www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Сре Дек 25, 2024 5:12 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1234»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Риболов на Клен на џигер
ТемаИспратеноCOLONПон Феб 06, 2012 3:09 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Jун 28, 2011 12:13 pm
МислењаCOLON1530
ЛокацијаCOLONSkopje
КЛЕН НА ЏИГЕР
Скоро сите многу добро ги познаваме навиките на кленот и неговата исхрана,т.е.дека е голем гурман а воедно знае и да пребира кога е во прашање храната.Во овој период од годината,одличен мамец за лов на клен е неприкосновено,пилешкиот џигер и срцевина.
Системот за лов на џигер не е нешто различит од ловот со други мамци,меѓутоа треба да се биде малце претпазлив бидејки џигерот како мамец,лесно може да падне од јадицата при зафрлање и контрирањето.При монтажа на џигерот,за да го осигурам од непожелно паѓање од јадичката,го прободувам барем два пати на јадицата и со многу тенка лицна го обмотувам по целото тело на јадичката.Овој систем ми го покажа еден стар рибар и е доста ефикасен.Посебно ако има присуство на поситен клен,кој чепкајки го мамецот знае да го бутне од јадицата.Да не збориме за нервозата од која ке ве поштеди. Парче од срце итекако знае да ги изиритира кленот,меѓутоа поретко се случувало да се има удари на срце,него ли на џигер.Затоа тој претставува еден од подобрите мамци за клен.

СИСТЕМ И ОПРЕМА

За системот и опремата околу лов на клен на џигер нема нешто посебно да се каже.Кленот овој период е во длабочина и таму и треба да го бараме,т.е.да му го принесеме мамецот.Најпожелно би било подебел конец да се избере,бидејки влечење клен од 12-15 метри длабочина,а и повеќе и текако знае да го оптерети конецот.Затоа во ваква варијанта 16 до 18 како главен конец ке ви заврши добра работа.За подвез може да се користи потенко и поквалитетно,јако конче отприлика 14.Бидејки ловиме на голема длабочина,пловката треба да е со поголема носивост,од 5 грама па и 10 грама нема да згрешите ако ставите,верувајте кога ке се настрви кленот на мамецот,ја потонува без мака.Од друга страна,побргу потонува пловката со поголема носивост и не се губи време чекајки да ја постигне одредената длабочина.Јадичката треба да е поголема,сепак се работи за риба со голема уста и заради поуспешно монтирање на мамецот,во случајов џигерот.Што и да изберете помеѓу јадичка број 10 и 8 нема да погрешите.Риболовниот стап треба да е со поголема акција,покрут и должина 4 до 5 метри.Мора да се напомене дека зимскиот период кленот помлитаво јаде,се случува и да го чепка мамецот ,па потоа да го голтне.Затоа не избрзувајте одма кога ке почне да ја тоне пловката,поцекајте две-три секунди па после контрирајте.

КАДЕ ДА ГО БАРАМЕ

Како што напоменав,кленот овој период е во длабочините и не е многу активен во овј период.И затоа во ваков случај важи правилото,тој да не пронајде нас.Што подразбирам под тоа тој да не најде нас?Кога ке ја определиме локацијата на која ловиме,морално е и тука да го собереме кленот.Во тоа ке успееме доколку го настрвиме со примама.Сецкаме ситни парчиња џигер,срцевина и го прихрануваме местото на кое што ке ловиме .Кленот итекако ја намирисува понудената примама и во брзо време ке јави дека е тука.Не очекувајте голем улов,меѓутоа неколку убави,крупни парчиња ке ви го разубават денот.

Останува уште во зимскиов период,на температури под минус да се искочи на терен и да пробаме да го надмудриме кленот.
Бистро.

_________________
p.s. kolku poveke tupat krapdziite tolku poveke lovat spinerdziite. :mrgreen:


Последна промена од 1 на limun75, променето е 0 пати

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Риболов на Клен на џигер
ТемаИспратеноCOLONПон Феб 06, 2012 3:11 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Jун 28, 2011 12:13 pm
МислењаCOLON1530
ЛокацијаCOLONSkopje
Причина за да го напишам текстов е мала помош на младите и новопечени риболовци подобро да се запознаат со ловот на стариот ни пријател КЛЕНОТ.

Се надевам ке имаат барем мала корист од сево ова,па поискусни колеги,надополнете несто ако заборавив да спомнам.. :roll:

_________________
p.s. kolku poveke tupat krapdziite tolku poveke lovat spinerdziite. :mrgreen:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Риболов на Клен на џигер
ТемаИспратеноCOLONПон Феб 06, 2012 3:18 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
Лимун

текстов и советите се одлични , јас не сум ловел клен на џигер и искрено имам желба да пробам , но сепак би пробал на дубинка не на тапа ....

има ли некој посебен или друг систем за лов на клен на џигер на дубинка :?:

поздрав

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Риболов на Клен на џигер
ТемаИспратеноCOLONПон Феб 06, 2012 3:19 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
bravo limonce ubavo objasneto,,da dopolnam samo deka klenot e dosta radoznal i po mirisite,,,za nego ovoj period ubavo e da se koristi nekoja aroma , na uljena baza,,eve 2 dobro sto gi poznava,,,liver,,,,dgiger,,i schel fish..riba i skolka...koga i da sum lovel na ovie 2 aromi, na vodi kaj sto ima klen,,nema mir..moze so mala kolicina da se aromatizira vasta prihrana,,koja ke dovede do pobrzi rezultati... ;) ;) ;)

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Риболов на Клен на џигер
ТемаИспратеноCOLONПон Феб 06, 2012 3:22 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
многу добро објаснето инаку кленот на џигер можи да се лови и во помали реки во овај период
и уште еден совет како што кажа лимун околу контрирањето
кога кленот ке го земе мамецот ретко го испушта од уста така да не се брзајте
да контрирате остајте му време да убаво го голтне --или накратко кажано
од кога ке ја пропадне тапата и ке почне да влече од конецот(лакот,мевот) бројте до 3
и ретко ке промашувате

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Риболов на Клен на џигер
ТемаИспратеноCOLONПон Феб 06, 2012 3:36 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Одличен текст, вакви текстови му се потребни на форумов. Лимун го исполни ветеното :)

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Риболов на Клен на џигер
ТемаИспратеноCOLONПон Феб 06, 2012 4:02 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Jул 03, 2011 12:48 am
МислењаCOLON312
Јас џигерот најпрвин го замрзнувам, па го сецкам на коцкици. Замрзнат полесно се закачува на јадица и не му треба многу време да се одмрзне во вода. Сум добивал удари и на штотуку врлено замрзнато парче.
Инаку, би дополнил дека како мамец може да се употреби и парче од кокошкини цревца.
Кокошкините цревца можат да се употребат и како прихрана.
Монтиранјето на јадицата е едноставно. Парче од 3-4 цм, се прободува неколку пати со јадицата, при што се води сметка да 1/4 од парчето остане да виси. Еластично е и им одолева на помалите грицкања од кленчињата.
Припремата е едноставна - свеежите цревца се плакнат и се сецкаат на парчња. Може и да се обарат малку а и не мора. Јас ги пакувам по 250 г. и ги замрзнувам, па вадам по потреба.
Поздрав и БИСТРО.

_________________
PRAV PECAROS NE BIRA RIBI
Debeli-Slabi, Stari-Mladi
Bitno da ima TURI (FRLI) - VADI


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Риболов на Клен на џигер
ТемаИспратеноCOLONПон Феб 06, 2012 4:18 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 28, 2010 1:02 am
МислењаCOLON226
ЛокацијаCOLONSTRUMICA
Вистински погодок со темата за оваа ладно време.Ќе морам да го испробам кај нас на вештачката акумулација Турија(Струмица) во овој период знае да даде и клен и костреж.Уште еднаш чиста 10 ка од мене за темата.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Риболов на Клен на џигер
ТемаИспратеноCOLONПон Феб 06, 2012 4:24 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONНед Jул 10, 2011 1:06 pm
МислењаCOLON5485
Ajde eve i od mene nesto:
Za primama najdobro e da zemete zasiena krv ja ima po ribolovnite dukani i se koristi malku od nejze se razbira praskasta hrana za bela riba i ako imate doma blebder izblendirajte od srcata i djigerot i dodajte te go vo primamata ima da imate uspeh.
Sekoe parce djiger mora da ima nekoja zilicka i najcesto bocneteja neja i dgigerot ne paga i potesko se buta i sekogas koristete jadici so dve kontri tie go drzat odlicno djigerot.
E sega i edna mala tajna sto e podobro od pileski djiger i efikasen a ne paga od jadica sver e toa e misirkin djiger e toe e nesto sto ke nemate maka so zakacuvanje retko go ima kaj nas ali jas go naogam i go koristam pozdrav.

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Риболов на Клен на џигер
ТемаИспратеноCOLONПон Феб 06, 2012 4:40 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Феб 08, 2011 10:44 pm
МислењаCOLON4404
Dali lovite na dubinski metod so dziger,spored mene poefikasen od tapata vo meseci koga klenot e gladen,a okolu montaza na dzigerot dali nekoj koristel pomali trokraki jadici so sto prakticno nemoze da spadne

_________________
https://www.facebook.com/Detektivski-Bezbednosen-Servis-Udjata-1501192640209658/?fref=ts


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1234»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 11 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum