Заклучоци
Треба да потврдиме дека бојата на мамките има значение. Битна е дури и во случаи кога ловиме риби кои не се толку селективни во тој поглед, или дури и кај оние кои што неможат воопшто да ги разликуваат боите. Дојдов до неколку заклучоци, кои се надевам, ке придонесат за подобар избор на боите на мамките и како резултат на тоа ваши подобри риболовни успеси, драги пријатели (форумџии)!
• Клучот на успехот е да го привлечете вниманието на грабливецот кон мамката.
• За мамката да биде регистрирана од поголема далечина, по битно е да отскокнува од околината (контрастот) отколку бојата.
• Повејкето грабливки ја набљудуваат површината на водата додека ловат. Многу е важно колку повејке контраст има помеѓу бојата на мамката и нејзината позадина.
• Користењето на контрастни бои помага во зголемувањето на контрастот – црно-бело, жолто-бело, црвенo –белo.
• Зголеми го контрастот на мамката во матни води а намали го (користи природни бои) во чисти води.
• Не заборавај на црната, која веројатно е нај контрастната боја, без оглед на условите.
• За ноќен риболов вреди да се користат мамки обоени со луминисцентни (светлечки) бои, кои ја акумулираат светлината и се видливи на сите длабочини.
За крај, последниот и најважниот заклучок. Запомнете дека најважниот фактор кој влијае на ефикасноста на мамката не се боите, туку нејзината коректна презентација, односно вашата работа пред (теоријата) и за време на риболовот.
За сите вас драги пријатели би сакал да се повтори успешноста на експериментите за ефикасноста на боите на вештачките мамки. Ако некој од вас има интересни забелешки и заклучоци на оваа тема, многу сум заинтересиран да ги искористам во мојата работа.
Piotr Piskorski
Peter@salmo.com.pl