Vi balgodaram za sovetite moi iskreni ribolovni kolegi,se nadevam deka ke ima nekoj ishod poso prv pat lovam na pijavica.I bi sakal da ve prasam isto kako da gi odrzuvam pijavicite podolgo vo zivot?
Најдобро е да ги чуваш во влажни картони на темно и ладно место.Ако одиш на риболов и користиш фрижидерче за пикник стави ги во него,се разбира во канче со влажните картони и гајле немај.
Сега случајно ја најдов темава и сакав да споделам нешто што досега барем јас го сметав за научна фантастика или пак дело на некој јак лажов...
На крајот на Октомври и почетокот на Ноември бев неколку пати (во серија...) на Козјак, односно во 12 дена бев на 5 еднодневни риболови. Во еден од тие пет риболови дојдоа некои рибари од М.Брод и си поразговаравме општи рибарски муабети од типот: на што, каде, кога и така натаму... Инаку и тие и ние бркавме клен, ние најмногу на дренки и на боили, а другава екипа од М.Брод најмногу форсираше пијавици и тоа големи, крупни. Немаа буквално ни еден удар, поседоа некој саат, се собраа и на заминување ми велат: да не сакаш да ти ги оставиме пијавициве? Оставете ги му велам, може ќе се најдат...
Е сега следува ова што не ми се веруваше! Фрлив и јас на едната трска еднаш-два пати на пијавици но без успех. Си ги вратив дома пијавициве и се думав што да му направам за да ги задржам подолго живи? Зедов една конзерва од нескафе, го издупчив кпакот како за црви нормално, најдолу ги истурив пијавиците (заедно со ситни камчиња и песок, така ми ги дадоа колегите), потоа врз нив ставив убаво наводенет картон од табла за јајца (оние во кои ги купуваме јајцата на пазар), ја изгмечив и им ја ставив внатре и ги ставив во купатило...
И глеј чудо, од крај на Октомври уште се живи маму му је*ем
Еднаш на десетина дена им го наводенувам картонот (веќе два фрлив пошто фатија мувла
), ама мајчиниве гајле си немаат, како првиот ден се кога ги зедов !!!
Значи живи се скоро три месеци
, да ми кажуваше некој 100% немаше да му верувам
Ако сте имале слично искуство - пишете, ако сакате да си чувате пијавици по 3+ месеци во купатило - направете како мене...
Бистро!
П.С.
Не ги носам на риболов повеќе, ќе испитувам до кога можат да живеат !!!
П.П.С.
Заборавив да напоменам дека се некаде 15-20 пијавици, стара кутија од нескафе од 100 грама. Ако сакате и ќе ви ги сликам