www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пон Дек 23, 2024 5:53 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS678910ELLIPSIS36»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONПет Maр 30, 2012 2:24 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Jун 15, 2011 3:06 pm
МислењаCOLON1998
Спортекс кажи ми ако можеш на пример дали има улога либражата на спод трска, гледав ги има од 4 либри па нагоре и дали има улога тоа во зафрлувувањето. Гледам и по 30 евра во Србија има модели за спод трска.

Фала ти однапред!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Maр 30, 2012 2:32 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Jун 16, 2011 6:25 pm
МислењаCOLON1142
Зависи која е намената?

4 либри ознаката е само тежина на зарлување, (читај 112 грама) што не значи дека не можеш да фрлаш 200 грама ракета со неа.

Многу зависи од квалитетот на стапот.

А каков ќе земеш, многу зависи за какви ракети ќе го користиш, и дали ти треба за големи ракети на екстеремни далечини, за крмачи на поблиску , или сваштарија, па таков стап и треба да одбереш.

Century на пример има конструирано специјален спод род кој покрива поголем распон на тежини на зафрлување, Century NG Spod rod е со декларирана тежина на зафрлување од 4 до 8 либри (112 до 225 грама), што значи ги покрива сите ракети со тежина во тој опсег.

Искрено, не можам да ти дадам совет дали тие стапови што ги споменуваш вредат или не, бидејќи никогаш не сум купил стап со таква цена па не можам да дадам мислење.

Јас лично не верувам дека на светот постои Бланк кој има солиден квалитет и одговара на она за кое што се продава и секако намената, а има цена испод 30 евра за должински метар.

Без навреда или потценување, но тоа е вистината.

Значи стап од 3.5 метри, карбонски со солидна изработка не смее да кошта помалку од 100 евра за да гарантира каков таков квалитет и сигурност.

Немој да ме сватиш погрешно, не значи дека нема да ти брка работа, но не очекувај карбон за тие пари или квалитет.

_________________
САМО БУДАЛИОТ МИСЛИ ДЕКА ЗНАЕ СЕ...ПАМЕТНИОТ МОЖЕ И ОД БУДАЛИОТ ДА НАУЧИ НЕШТО !!!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Maр 30, 2012 3:05 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONНед Maј 01, 2011 1:26 pm
МислењаCOLON3505
Century NG Spod rod за да работи со полна пареа треба максимално и да се натовари, голема ракета од типот на крмача. Ако тоа не се направи тогаш инвестицијата во овој спод род е многу погрешна. Сподот работи многу лошо со помали ракети , просто е невозможно да се постигнат саканата оддалеченост.
За колегите кои несакат или неможат да инвестират повеќе средства за спод род би ги советувал да купат Shimano Alivio spod rod , спод кој ќе ѓи задоволи нормалните потреби на секој од Нас. Цената е некаде од 50-60ЕУ.
Друг спод кој би препорачал да купите е спод род на француската фирма Sert , по цена е колку и првиот посочен од мене.
Веќе ако финансиите се зголемат тогаш еве еден модел за некаде околу 110ЕУ Wychwood DESPATCH SPOD ROD
Убаво би било да направиме една средба на колеги љубители на крапскиот риболов па да се демонстрира оваа како и друга опрема во ова наше хоби.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Maр 30, 2012 3:10 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Jун 16, 2011 6:25 pm
МислењаCOLON1142
Васил, постои техника за зафрлување на полесни ракети со Центури спод род,

Ако фрлаш преку глава нема шанса да заврлиш а да одлета подалеку од 120 метра ракета полесна од 180 грама.

Од страна со спуштање на ракетата многу ниско, повеќе од пола стап, гарднерова ракета со полна тежина од 150 грама лета добри 140 метри во вистински раце, со НГ Спод.

_________________
САМО БУДАЛИОТ МИСЛИ ДЕКА ЗНАЕ СЕ...ПАМЕТНИОТ МОЖЕ И ОД БУДАЛИОТ ДА НАУЧИ НЕШТО !!!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Maр 30, 2012 3:14 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONНед Maј 01, 2011 1:26 pm
МислењаCOLON3505
Напишаното од мене се однесеуваше во смисол за најдобра искористливост на тој спод род во однос на инвестираните средства.
Сепак стојам на напишаното од мене дека тој спод работи најдобро само кога ке се оптерети максимално, се фрла и помали , летат итие но не е тоа тоа.
ПС. познавам овде неколку колеги кои со двојно поефтини род подови ја лансираат таа ракета на 140м.


Последна промена од 1 на vasil, променето е 0 пати

Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Maр 30, 2012 3:16 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
ima 5lb spod rodovi na spro mivardi ili kako sto kaza vasil simano i tn koj ne se losi za cenata,,

samo najtocno obrazlozi vasil deka spod rod ne e za prihrana so raketi pomali od 150 gr ,,on saka tezina za da raboti kako sto treba..i mojata konstatacija bese taa nisto poveke,,,,neznaesnje i na pravilno na koristenje na opremata ,doaga do krsenje , u normalni situacii nikogas, ako opremata e pokvalitetna,,

za mali raketi spod rod ne vi tereba narocito raketi tanki za boili, so obicna trska pr od 3lb duplo poveke ke ja frlite nego so spod trska,,,

toj treba da go tovaris,,,,

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Maр 30, 2012 3:58 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Jун 15, 2011 3:06 pm
МислењаCOLON1998
Јасно! Фала ви на одговорите.

Значи многу е важно да има тежина ракетата за да може спод трската да биде искористена максимално. Тој дел е јасен. Се што се планира да се користи од спод трска не треба да биде помало од 150 грама.

Мое мислење е дека не треба да се фрла со параболик ракета.
Освен што не е препорачано а и помалите ракети треба цел ден да фрлаш за да добиеш посакувана количина од миксот во вода.

Е сега тука го наметнувам прашањето. Дали, со параболик може да се зафрла мини СПОМБ со боила, дали е препорачано, претпоставувам за тоа не треба спод трска ?


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Maр 30, 2012 4:06 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
znaci jasno tie e zajko.. jas imam raketi mali ni ednas vo mojot zivot gi nemam frleno so spod trska ,,NE ODAT,,SEkogas so trskite sto fakam,,
spom malata raketa so 3 i 3.5lb ke odi podaleku i po precizno nego so spod trskata,,

kako sto kaza i vasil treba spodot tovaranje,, e togas raboti on,,,pozdrav ico baits :D

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Maр 30, 2012 4:13 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONНед Maј 01, 2011 1:26 pm
МислењаCOLON3505
Hovitz можеш да фрлаш но на сопствена одговорност се разбира, трската да си е некаде 3,5lb. како што викаш кол и давај.
Треба да имаш во предвид дека лесно од дводелна може да стане троделна.
Еве една слика од мојот пријател со кого одевме заедно на натпревари, сликано 2006. Тој со тие трски што тогаш ги имаше што ли не фрлаше. Беа некоја марка Еуро Холд мислам 3,60/3,5ib

[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Maр 30, 2012 4:16 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Jун 15, 2011 3:06 pm
МислењаCOLON1998
Фала Васил!

Благодарение на вас ми се појасни многу работи за спод/трски/параболици/спомб/ракети. :)

Следен комплет кога би го купувал на пример би одбрал параболици со 3,5 либри. Дефинитивно.


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS678910ELLIPSIS36»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 6 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum