менито за втората вечер
Тука Аце се сликал со вечерата
Некој пржи....
Некој прави салата....
А некој ,шприцер.....
Во меѓувреме пристигнаа и останатите планирани играчи
Ивак и Крцата од Софија и веќе бевме во пун состав.
И така до касно во ноќта.Сабајлечки станување....3-4 мали штуки ,залутани од невремето....ураганот од вечерта не беше стивнал и собирање по војничка постапка за кусо време.
Следна дестинација-Ангитис.
Пролетта полека но сигурно веќе пристигнала тука.
И овде не беше кој знае што од страна на риба,ако се изземат ретките попадики
И време беше за нова дестинација.
Витото да имаше душа да си кажеше едно ОХХХХХ
Од таму правец назад и пак сопирање на Струма ,но еден по плиток предел.Претходно збогување со Ивак и Крцата.кои останаа уште една ноќ.
Со Аце и Томче се поздравивме сабајлето,кога тие си тргнаа за Скопје.
Струма
Пречек од еден локален жител
И под едно брзаче,кога си ги почнавме со Мики,речните мрени
За 2 часа си фативме убава количина од овие прекрасни борци.
Удараа на црвен црв и на мраморци(барем ние така ги викаме) едни луди инсекти во песокот на реката.
Се на се-супер компанија, риболов и јака софра...комбинација-која,кој не ја пробал-многу испуштил
Поздрав до нова авантура.