www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Ное 08, 2024 5:39 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Непланирано на Козјак по плашка
ТемаИспратеноCOLONСре Maр 28, 2012 10:13 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Aпр 11, 2011 7:31 pm
МислењаCOLON1221
ЛокацијаCOLONСкопје- Кисела Вода
Откако утрово не отидов на работа поради приватните обврски што ги имав, денот ми беше некако празен. Завршив со важните трчкарења утрински, и појдов да се видам со еден добар пријател (мрднат рибар будала) :D . Пивнавме по еден чај и по краток муабет и двајцата се договоривме да скокнеме до Козјак да ловиме плашка............и тоа веднаш :D
Само се прибрав дома, се пресоблеков набрзина пикнав нешто во ранецот грабнав трските и останав да го чекам пријателот (Горан). Тој само земал црви прибрал основни потребни ствари и ете го нацртан кај мене за 10 мин. :lol: :lol: :lol: Абе кога е риболов во прашање се е експресно. Да ме пратеа у продавница ке требаше со карање да идам :lol: :lol: :lol:
Се товаривме и тргнавме. Беше околу 11ч.
Кога стигнавме тамо времето беше чудно. Де грееше сонце, де дуваше еден страааашен ветер, де беше наоблачено абе мислиш само што не прокапало. А бранови........коооолку сакаш !!!

[ img ]

Ѓубре, дрва гранки исто многу.........

[ img ]
[ img ]

Но ѓубрето и гранките беа резултат на полнењето на езерото, што беше на огромно задоволство на сите тамо присутни. Сега веќе ја нема онаа стара банкина кај што се пуштаа чамците (кој беше минатиот викенд знае), Сплавот кој беше на суво сега е комплетно во вода, значи комплетно е покачено, и сеуште полни.

[ img ]
[ img ]

Но да се навратиме на риболовот.
Бевме тргнати на риболов на плашка, и нормално користевме ситна спрема.
Конец 0.12, тапа 1.5 гр (која лично мене ми преставуваше проблем бидејки беше клизна и со ветерот споро се исправаше, препорачувам фиксна !) подвез со 5 ситни јадички 18 златно светуцкави и телескоп 4 м.
Мамецот добро познат :D
[ img ]

И сите здружно и сложно замавтавме со трските како диригенти на ветрот :D :D :D

[ img ]

Се појавија и првите плашки....... разочарувачки ситни, со зачудувачки нежни удари на ситната тапа кои едвај се приметуваа на ветрот. Се ловеа плашки од ваков калибар :shock: :o :shock: :o :shock: :? :? :? :? :? :? :?

[ img ]


Мајки, шајки на сите страни, магичното шишенце со антифриз само кружеше низ ладните раце на рибарите....... и кога одеднаш како некој да пресече. Пукна сонце, ветрот се смири, и се слушаше само смеење од рибарите кои полека полека стануваа задоволни.......

Почна да дава покрупна плашка, езерото беше рамно тепсија и секое движење на тапата се гледаше беспрекорно супер. Најважно беше тоа што неподносливиот ветер престана, и плашката почна да си работи убаво !

Моите 5 јадички почнаа да се нижат......... секоја рака со по 2-3 рипчиња !!!
[ img ]

Па богами неколку пати и со по 5 плашки :D
[ img ]

Кофичката почна полека да се полни, но претежно со средна и ситна плашка :roll:
[ img ]
Битно беше интересно, и траеше околу 3 ипол часа ! Потоа повторно ветер, лош. студен, проследен со некоја ситна капка.
Меѓувремено пробав накратко и со воблери бидејки видов еден квалитетен скок на клен. но безуспешно. Еден колега цел ден фрлаше со воблери, кутриот смрзна, рацете му отрпнаа, но немаше ни удар, а камоли успех !!! Па виде невиде и тој се сврте на плашка.
Се собравме полека и се спремавме за одење накај дома. Беше 16 часот.
[ img ]

Имавме уловено отприлика меѓу 2-3 кила средна плашка по човек. Ова е мојот скромен улов !
[ img ]

Уловот на Горан !
[ img ]

Како и да е краток ден на риболов но со скромен резултат. За после Велигденските пости да замезиме тазе плашка со чаша ладен шприцер (ако дозволат докторите) :D :D :D

На одење само му мафнавме на црнецот кој денеска остана сув. :D :lol: :D :lol: :D :lol: :D :lol: :D :lol: :D :lol:

До следното водување поздрав до сите и БИСТРО !!! :)

_________________
Ако не замириса на риба ке замириса на кобасица


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Непланирано на Козјак по плашка
ТемаИспратеноCOLONСре Maр 28, 2012 10:17 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Jун 15, 2011 3:06 pm
МислењаCOLON1998
Браво Даре, секој чест! Подобро лош ден по риба него лош ден на работа :)

Важно е што за ќе има мезе за пивце! Релаксиран риболов :)


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Непланирано на Козјак по плашка
ТемаИспратеноCOLONСре Maр 28, 2012 10:21 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 05, 2011 11:14 pm
МислењаCOLON247
ЛокацијаCOLONBitola
Србите велат „болје ишта него ништа“ така да супер сте си поминале ;)

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Непланирано на Козјак по плашка
ТемаИспратеноCOLONСре Maр 28, 2012 10:28 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
Сте ги потепале плашките ;) Убаво кажа petarkarma болје ишта него ништа :D :D :D

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Непланирано на Козјак по плашка
ТемаИспратеноCOLONСре Maр 28, 2012 11:25 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСре Јан 19, 2011 2:34 pm
МислењаCOLON403
ЛокацијаCOLONKavadarci -Skopje-Kavadarci
Dare, koga gi vidov pette plaski naredeni, pomisliv deka si od prilep i cel zivot tutun si nizel :-).. Od reportazata imam samo edna zabeleska, cajot sto ste go piele sabajle :-) :-)

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Непланирано на Козјак по плашка
ТемаИспратеноCOLONСре Maр 28, 2012 11:52 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONВто Ное 30, 2010 3:15 am
МислењаCOLON1683
Ova pravo za Poliz za negovite mamci hahahaha, ako edno duvanje na voda ne ke e na odmet.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Непланирано на Козјак по плашка
ТемаИспратеноCOLONЧет Maр 29, 2012 12:10 am 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Jул 03, 2011 12:48 am
МислењаCOLON312
Ah DARE DARE!!!
Sve ubavo - top reporaza za biserni ripchinja, ama toa shto si me odminal ...., a znaeshe deka sum bezrabotnik doma... :x

_________________
PRAV PECAROS NE BIRA RIBI
Debeli-Slabi, Stari-Mladi
Bitno da ima TURI (FRLI) - VADI


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Непланирано на Козјак по плашка
ТемаИспратеноCOLONЧет Maр 29, 2012 12:27 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Jун 28, 2011 12:13 pm
МислењаCOLON1530
ЛокацијаCOLONSkopje
Ме радува покачувањето на нивото на водата.... :D Поштувам плашица многу,АЛИ колку е досадна за чистење.... :x :lol: :lol:

_________________
p.s. kolku poveke tupat krapdziite tolku poveke lovat spinerdziite. :mrgreen:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Непланирано на Козјак по плашка
ТемаИспратеноCOLONЧет Maр 29, 2012 1:04 am 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
ауф што ми се лови плашица -- па нема поинтересна риба за риболов ,па после и што мезе
е за со пиво
-само една маана има -тешко на тој што ке ја чисти

баво даре квалуитетно си го поминал денот

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Непланирано на Козјак по плашка
ТемаИспратеноCOLONПет Maр 30, 2012 7:20 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 05, 2010 3:44 pm
МислењаCOLON1681
ЛокацијаCOLONСкопје
Плашка,одлично мезе,малку е досадна за чистење ама за јадење е одлична.Браво Даре,релаксација за мерак :D

_________________
[ img ]

ВАРДАР Е ВАРДАР


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 20 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum