Вчера долго мозгавме каде да се оди на риболов. Грција далеку ми изгледаше а и никој нешто не се пофалил па вечерта решивме со Срѓан да одиме на Козјак ( попалени од убавото време ). Се слушнавме со Борис и се договоривме да одиме со два чамци.
Стигнавме до Козјак и веднаш сфативме дека не ќе може да се оди по она добро познато патче до езеро. Решивме да пробаме преку брана. Тамо снег 50-тина цм, и воопшто неисчистена. Eдинствена можност ни беше да го спуштиме од почетокот на браната до езеро.
Eзерото е мнооооогу спуштено така да сфативме дека ќе треба многу напор за да се стигне до вода.
Tајфата на Борис, млади и јаки, на три тури го спуштија чамецот и опремата а јас со Срѓан уште мислиме што да правиме Благодарение на пријателите, успеавме да измолиме еден чамец кој беше врзан долу кај браната така да спушавме само мотор и опрема Душа ни излезе, а не сакам да помислам како ќе биде враќањето назад.
Вака се припрема опремата на лице место.
Времето од сабајле, се јадеше, но далеку од вчерашното сончево и топло.
Со Срѓан решивме да одиме исклуциво да уловиме пастрмка. Прво, сеуште треба да е близу обала ( после мрест ), немало нешто многу чамци да ја вознемируваат, што би се рекло - време и е. Второ за кленови ќе има време кога ќе затопли.
Ловевме исклучиво на minnow облици на воблери ( јас пробав и на кашика ) ама немаше никаква активност. Ниту удар. Почнува размислување, зошто не сака, каде е, каде би требало да се наоѓа плашицата ( нејзината храна )
Во меѓувреме, ајде што немаме ниту удар туку од пладне почнува и здраво да врне.
Се изгледаше дека че мора да се вратиме дома со празни раце. A не дека не пробувавме, менувавме длабочини и воблери и кашики и близу до обала и подалеку и споро и побрзо, ама кога не е денот, тоа е тоа.
Решивме се враќаме, ама активно.
Повторно го извадив мојот фаворит Staysee 60SP на Lucky craft во american shad боја
И стварно тоа е топ воблер. Akо треба да одберам да ловам со еден единствен воблер цел понатамошен живот - го одбирам него
Десет минути и бааам, еве ја сребрената лепотица. Машинката зуи, добра борба, на неколку пати проба да побегне во длабочина, се буткаше и под чамец.
И имаш само една мисла - добро ли е закачена ?
Tука треба веќе добро подесена кочница на машинката, треба да го амортизираш секој нејзин ,, run ,, , a флуокарбонот ке издржи ли, често знае да го залапа цел воблер и да го скине со предните заби.
За среќа ништо од тоа не се случи и еве ја во кепче
Подоцна дома ја измерив 1,75. Не е лошо за почеок на сезона. Само нека тера оваа година вака.
За шал тоа беше се од риболовот на Козјак денес. Eден удар, една пастрмка = 7 саати.
Од тоа што се плашев. Добро е што не мора да носиме и чамец aма и моторот и опремата не се малку ( плус има и пастрмка
).
Kамењата од браната, заради паднатиот дожд, беа страшно лизгави, голгота. За среќа ништо страшно не се случи и безбедно стигнавме горе. Изморени и задишани ама стигнавме. Поглед од браната кон езерото - уште го нема Борис и неговите. Kako ли ке им биде на нив, они имаат плус и чамец. Млади се, ќе ги биде.
Цело време врнесе дожд, но кога се искачивме на врвот вееше снег
Oва е погледот кон езерото ( што сите го знаеме ), денес изгледаше вака.
Пријатно Козјак до следниот пат.
Продолжува Борис со неговата авантура