Денот беше измислен, нацртан, создаден за риболов.........Мозокот на овие тројца уште пред да тргнат беше испиен од риболовна апстиненција заради овогодинешниот мраз и снег ! Ама од желбата пуста рибарска нема ништо посилно..... Резултатот .....е виден. Еден клен од 1.350кг, страшни 3-4 удари
какви што само може секој рибар да посака, 7-8 искинати скапи воблери, испиени 0,500гр ракија, замезена тазе руска салата, истегнат лигамент на десно стапало, запалење на бутни мускули, нагмечен мал прст на десна шака меѓу два поприлично големи камења, и несефтосани два нови риболовни прибори, Cormoran i Sportex (мојот и на компир). Еве уште еден доказ дека за нашава болест нема лек, ама барем ги полни батериите FULL
!!!
До следното видување од природните убавини поздрав и Бистро на сите !