Што се вика во пет до дванаесет синојка ми звони другарот и паѓа договор да тркнеме до Козјак...А јас настинат до даска,ама све за љубов....
Набрзинка спремање трската,се решив за ваглер систем,со ваглер од 10 грама,бидејки на голема дубина се брка кленот овј период.Конче 16 со подвез 14,јадиче 10 и гас накај Козјак...
Пристигнување таму околу 7 саат,поглед накај езерото за добро утро,паднато нивото сигурно за 40-50 метри
Местото кај што ловевме беше доле кај карпите,тука единствено има голема длабочина
Плашката многу зафркаваше,цело време чепкаше и другаров со двете пушки нонстоп на штрек
Тажен сурат,место да пивнам ракииче,јас си се напив цитерал од 500 мг...
Кај 14 саат веке почна да дува ветер појак,се проретчија и ударите,се собравме и нагоре.
Поглед на местото кај што ловевме
Горе удрив една фотосесија со манекените...
Многу лошо јадеше кленот,донегде и разбирливо за овој период....Прво како да го џвакаше мамецот,па после го голташе.Цело време си мислиш дека плашка чепка.Пробав и на пченка,и шекерац и стара варена,ниеден удар.Го бркавме на длабочина од 15 метри па и повеке.Другарот беше поупорен,тој извади три парчиња солидни и тие.
За на крај,од мене имате мраз во изобилие,кој дава Водка,па да ја оправиме работата.....
Бистро...
_________________
p.s. kolku poveke tupat krapdziite tolku poveke lovat spinerdziite.