Кoга неможевме да одиме минатиот викенд во Грција, поради кое што останав како болен пред компјутерот цела недела, бевме цврсто решени овој викенд да не го пропуштиме за ништо на светот.
Екипата ни се растури во последен момент, затоа што кој бил на службен пат, кој останал без кола, кој сакал на друго место
, за да на крај останеме само јас и колегата Мики.
Полни со емоции но и со карашчиња за мамец
кинисавме уште во мракот кон реката.
Ете на каква глетка наидовме -
Саботно дождовно утро. Расположението остана на ниво, ги фрливме трските за штука и се започна со чекање .
Да,ама не
, немаше чекање. Заблата чекала некој да ја фати .
Првата убавица беше во кепот, коешто означуваше еден убав почеток на еден уште по убав викенд .
Еве ја заблата од друга перспектива.....
Не мина многу и излезе еден вистински боздоган од водата Surprised
Ете како лежи до чизма бр 46
Дигиталната вага се колебаше меѓу 4.600 и 4.800 и си направивме еден компромис со неа
рибата да е 4.700
Дождот не престана се до вечерта до десет часот, но си наоѓавме занимации и на вака дождлив ден, на здравје
А и по некоја рипка не подигаше од под чадорот
Имаше и ситни, за коешто се радувам
и ајде дома да ја викне мајка и
Со мракот ,веќе бевме во Витото
Ете како не пресретна неделното утро
Мики ги започнува --
Излегуваа попадики, и чат пат бојник,клен,па дури и еден залутан караш
Не им направивме општа фотографија , оти штуките ниго поматија умот
Како краен резултат,имавме седум штуки, и неколко изгубени од коишто за две ми е мака.
Првата го голтна целиот метален подвез(сајла) и одгриза конец бр 40 на 10 см над сајлата, а втората скокна во воздух еден метар, кога веќе ја видовме во кепот ,и си замина во мајчината и
Останавме многу задоволни, и со нетрпение го очакуваме следниот излет,но појачани со целата екипа.
Ете како малиот мој Гоце се мери со "големата либа" хехе