www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Ное 01, 2024 3:36 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS89101112ELLIPSIS19»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КЛЕН
ТемаИспратеноCOLONЧет Aпр 05, 2012 9:51 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Дек 02, 2010 7:49 pm
МислењаCOLON1985
... да си носиш малку Крма, од 1 до 2 леба и некој вид мелена житарица, и ќе се крениш едно 20тина метри и полека ќе си накрмиш. Кленот сам ќе се кренит по крмата, а ти ќе си го пуштиш мамецот по струењето на водата ;)


Последна промена од 1 на Lepi, променето е 0 пати

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КЛЕН
ТемаИспратеноCOLONЧет Aпр 05, 2012 9:54 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
е па тогаш кога сте се виделе сигурно нешто ти рекол :mrgreen:
значи без тапа и без олово нее како со тапа и олово-да кочиш

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КЛЕН
ТемаИспратеноCOLONЧет Aпр 05, 2012 10:08 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСре Јан 19, 2011 2:34 pm
МислењаCOLON403
ЛокацијаCOLONKavadarci -Skopje-Kavadarci
Еве си најдов надолго и широко :lol:
Кленот е еден од најпознатите грабливци на нашите простори. Доста атрактивна риба која е предизвик за многу рибари. Убавината на ловот на клен е што оваа риба може да се лови со многу техники и на многу мамци. Една од техниките за лов на клен е “лов на пец“, позната и како лов на перце.

Оваа техника е своевидна примитивна техника на мушичарење и би се рекло еден степен подолу од тениката “класично мушичарење“. Добра е да се знае затоа што може да се искористи во многу случаи кога не сме ни тргнале со намера да ловиме на овој начин, или пак не сме ни тргнале на лов на клен.

Техниката е наменета за лов на површина и може да се спроведе многу едноставно, на начин што се вадат оловцата од нашиот конец. Со вадењето на оловцата на нашиот конец останува тапата и јадицата, нормално со мамецот на кој пробуваме да го фатиме кленот. Основната приказна е дека се лови без олово и при паѓањето во вода на нашиот мамец, не се прави многу бучава во водата, не се брка кленот кој е доста осетлива риба, а мамецот паѓа во водата, томкму онака како што и природно паѓаат (инсектите на кои најчесто се лови). Притоа тапата не треба да биде многу блиску до јадицата-мамецот со цел да не го исплаши кленот кога ќе падне во водата заедно со мамецот. Добро растојание помеѓу јадицата и тапата е најмалку 60-70 сантиметри или повеќе.

Техниката на зафрлање е многу слична на класичното мушичарење, но многу поедноставна. Може да се користи секоја трска-телескоп, односно пожелно е да биде најмалку четириметерка или поголема, затоа што со помала трска, која не е мушичара нема да можеме да зафрламе доволно далеку. Техниката е едноставна и подразбира зафрлање онаму каде што го бараме кленот, или пак доколку фаќаме на река може да се зафрли и во брзакот и со отпуштање на конецот да оставаме нашата тапа и мамец да бидат носени од водата до местото каде што ќе го закочиме отпуштањето на конецот и ќе почнеме да “играме со мамецот“.

При оваа техника доста често наместо тапа се коористи и перце и затоа е позната и како лов на перце. Перцето може да биде различно, но најчесто се користат белите перца од бел пердув (поради доброто распознавање во водата) кое најлесно може да се најде во некој гулабарник. Со поставување на гумички на перцето, системот е спремен. Доста често наместо перце се користи и стапче од лижавче. За разлика од тапата, кога се лови на перце нашиот систем е драстично полесен. За воља на вистината многу потешко се зафрла и се постигнува далечина, но кога мамката ќе падне во водата ја нема тапата која многу посилно плиснува и доста често го брка кленот (ако е помал, ако е поголем кленот доста често напаѓа и по тапата поради тоа што е алчен за поголем мамец. Паѓањето на перцето во водата е скоро незабележливо, а и многу е поефикасно при нашите завлекувања кога го бркаме и иритираме кленот.

Пред да продолжиме за малите финти на оваа техника треба да се нагласи дека кога станува збор за ваков вид на лов на клен, мора да се знае дека на местата каде што намераваме да го ловиме треба да се пристапи исклучително тивко и без нагли движења (што впрочем е едно од основните правила во секој вид површински лов на грабливци), особено ако кленовите се наоѓаат на површината на водата. Дали со прикрадување, клечење, ползење или криење позади некое дрво, клучно е да останеме незабележителни, затоа што од кленот нема да видиме ништо. Кога ќе се завземе добра позиција за зафрлување, малку се сочекува да се види дали кленовите останале во истата позиција и кога ќе се уверите дека кленот е тука, тогаш започнува ловот.

Главна маана на оваа техника е што многу тешко се зафрла, затоа што имаме само тапа и мамец без олово. Со тоа многу тешко се зафрла на поголеми далечини. При зафрлањата особено внимавајте каква трска држите во рака, дали доволно си ја познавате, која е нејзината еластичност и колку нагло ќе зафрлате. Доста неискусни рибари кои ја пробувале оваа техника, поради нервоза поради неможноста да зафрлат подалеку до толку нагло зафрлале што често ги кршеле трските. При зафрлањето мамецот треба да падне што поблиску до кленот или групата кленови. 20-40 сантиметри пред кленот е идеално (нормално доколку сме го виделе или во моментот го гледаме во водата), ако не сме го виделе, нормално зафрламе онаму каде што претпоставуваме дека го има......

При ваквиот риболов, нашата тапа/перце лежи на водата, а ударот лесно се забележува со тоа што ќе забележите брзо повлекување на тапата/перцето, нејзино движење, нејзино исправање или пак нејзино пропаѓање под водата. Притоа треба да се нагласи дека не треба да се избрза при контрирањето, ниту пак да се остави кленот да се гоштева со нашиот мамец, т.е да го плукне лапнатиот мамец. Тоа значи кога (според тапата) ќе видиме само едно кратко и отсечно повлекување треба да се воздржиме од контра и да останеме мирни, или пак со мали повлекувања да пробаме дополнително да ја изиритираме рибата која го “чепнала“ мамецот или пак друга која е во иста близина. Доколку едно по друго имаме неколку повлекувања, или наеднаш нашата тапа почнува да се движи по водата, тогаш нашиот клен го има мемцот во уста и пробува да избега со него .Во таква ситуација не треба сугестија што треба да се направи. Кога кленот ќе го земе мамецот, треба да направиме кратка, но енергична контра, со цел да јадицата со сигурност да се забоде во усните на кленот.

Доколку го гледаме кленот (ако фаќаме од некој мост) и ако на нашиот мамец тргне ситен примерок на клен, тогаш со повлекување на конецот не треба да му се дозволи на ситниот клен да го зграби мамецот. Во тие моменти на бркање на пленот, најчесто мамецот го зема најкрупниот клен во групата.

Една од работите кои можат многу да влијаат на ваквата техника на риболов е да се научи да се “игра со мамецот“. Тоа значи кога нашиот мамец ќе биде во близина на кленовите, или на место каде што претпоставуваме дека се кријат, тогаш треба од време на време да правиме отсечни и кратки повлекувања со цел нашиот мамец да изгледа како природна мамка која на кленот му паднала во водата. Пример, нашиот скакулец треба да изгледа како скакулец кој тукушто паднал во водата и пробува да се извлече од неа.

При овој риболов доста често се користат инсектите како мамки. Па така често се користат мувите, осите, трудните мравки, разни мушички, коњштипите и секако најупотребуваните скакулците и штурците. Но исто така добар резултат даваат и други мамки кои природно му паѓаат на кленот во водата, па така со оваа техника може да се зафрла на дудинки, капини, сливи и други овошни мамки. Исто така добро е да се проба и на пијавица.

Предноста од познавањето на оваа техника е тоа што може да се искористи во многу прилики. Со едно вадење на оловцата можеме да го трансформираме нормалното фаќање на тапа, во фаќање на пец. Па така доколку ловиме бојник, клен, мрена, крап или некоја друга риба на тапа, а притоа ги забележиме кленовите или некоја друга грабливка на површината, со едно вадење на оловца можеме да пробаме со лов на површина. Оваа техника можеме да ја пробаме и во доста прилики пред да се склопиме и да си идеме. Едноставно пред стемнување кленот е доста активен на површината, па можеме да имаме голем успех ако пред идење, ги извадиме оловцата, прикачиме пригодна мамка за лов на пец и пробаме во некое помирно место каде што сметаме дека се кријат кленовите. Инаку најдобро време за овој тип на риболов, освен попладне и пред стемнување е сабајлечки кога првите зраци сонце ќе паднат над водата и кога кленовите ќе излезат да се сончаат на површината.

БИСТРО

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КЛЕН
ТемаИспратеноCOLONЧет Aпр 05, 2012 10:22 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
ете тоа е тоа -

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КЛЕН
ТемаИспратеноCOLONЧет Aпр 05, 2012 10:55 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 12, 2010 9:34 am
МислењаCOLON1930
Браво Раде за текстот...одличен е и мислам дека со мало дотерување (некоја сликичка и сл.) може да се пласира на прва страна

_________________
Бора Чорба....“Како је лепо бити ГЛУП, О како је лепо бити ГЛУП“ ..


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КЛЕН
ТемаИспратеноCOLONЧет Aпр 05, 2012 11:29 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
Да надополна нешто во врска со текстот на Раде.Јас што ги знам постарите рибари прават перциња т.е зимаат од гуски или штркови бидејќи се по крути перцињата и поголеми,а исто така по лесно се забележуваат.Нешто чудно да ви кажам малце вон тема чичко ми фаќа караш,црвеноперка со перце нешто ја мести како класична тапа ми нема објаснето али ќе стапам со него во контакт ќе објаснам детално малце чудна ми е мене техниката али он има резултати.

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КЛЕН
ТемаИспратеноCOLONПет Aпр 06, 2012 1:00 am 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
за оваа техника најдобро брка работа --перце од гулаб и тоа од пердувите на опашката
тие се прави и таман се должински колку да имаш претстава кај си фрлил и ако има реакција ке ти сигнализира перцето (пошто е повидливо),а можи и без него
инаку кога кленот ке лапне -- ретко плука па и на врв ке осетиш ако заспиеш :D

волчко- ТИЕ што ги прави роднината твој е замена за тапа - а денес имаш избор колку ти душа сака од типови и модели на тапи -- па немора да трчаш да кубиш гуски :)

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КЛЕН
ТемаИспратеноCOLONПет Aпр 06, 2012 1:27 am 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 12, 2010 9:34 am
МислењаCOLON1930
spiro_jas НапишиCOLON
за оваа техника најдобро брка работа --перце од гулаб и тоа од пердувите на опашката....
волчко- ТИЕ што ги прави роднината твој е замена за тапа - а денес имаш избор колку ти душа сака од типови и модели на тапи -- па немора да трчаш да кубиш гуски :)
Да Волчко, Спиро ти дава поубава опција....да леташ по гулабите и им кинеш перца од опашите :lol: :lol: :lol: :lol:
Мислам дека перце од гуска е далеку подобро од перце од гулаб...поголемо е и потешко е...значи можеш подалеку да фрлиш. Јас имам направено од две гускини, пресечени ставени едно во друго (споени), а внатре е ставена тенка жица и залепени со цијаноакрилен лепак (секундарен што го викаат). Лета...гулабите на Спиро ќе ги обори.

_________________
Бора Чорба....“Како је лепо бити ГЛУП, О како је лепо бити ГЛУП“ ..


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КЛЕН
ТемаИспратеноCOLONПет Aпр 06, 2012 2:04 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
Не е заостанат човекот :lol: :lol: :lol: :lol: само ми кажа дека многу подобро осеќал удар на перцето истренирана му е и рака и око има така годинки :D :D ко помал на тоа фаќал и перцето му се покажало подобро од некои денешни тапи.

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КЛЕН
ТемаИспратеноCOLONПет Aпр 06, 2012 7:55 am 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
столе - јас ти зборам за сигнализатор (значи не мора да трпи оптеретување или олово и е негде 5см ) за да имаш визуелена претстава сто се дешава со мамецот а ако заприметваш дека велам можи и без него (само мамец на јадица - нешто како мушичарење)

-- а не зборам за риболов на тапа --значи две различни работи се а вие прајте како шо мислите
и СТОЈАМ ЗАД ТО ДЕКА ИМА МНОГУ ПОДОБРИ И БАЛАНСИРАНИ ТАПИ ОД ВАШИТЕ ПЕРДУЈ

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS89101112ELLIPSIS19»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 14 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum