РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am МислењаCOLON11616 ЛокацијаCOLONСкопје
Падна договор на форумов со CTS-klen да се направи сефте на Козјак годинава. Времето во петокот беше одлично, и се очекуваше и во саботата да биде добро. Отидовме малку покасно, откако се раздени, да не мрзнеме џабе сабајлето бидејќи имавме свежи информации за “активноста“ на рибата. Езерото беше паднато едно 50-тина метри од последниот пат кгоа бев таму. Напумпавме чамецот, се накрцавме некако и ја зацепивме. Темот беше во состав: јас, CTS-Klen (Синиша) и Комшо (Дејан). Инаку, водата сабајлето беше камен ладна, 2 степена кај брана, а во текот на денот на местата каде што цел ден пукаше сонце успеа да се искачи до 4-5 степени на површината. Сабајлето имаше мали бранчиња и слаб ветер, ама не радуваше што немаше ниту едно облаче и што не очекуваше убав сончев ден. Единствено не загрижуваше тоа што водата беше доста матна, најверојатно од снеговите што се топат.
Ги поминавме прво сите заливи од брана до Гургурница, влечевме, фрлавме, живо рипче немаше. Стигнавме и кај Гургурница, ја видовме и екипата Борис - Кременадла - Влатко како ја бараат рибата, па се надевам ќе видиме репортажа и од нив На тој потег Синиша имаше еден удар, за жал нереализиран.
Излеговме и да каснеме нешто, па го искористив местото да фрлам од обала, летаа воблери, блинкери, брзотрзи, бугери, ништо. Не сакаше ни да пипне. Комшо во меѓувреме се грееше
Тргнавме да ја бараме рибата нагоре, каде што водата беше црвена на површината, црвената алга се имаше раширено по целата површина на езерото, а температурата на водата се качи на 4-5 степена. Влеговме во еден од заливите и се префрливме на кашики. Ги остававме да се симнат на дното, некаде на 30-35 метри и после мотавме. По извесно време Дејан имаше удар. Убаво му удри, трската му се свитка до долу, борбата почна. За брзо време рибата му отиде под чамецот и излезе од другата страна. Успеа да ја врати назад, се бореше уште извесно време и на крај ја извади на површина. Пастрмка, фино парче. Ја црпнавме и веднаш сесија во чамец Сите тројца среќни како сите да сме фатиле риба. Удри на корморанова кашика од 20-тина грама.
Среќниот рибар:
Ја измеривме дали е во дозволените мерки Метрото покажа 54 см Денес Синиша ме извести дека дигиталната вага на Дејан дома покажала околу 2,4 кг.
После тоа, задолжителна сесија и со помагачите (снимателот Синиша, чиракот Филип со кепчето)
Еве го и видеото од вадењето на пастрмката
Пофрламе уште малку низ заливот, нормално безуспешно, ама пуста надеж, последна умира
Се рашетавме и по други заливи, ама не фативме ништо повеќе. На одење назад према брана, додека ги чешлавме заливите, се сретнавме со уште еден член од форумот, Јован со колегата крапџија. Си застанавме на сред езеро, удривме по 1-2 ракии и си промуабетивме. Инаку момците не воодушевија со организираноста на малиот маестрал т.е. со поставената масичка со мезе. Прави риболовци
На излегување пак се видовме со Јован, тие останаа на спиење, се надеваме дека добро поминале со мезето од плашки и друштвото што го очекуваа, голем поздрав до нив
Се спакувавме, среќни како мали деца ради пастрмката, но со заклучок дека е рано за Козјак, барем уште еден месец треба да му се даде фора на езерото, да се поднаполни, затопли и избистри.
До следната дружба, БИСТРО
_________________ Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...
Супер пастрмка Поздрав за цела екипа.
П.С Објектовот на апаратот или телефонот,сигурно имал капка вода по средината,се гледа матно на средина на секоја слика.Помини го со крпче за наочари и ќе нема проблем
риболов за мераци а времето за милина езерото спие и што ти значи форумот на среде езеро ке најдеш ракија и мезе
браво за екипата со пстрмката и за другата со мезето и ракијата
поздрав дечки и БИСТРО !
_________________ -------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------
Bravo
Super sto se faka pastrmka.Sekoja pastrmka e dokaz deka ja ima se poveke vo ezeroto.
Keif ste napravile.Steta sto e samo edna ama zdravje.
p.s. Ovoj camec slicen na mojot.Ne mi e jasno kako ima drzaci za vesla a mojot nema?Mozebi zatoa sto e 360 sm ili druga godina na proizvodstvo?
_________________ Podobro da si sam, otkolku da ne si so site
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 16 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум