Носени од идејата да ја размножиме штуката по вештачки пат,кај нас а и по неуспехот на екипата ,која тргна по штука во едни Сибирски услови по Битолско,бев решен првиот потопол(ако може така да да се каже)ден,да го искористам за да пробам да фатам машка и женска единка штука и да продолжиме со надежта за вештачко оплодување.Тргнавме со Баки од Струмица по претходен договор со Борис,Даре,Кирца....и други доброволци од Ск,кои требаше во случај на успешна мисија од наша страна-да не пречекаат негде на пат ,откако ке минеме граница.
Со штуки во главата и со колбаси , кременадли,печурки,ракија и се што оди со прво ноќевање во 2012,тргнавме со Баки во поход.Решивме да започнеме од еден канал како прва опција,знаејќи дека реките се доста полноводни во овој период после топењето на снеговите.
На каналот не пречека студено изгрејсонце
Фрливме 4 трски на жив мамец(караши имав живи уште од ноември,лани
) и започнавме и со кашиките и воблерите.
Баки се сонча и чека
И си останавме на чекањето.
Од штуката ни трага ни глас.Гаранција дека токму сега се мрести и дека ја испуштивме за овогодинешниот експеримент.
Јас по малце разочаран
,но сепак по пат имавме уште неколку води кадешто има штука,па собирање после три поминати часа на каналот и правец Ангитис
Менење на едно па друго па трето место,пробање на се и се што во надојдената вода-но тоа за што бевме дојдени го немаше или пак беше тука но храна не го занимаше туку само секс
Меневме се и сешто на спинингот,се додека на Баки не му се посреќи
со единствената риба за овој ден-клен 2450 кг.Вистински трофеј.
Удри на Ujka мал,портокалов-црвен.
Од таму -правец на уште еден канал
со намера тука да преспиеме,правиме софра и го искористиме утрешниот ден за да пробаме да фатиме некоја штука,но коа не оди не оди.Налетавме на штотуку пален брег од Грците ,сеуште чадеше и последно што би направиле беше да седиме во пепелта и димот и правиме скара и спиеме.Фрливме од нога саат време трските пак се на ново-ни ш од штука и собирање ,и измалтретирани -правец дома.
Експериментот за штуката не смее да застане-нека испита некој дали може да ги задржи штуките живи, пример до другото мрестење за да се фатат било кога во годината и да се чуваат.
П.С Останаа колбасите неиспржени и ракијата неиспиена