www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Сре Дек 25, 2024 3:53 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS1112131415ELLIPSIS96»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONПон Maр 12, 2012 10:23 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Zarem ne Vi bese kazano od Vasil deka i koga bese 6000 imaat trojca zemeno godisna republicka dozvola.
I koga bese 5000 imaat dvajca zemeno.
Taka ke bide i godinava.
Treba da se borime da bide pod ovaa suma, da vazi za site vodi ( neka bide Sum - VIP ) i da ja zemat 500 luge.

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Maр 12, 2012 10:26 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Kako Zdruzenie Ribar 2011 spremame dopis do Ministerot i nadleznite organi so molba realno da razmislat i napravat procenka spored realnata sostojba ( citaj besparica ) godisnata republicka dozvola da bide pod 5.000 denari.

Seto toa ke izgleda vaka

До:

- Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство – г-дин Љупчо Димов и

- Замeник- Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство – г-дин Зоран Коњановски



Почитувани,

Во името на риболовното здружение Рибар 2011, но и во името на голем број загрижени риболовци од цела Македонија, кои својата загриженост и револт го искажуваат на најголемиот сајт и форум за риболов во Македонија www.ribar.com.mk апелираме до Вас.

Имено, пред извесно време на веб сајтот на Македонска Риболовна Федерација се појавија цените на дозволите за риболов на концесионерите кои веќе добија концесија за дел од риболовните ревири во Македонија.

Притоа, особено забележителни се цените на Рекреативна зона – Вештачка акумулација – Езеро Шум, што е релативно непознато риболовно подрачје, чиј концесионер е Ред “Езеро 2010“ с.Шум – Струга, кои ставиле енормни цени како нивни дозволи за рекреативен риболов кои отскокнуваат од сите останати и тоа, дневна дозвола 500 денари, седумдневна 1000 денари, петнаесетдневна 1500 денари и годишна дозвола 6000 денари. Дали е ова некаква тенденција, скриена намера, или нешто друго нејќеме да навлегуваме.

Како и да е, ваквите цени, посебно на годишната дозвола од 6000 денари ги вознемири љубителите на спортскиот риболов од цела Македонија, затоа што висината на државната годишна дозвола која Вие како Министерство ќе ја издавате, а која треба да важи за сите води во Македонија според ЗАКОНОТ ЗА РИБАРСТВО И АКВАКУЛТУРА – (член 51) се одредува како дупло зголемена од највисоката годишна дозвола која некој концесионер ја поставил за својот ревир. Во овој случај, годишната дозвола за сите води во Македонија треба да биде 12.000 денари.

Извадок на двата члена од законот кој ја регулираат оваа област:

Член 50
(дозвола за рекреативен риболов)

Рекреативен риболов на риболовните ревири и рекреативните зони се врши врз основа на дозвола за рекреативен риболов.
Дозволата за рекреативен риболов може да биде:
- годишна за сите риболовни води во Република Македонија - државна дозвола,
- годишна за одреден риболовен ревир и рекреативна зона,
- петнаесетдневна,
- седумдневна и
- еднодневна.
Дозвола за рекреативен риболов се издава на лице кое поседува легитимација за рекреативен риболов.
По исклучок на став 3 од овој член дозвола за вршење рекреативен риболов без поседување на легитимација може да се издаде на рекреативни риболовци кои се странски државјани.
Рекреативните риболовци се должни легитимацијата и дозволата за рекреативен риболов да ја носат при вршење на риболовот, редовно да водат евиденција за уловената риба и податоците да ги доставуваат до концесионерот.
Формата и содржината на образецот на дозволата и образацот за водење евиденција, како и начинот на водење на евиденцијата и доставување на податоците ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Член 51
(надомест за издавање на дозволите за рекреативен риболов)

За издавање на дозволата за рекреативен риболов од член 50 став 2 се определува надоместок.
Надоместокот за издавање на државната дозвола од членот 50 став 2 алинеја 1 од овој закон со решение на годишно ниво го определува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Надоместокот е во висина на највисокиот определен надоместок за идавање на годишната дозвола од членот 50 став 2 алинеја 2 на овој закон зголемена за два пати.
Висината на надоместокот за издадената дозвола од членот 50 став 2 алинеи 2, 3, 4 и 5 на годишно ниво ја определуваат концесинерите на риби по предходно добиена согласност од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.


Да потсетиме дека годишната дозвола за сите води во Македонија во изминатите години била со цена од 6000 и 5000 денари и наместо да се намалува како што бараат риболовците, таа сега би требало да се зголеми на 12.000 денари.

Воедно да потсетиме дека во дел од нашите околни земји во кои има води со многу поголем рибен фонд (Грција, Бугарија, Србија), оваа годишна дозвола или воопшто не постои, или е многу помала и се движи околу 50 евра, или 3000 денари. Во случајот на Македонија веќе е насобран голем револт кај риболовците, пред се поради долгогодишните состојби со немањето на концесии, пустошењето од рибокрадците, осиромашувањето на рибниот фонд, кој револт дополнително се зголемува после излегувањето на оваа информација за државната годишна дозвола во Македонија.

Замолуваме на трезвеност и соодветна реакција, затоа што револтот и негативната енергија кај граѓаните, освен кон институциите кои се задолжени да ги застапуваат риболовците (МРФ) се насочува и кон Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Не сакајќи да се мешаме во политиките на концесионерот на езерото Шум и во цените кои тој ги одредил, бараме од Вас промена на одредбите на законот со кој се регулира начинот на утврдување на висината на цената на државната годишна дозвола, или превземање на други мерки со кои нема да се дозволи државната годишна дозвола во Македонија да биде 12.000 денари. Воедно апелираме дека доколку не се промени нешто во законот, тогаш на некој од идните концесионери може да им текне за својот риболовен ревир да постават и повисока годишна дозвола од 6000 денари, пример 10.000 денари, ....во тој случај државната годишна дозвола во Македонија би се подигнала на 20.000 денари.

Како предлог за начин на одредување на државната риболовна годишна дозвола во Македонија, може да Ви сугерираме регулирање преку нејзино поврзување со просечната нето плата во Република Македонија, односно висината на државната риболовна годишна дозвола во Македонија да биде 20% од просечната нето плата во Република Македонија од претходната година. Секако, било каков друг предлог со кој се менува методологијата на пресметување на годишната државна риболовна дозвола во Македонија е добредојден, се во насока на намалување на истата под 5000 денари, а во никој случај нејзино зголемување.


Со почит,
ЗРСРК РИБАР 2011

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Maр 12, 2012 10:34 pm 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLONНед Феб 26, 2012 10:18 pm
МислењаCOLON10
Izvinete vo koe svojstvo se dopisuva Z.R.S.K RIBAR 2011 so Ministerot??? Koncesioner e na nekoja ribolovna voda??Koj e Z.R.S.K RIBAR 2011 da kazuva kolku treba da e godisna dozvola na koncesionerot od Sum i sto vrska ima toa so Drzavnata dozvola? Ne razbiram!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Maр 12, 2012 10:36 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
leele imas pravo treba site da kutime :idea: samo vie terajte ;)

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Maр 12, 2012 10:38 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Во својство на регистрирано здружение на риболовци, со голем број на членови и веќе влијателен медиум, сајтот http://www.ribar.com.mk (помеѓу 100 најпосетувани сајтови во Македонија), кое здружение ги застапува интересите на своите членови како и сите други риболовци кои го искажаа својот револт со коментари и испратени пораки во врска со темата за државната риболовна дозвола објавена на прва страна.

А зошто си засегнат ти од ова Ниџо? :)

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Maр 12, 2012 10:40 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
одлично Сашо :!:

искрено се надевам дека ке има ефект и дека државната дозвола нема да надмине цена од 6,000,00 денари .

Доколку цената остане 6,000 или се намали истиот ден по објавувањето на цената вадам годишна државна дозвола , а верувам и многу

од колегите ке ја извадат истата .

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Maр 12, 2012 10:41 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
abe so mu objasnuvas neka cita, ili pa nema popametna rabota i eve go tuka so glupive zaedno :D :D :D


taftabit ako bide 5000 den samo 20 ke imaaat,, nisto poveke,,

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Maр 12, 2012 10:42 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
ZRSRK RIBAR 2011 e Zdruzenie na ribolovci koe go kazuva mislenjeto na svoite clenovi javno, jasno i glasno.
Ako na nekoj toa ne mu odi na smetka toa e negov problem.

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Maр 12, 2012 10:49 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
taftabit ako bide 5000 den samo 20 ke imaaat,, nisto poveke,,[/quote]


не знам зајко , еве ти си понавлезен во риболовот од мене .... јас како рекреативец сакам да ловам риба секаде низ Македонија .

да не се мислам ...кај ми текне таму . И мислам дека нема подобра опција од таа да си имаш државна годишна дозвола и да не се

замараш дали си требал да вадиш пред да одиш , дали ке вадиш на лице место , па дали дневна , седумдневна , месечна и така натака

:lol: :lol: :lol: .... имам годишна и фала пријатно . Барем јас така мислам што не значи дека сите така размислуваат . може некој си оди

по риба само на одредени места , па му треба само за таму дозвола ..... ;) ;) ;)

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Maр 12, 2012 10:49 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 30, 2011 10:40 pm
МислењаCOLON1139
ЛокацијаCOLONSkopje
Saso sekoja cest ,nikoj ne sumnja vo elanot na upravniot odbor na ribar 2011 i Saso Vaskov ama temava e mrf i nejzinoto rabotenje ,a megu drugoto ocekuvame vo dopisot do Dimov pokraj ribar 2011 da stoi i potpisot od mrf. E togas ce moze da se veruva deka mrf pocnala nekakvi aktivnosti vo nasoka na podobruvanje na uslovite za rekreativnite ribolovci.

_________________
se sto mozes da kupis so pari ne e skapo !!


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS1112131415ELLIPSIS96»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 9 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum