Откако утрово не отидов на работа поради приватните обврски што ги имав, денот ми беше некако празен. Завршив со важните трчкарења утрински, и појдов да се видам со еден добар пријател (мрднат рибар будала)
. Пивнавме по еден чај и по краток муабет и двајцата се договоривме да скокнеме до Козјак да ловиме плашка............и тоа веднаш
Само се прибрав дома, се пресоблеков набрзина пикнав нешто во ранецот грабнав трските и останав да го чекам пријателот (Горан). Тој само земал црви прибрал основни потребни ствари и ете го нацртан кај мене за 10 мин.
Абе кога е риболов во прашање се е експресно. Да ме пратеа у продавница ке требаше со карање да идам
Се товаривме и тргнавме. Беше околу 11ч.
Кога стигнавме тамо времето беше чудно. Де грееше сонце, де дуваше еден страааашен ветер, де беше наоблачено абе мислиш само што не прокапало. А бранови........коооолку сакаш !!!
Ѓубре, дрва гранки исто многу.........
Но ѓубрето и гранките беа резултат на полнењето на езерото, што беше на огромно задоволство на сите тамо присутни. Сега веќе ја нема онаа стара банкина кај што се пуштаа чамците (кој беше минатиот викенд знае), Сплавот кој беше на суво сега е комплетно во вода, значи комплетно е покачено, и сеуште полни.
Но да се навратиме на риболовот.
Бевме тргнати на риболов на плашка, и нормално користевме ситна спрема.
Конец 0.12, тапа 1.5 гр (која лично мене ми преставуваше проблем бидејки беше клизна и со ветерот споро се исправаше, препорачувам фиксна !) подвез со 5 ситни јадички 18 златно светуцкави и телескоп 4 м.
Мамецот добро познат
И сите здружно и сложно замавтавме со трските како диригенти на ветрот
Се појавија и првите плашки....... разочарувачки ситни, со зачудувачки нежни удари на ситната тапа кои едвај се приметуваа на ветрот. Се ловеа плашки од ваков калибар
Мајки, шајки на сите страни, магичното шишенце со антифриз само кружеше низ ладните раце на рибарите....... и кога одеднаш како некој да пресече. Пукна сонце, ветрот се смири, и се слушаше само смеење од рибарите кои полека полека стануваа задоволни.......
Почна да дава покрупна плашка, езерото беше рамно тепсија и секое движење на тапата се гледаше беспрекорно супер. Најважно беше тоа што неподносливиот ветер престана, и плашката почна да си работи убаво !
Моите 5 јадички почнаа да се нижат......... секоја рака со по 2-3 рипчиња !!!
Па богами неколку пати и со по 5 плашки
Кофичката почна полека да се полни, но претежно со средна и ситна плашка
Битно беше интересно, и траеше околу 3 ипол часа ! Потоа повторно ветер, лош. студен, проследен со некоја ситна капка.
Меѓувремено пробав накратко и со воблери бидејки видов еден квалитетен скок на клен. но безуспешно. Еден колега цел ден фрлаше со воблери, кутриот смрзна, рацете му отрпнаа, но немаше ни удар, а камоли успех !!! Па виде невиде и тој се сврте на плашка.
Се собравме полека и се спремавме за одење накај дома. Беше 16 часот.
Имавме уловено отприлика меѓу 2-3 кила средна плашка по човек. Ова е мојот скромен улов !
Уловот на Горан !
Како и да е краток ден на риболов но со скромен резултат. За после Велигденските пости да замезиме тазе плашка со чаша ладен шприцер (ако дозволат докторите)
На одење само му мафнавме на црнецот кој денеска остана сув.
До следното водување поздрав до сите и БИСТРО !!!