РегистриранCOLONСре Јан 19, 2011 2:34 pm МислењаCOLON403 ЛокацијаCOLONKavadarci -Skopje-Kavadarci
|
Еве си најдов надолго и широко
Кленот е еден од најпознатите грабливци на нашите простори. Доста атрактивна риба која е предизвик за многу рибари. Убавината на ловот на клен е што оваа риба може да се лови со многу техники и на многу мамци. Една од техниките за лов на клен е “лов на пец“, позната и како лов на перце.
Оваа техника е своевидна примитивна техника на мушичарење и би се рекло еден степен подолу од тениката “класично мушичарење“. Добра е да се знае затоа што може да се искористи во многу случаи кога не сме ни тргнале со намера да ловиме на овој начин, или пак не сме ни тргнале на лов на клен.
Техниката е наменета за лов на површина и може да се спроведе многу едноставно, на начин што се вадат оловцата од нашиот конец. Со вадењето на оловцата на нашиот конец останува тапата и јадицата, нормално со мамецот на кој пробуваме да го фатиме кленот. Основната приказна е дека се лови без олово и при паѓањето во вода на нашиот мамец, не се прави многу бучава во водата, не се брка кленот кој е доста осетлива риба, а мамецот паѓа во водата, томкму онака како што и природно паѓаат (инсектите на кои најчесто се лови). Притоа тапата не треба да биде многу блиску до јадицата-мамецот со цел да не го исплаши кленот кога ќе падне во водата заедно со мамецот. Добро растојание помеѓу јадицата и тапата е најмалку 60-70 сантиметри или повеќе.
Техниката на зафрлање е многу слична на класичното мушичарење, но многу поедноставна. Може да се користи секоја трска-телескоп, односно пожелно е да биде најмалку четириметерка или поголема, затоа што со помала трска, која не е мушичара нема да можеме да зафрламе доволно далеку. Техниката е едноставна и подразбира зафрлање онаму каде што го бараме кленот, или пак доколку фаќаме на река може да се зафрли и во брзакот и со отпуштање на конецот да оставаме нашата тапа и мамец да бидат носени од водата до местото каде што ќе го закочиме отпуштањето на конецот и ќе почнеме да “играме со мамецот“.
При оваа техника доста често наместо тапа се коористи и перце и затоа е позната и како лов на перце. Перцето може да биде различно, но најчесто се користат белите перца од бел пердув (поради доброто распознавање во водата) кое најлесно може да се најде во некој гулабарник. Со поставување на гумички на перцето, системот е спремен. Доста често наместо перце се користи и стапче од лижавче. За разлика од тапата, кога се лови на перце нашиот систем е драстично полесен. За воља на вистината многу потешко се зафрла и се постигнува далечина, но кога мамката ќе падне во водата ја нема тапата која многу посилно плиснува и доста често го брка кленот (ако е помал, ако е поголем кленот доста често напаѓа и по тапата поради тоа што е алчен за поголем мамец. Паѓањето на перцето во водата е скоро незабележливо, а и многу е поефикасно при нашите завлекувања кога го бркаме и иритираме кленот.
Пред да продолжиме за малите финти на оваа техника треба да се нагласи дека кога станува збор за ваков вид на лов на клен, мора да се знае дека на местата каде што намераваме да го ловиме треба да се пристапи исклучително тивко и без нагли движења (што впрочем е едно од основните правила во секој вид површински лов на грабливци), особено ако кленовите се наоѓаат на површината на водата. Дали со прикрадување, клечење, ползење или криење позади некое дрво, клучно е да останеме незабележителни, затоа што од кленот нема да видиме ништо. Кога ќе се завземе добра позиција за зафрлување, малку се сочекува да се види дали кленовите останале во истата позиција и кога ќе се уверите дека кленот е тука, тогаш започнува ловот.
Главна маана на оваа техника е што многу тешко се зафрла, затоа што имаме само тапа и мамец без олово. Со тоа многу тешко се зафрла на поголеми далечини. При зафрлањата особено внимавајте каква трска држите во рака, дали доволно си ја познавате, која е нејзината еластичност и колку нагло ќе зафрлате. Доста неискусни рибари кои ја пробувале оваа техника, поради нервоза поради неможноста да зафрлат подалеку до толку нагло зафрлале што често ги кршеле трските. При зафрлањето мамецот треба да падне што поблиску до кленот или групата кленови. 20-40 сантиметри пред кленот е идеално (нормално доколку сме го виделе или во моментот го гледаме во водата), ако не сме го виделе, нормално зафрламе онаму каде што претпоставуваме дека го има......
При ваквиот риболов, нашата тапа/перце лежи на водата, а ударот лесно се забележува со тоа што ќе забележите брзо повлекување на тапата/перцето, нејзино движење, нејзино исправање или пак нејзино пропаѓање под водата. Притоа треба да се нагласи дека не треба да се избрза при контрирањето, ниту пак да се остави кленот да се гоштева со нашиот мамец, т.е да го плукне лапнатиот мамец. Тоа значи кога (според тапата) ќе видиме само едно кратко и отсечно повлекување треба да се воздржиме од контра и да останеме мирни, или пак со мали повлекувања да пробаме дополнително да ја изиритираме рибата која го “чепнала“ мамецот или пак друга која е во иста близина. Доколку едно по друго имаме неколку повлекувања, или наеднаш нашата тапа почнува да се движи по водата, тогаш нашиот клен го има мемцот во уста и пробува да избега со него .Во таква ситуација не треба сугестија што треба да се направи. Кога кленот ќе го земе мамецот, треба да направиме кратка, но енергична контра, со цел да јадицата со сигурност да се забоде во усните на кленот.
Доколку го гледаме кленот (ако фаќаме од некој мост) и ако на нашиот мамец тргне ситен примерок на клен, тогаш со повлекување на конецот не треба да му се дозволи на ситниот клен да го зграби мамецот. Во тие моменти на бркање на пленот, најчесто мамецот го зема најкрупниот клен во групата.
Една од работите кои можат многу да влијаат на ваквата техника на риболов е да се научи да се “игра со мамецот“. Тоа значи кога нашиот мамец ќе биде во близина на кленовите, или на место каде што претпоставуваме дека се кријат, тогаш треба од време на време да правиме отсечни и кратки повлекувања со цел нашиот мамец да изгледа како природна мамка која на кленот му паднала во водата. Пример, нашиот скакулец треба да изгледа како скакулец кој тукушто паднал во водата и пробува да се извлече од неа.
При овој риболов доста често се користат инсектите како мамки. Па така често се користат мувите, осите, трудните мравки, разни мушички, коњштипите и секако најупотребуваните скакулците и штурците. Но исто така добар резултат даваат и други мамки кои природно му паѓаат на кленот во водата, па така со оваа техника може да се зафрла на дудинки, капини, сливи и други овошни мамки. Исто така добро е да се проба и на пијавица.
Предноста од познавањето на оваа техника е тоа што може да се искористи во многу прилики. Со едно вадење на оловцата можеме да го трансформираме нормалното фаќање на тапа, во фаќање на пец. Па така доколку ловиме бојник, клен, мрена, крап или некоја друга риба на тапа, а притоа ги забележиме кленовите или некоја друга грабливка на површината, со едно вадење на оловца можеме да пробаме со лов на површина. Оваа техника можеме да ја пробаме и во доста прилики пред да се склопиме и да си идеме. Едноставно пред стемнување кленот е доста активен на површината, па можеме да имаме голем успех ако пред идење, ги извадиме оловцата, прикачиме пригодна мамка за лов на пец и пробаме во некое помирно место каде што сметаме дека се кријат кленовите. Инаку најдобро време за овој тип на риболов, освен попладне и пред стемнување е сабајлечки кога првите зраци сонце ќе паднат над водата и кога кленовите ќе излезат да се сончаат на површината.
БИСТРО _________________
|
|