Еве една тема во која ке можеме да пишуваме за нашите риболовни соништа.
Постојат повеке локации кој ми се сон. Би го спомнал веднаш Нов Зеланд, но мора да признаам дека на северна Шведска би и дал блага предност. Иако живеам во оваа држава, северниот дел ми е многу далеку. Барем 1500км. Ова место скоро и да не е населено. Дивина во правиот смисол на зборот, би сретнале по некој лапонец кој највероватно се занимава со одгледување на ирваси. Огромна површина исполнета со реки и езера,преполни со пастрмка и "artic char". Со почетокот на пролетта доаѓаат и белите ноќи. Така да времето губи смисла. Спиеш кога ти се спие, рибариш кога мислиш дека е најпогодно време. И тоа постои голема шанса да на местото на кое рибарите бидете прв што воопшто рибарел на таа вода. Невероватно али вистинито.
Еве некој пејсаж од терени на северот,област наречена Лапонија.
Али на убедливо прво место без никакво двоеумење за мене е Исланд. Точка,крај на муабетот.
Еве еден линк од еден рибарски филм снимен на Исланд, кој има време нека го погледне.
http://www.putlocker.com/file/CC2B643CF84FF37C