Во саботата со Марјан отидовме на Радика. Тој да лови, јас да учам
Сабајлето беше камен ладно. По пат према Косоврасти ги видовме сите места на кои планиравме да ловиме дента.
Радика беше мала, кај Косоврасти немаше езеро, туку рекиче, водата преубава.
Риба немаше.
Цел ден мавтавме, менувавме мушици, нимфи, суви, влажни, тешки, лесни, и сепак ништо
Да не спомнувам еден член од форумов, ама ме урочи
Ја прошетавме цела Радика од Косоврасти, па нагоре до уливот на поточето од Мавровско езеро во Радика, тргнавме и малку нагоре, и пак ништо.
Единствено јас ВИДОВ едно мало пастрмче во едно вирче додека бегаше од мене, изгледа не ме примети со време, па се најде на 50 см од мене
Како и да е, денот излезе фантастичен, времето беше супер, се стопли, пукна сонце, уживавме во преубавата природа и наполнивме батериите, па следниот пат со повеќе сили и повеќе среќа
Ќе ставам повеќе слики за да ви ја доловам природата, уживајте
Напорен ден, мора човекот да одмори
Радика бистра, чешмовача
Рибарот Филип
Марјан ужива
Заостанат мраз на +15 степени
Убавини
Учам да фрлам;)
Убави вирчиња
Рибарот...
Марјан си најде место...ама без риба