www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Сре Ное 06, 2024 12:23 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Воблерај - општо
ТемаИспратеноCOLONСре Јан 18, 2012 2:50 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Еве еден општ текст што го ставив на главата страна пред извесно време (пишуван, преведуван), сигурно ќе биде интересен за некој од почетниците или оние кои се интересираат за овој тип на риболов...

Историја на воблерајот

Значењето на зборот “wobble“ на англиски значи “нишање“, “клатење“, “тетеравење“. Воблерот е мамец кој буквално тоа и го прави, имитирајки при тоа ранета риба која претставува лесен и предизвикувачки плен за сите грабливки. Воблерите се тип на мамци кои се употребуваат највеќе и имаат широк спектар на бои, големини, форми, начини на работа, длабина на нуркање итн. Историјата на воблерите започнува во Финска. Во 1936 година, човекот кој е виновен што денес ловиме со воблери, Лаури Рапала, со желба наместо живи мамци за кои е потребно доста труд да се одржат во живот и брзо стануваат неупотребливи на удицата, да направи нешто што на грабливките ќе им изгледа на плен, а ќе може да се користи повеќе пати, земал во рацете нож и парче плута, и почнал да оформува рипче... Така бил создаден првиот воблер со сребрен сјај благодарение на фолијата од чоколадо. Тој модел е наречен “floating original“, кој и ден-денес се произведува во Rapala, која е една од најозбилните семејни производители со светско реноме во спинингот, а преоѓа од колено на колено во семејството Rapala.

Првиот модел на Rapala:
[ img ]

Mодел на Rapala floating original:
[ img ]


Што се воблери и какви воблери постојат

Воблерот се состои од:

1. Тело

2. Жица

3. Пакта

4. Алки со јадици

5. Отежнување

1. Телото на воблерот може да биде од разни материјали. Дрво (балза, липа итн.), пластика, полутврда пена, крута пена и сл. Обликот на телото може да биде издолжен (т.н. minnow), со сплескани страни и вретенест (т.н. shad), во форма на крушка или нешто сосема необично. Формата секогаш е хидродинамична и игра голема улога во однесувањето на воблерот при влечењето. Телото може да биде едноделно, дводелно или од повеќе сегменти. Материјалот на телото влијае на трајноста на воблерот, вообичаено воблерите од балза не се препорачуваат за риболов на грабливки со остри заби, за таквите пластиката е секогаш подобар избор.

[ img ]

2. Жицата која се користи за внатрешноста на воблерот мора да биде цврста, да има соодветна јачина и да не биде претешка (може да го поремети балансот на воблерот). Жицата треба да може да поднесе релативно големо оптеретување со оглед на големината на воблерот, посебно кога се во игра поголеми грабливки.

[ img ]

3. Пактата е дел на воблерот кој е најодговорен за неговата работа, динамика и правец на движење, прилагодена на типот и на текот на водата. Несоодветниот облик, големина, лошо поставување на пактата или лош материјал го прави воблерот неловен, дури и неупотреблив. Пактите воообичаено се прават од поликарбонат или од пластика со слични карактеристики, поретко од метал, а постојат и воблери кај кои телото е обликувано така да исечениот преден дел воедно има улога на пакта. Во зависност од положбата и обликот на пактата, како и нејзината големина, воблерите може да бидат плиткоронци, средноронци, длабокоронци или супер длабокоронци.

[ img ]

4. На воблерот може да има една, две или повеќе трокуки. Трокуките се исто така многу битни за задржување на уловот при вадењето, затоа секогаш треба да се обрне внимание на квалитетот на трокуките на воблерот, и по потреба истите да се заменат (доколку се неквалитетни, извиткани, отапени итн.) Дел од риболовците ги менуваат трокуките со двокуки (најчесто стомачните трокуки) за да го намалат процентот на закачување на воблерот на подводни препреки. Кај воблерите со 2 трокуки, обично стомачната е поголема од таа на опашката, и доколку се менуваат, потребно е да се стават исти такви трокуки и да се внимава тие да не се допираат и заплеткуваат.

[ img ] [ img ]

5. Отежнувањето е различно кај воблерите, во зависност од типот на воблерот, што ќе биде појаснето подолу во текстот.

Должината на воблерите варира од минијатурни од околу еден сантиметар, па се до дваесетина сантиметарски воблери, а во некои екстремни случаи и поголеми. Односот на ширината, должината и типот на пактата во голема мера ја одредуваат работата, односно вибрацијата на воблерот. Постојат воблери со силна или слаба вибрација, а има и голем распон во работатата помеѓу овие два типа. Воблерот може да работите со страните, со опашот, може да полуротира околу својата подолжна оска, а може и воопшто да не “работи“, односно работата на воблерот да биде толку мала што речиси и нема да се приметува.

Со воблерите се трудиме да постигнеме разни длабини, во зависност од слоевите на водите што сакаме да ги испитаме. Постојат пливачки, тонечки и лебдечки (suspending) воблери. Сите тие можат да бидат плиткоронци, средноронци, длабокоронци, со еден или со повеќе делови, со тропалка (вградена кугличка) или без истата.

Пливачките воблери при зафрлањето пливаат на површината на водата, а откако ќе почне повлекувањето тие потонуваат (нуркаат) до одредена длабина, во зависност од тоа дали се плиткоронци или длабокоронци. Ако го попуштиме конецот и престанеме со намотување, овој тип на воблери ќе почнат да испливуваат на површина (побрзо или поспоро). Карактеристично за овие воблери е што се користат во услови кога сакаме да имаме целосна контрола над воблерот (плитка вода, непознат терен, бујна вегетација под површината итн.)

[ img ]

Тонечките воблери се одликуваат со поголема тежина на телото во истата должина споредена со пливачките, така да тие после зафрлувањето веднаш почнуваат да тонат, а по правило треба да задржат хоризонтална положба при тонењето, односно да не тонат со носот или со опашот надолу. Треба да почекаме да ја достигнат саканата или претпоставената длабина, па потоа да почнеме со повлекување, при што воблерот во длабината започнува да работи. Овие воблери обично се користат на води каде што нема доволно простор во фазата на повлекување да ја постигнеме саканата длабина или на стоечки води чија длабина не дозволува ефективно користење на пливачки модели (кога рибата се бара подлабоко, во близина на дното). Тука може да наведеме еден од моделите кој заслужено се стекна со светска слава, а кој се изработува во широк обем на големини и докри, а тоа е Rapala CD (CountDown – одбројување).

[ img ]

Лебдечките варијанти на воблерите се карактеризираат со тоа што кога при повлекувањето ќе достигнат одредена длабина, при опуштањето се задржуваат во слојот каде што се наоѓаат. Значи, ниту тонат ниту испливуваат. Овие варијатни стануваат се повеќе популарни и кај нас, бидејќи имаат широка примена, а може да се каже дека се речиси незаменливи кога сакаме воблерот да го задржуваме подолго време во зоната на очекуваниот напад.

[ img ]

Плиткоронци се оние воблери кои по правило нуркаат до 50-тина см под површината, и нив ги користиме кога грабливките се активни во површинскиот слој или на самата површина, или кога ловиме во плитки води (плитка обала на река, плитко езеро, канал и сл.), каде што не е препорачливо да користиме други воблери кои би удирале по камењата на дното и би се закачувале. Овој тип на воблери се исто така незаменливи кога ги бараме рибите во водениот слој над подводната вегетација. При повлекувањето овие воблери имаат мал агол на нуркање. Препознатливи се по малите пакти, кои со телото на воблерот затвораат голем агол, а можат да бидат и прекршени.

[ img ]

Средноронците нуркаат од 50 см до 1,5 метри, претставуваат премин помеѓу длабокоронците и плиткоронците, а се користат во слочаи кога се бара малку поголема длабина од плиткоронците, а повторно не сакаме да се мачиме да ги задржиме длабокоронците во меѓуслоеви.

[ img ]

Длабокороронците, како што кажува самото име, нуркаат длабоко. Можеме да ги препознаеме по големите, долги пакти кои скоро се како продолжеток на носот на воблерот и затвораат многу мал агол со надолжната оска на телото на воблерот. Го користиме кога рибата е на дното или во близина на дното, а често знаат да бидат корисни и за неактивната риба која се крие помеѓу камењата и разните пречки на дното. Овие воблери нуркаат под голем агол во однос на површината на водата, а длабината на нуркањето варира од 1,5-3 метри. Најчесто се користат за т.н. тропкање по дното, при кое благодарение на големиот агол на нуркање, врвот на пактата тропка по камењата на дното и на тој начин преку звукот дополнително го побудува инстинктот на грабливката за напад, или во случај на песочно дно, подига песочна прашина од дното, имитирајќи ситна риба која бара храна по дното.

[ img ]

Супер длабокоронците ги користиме која е неопходно воблерот да го пласираме на многу поголеми длабини, а имаме простор (должина на повлекување) за тоа да го постигнеме.

[ img ]

Воблерите може да бидат тивки или со тропалка, односно со празна комора во телото и челични куглички (лагери и сл) во комората кои при работата на воблерот прават дополнителни звуци на одредена фрекфенција која често влијае позитивно на активноста на грабливките.

Пресек на тивок воблер:
[ img ]

Пресек на воблер со тропалка:
[ img ]

Исто така разликуваме едноделни повеќеделни воблери. Повеќеделните воблери обично имаат посилна вибрација од едноделните и би можело да се каже дека се повеќе пополарни и ефективни во лов на одредени типови на грабливки.

За декорите на воблерите може да се пишува бескрајно. Често искусните риболовци тврдат дека декорот е најбитен во риболовот со воблери. Сепак има основни разлики во декорите на воблерите кои ни овозможуваат да препознаеме некои правила во однесувањето на рибите при разни услови. На пример, во најголем дел случаи во бистра вода нема да користиме дречливи декори на воблерите, бидејќи можат да ја одбијат грабливката. Затоа пак, кога водата е заматена или матна, ќе користиме воблери со најдречливи декори, за да бидат повеќе забележителни во услови на намалена видливост. Постојат декори на воблери кои верно имитираат одредени риби, како што се декорите на костреж, на пастрмка итн. Во природните декори спаѓаат и боите кои често се гледаат во водите, како сребрена, смеѓа, сива, маслинеста плава и комбинации од истите. Од друга страна дречливите декори се произволни, често имагинативни, што може да се заклучи и од нивните имиња како огнен тигар (fire tiger), црвен тигар (red tiger) итн.

Воблери со природен декор:
[ img ] [ img ]

Воблери со неприродни (дречливи) декори:
[ img ] [ img ]

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Воблерај - општо
ТемаИспратеноCOLONЧет Јан 19, 2012 12:35 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Aпр 11, 2011 7:31 pm
МислењаCOLON1221
ЛокацијаCOLONСкопје- Кисела Вода
LIKE !

_________________
Ако не замириса на риба ке замириса на кобасица


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Воблерај - општо
ТемаИспратеноCOLONЧет Јан 19, 2012 5:45 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Oкт 24, 2011 8:06 pm
МислењаCOLON219
ЛокацијаCOLONБитола
LIKE !! Dva pati. :-)

_________________
Фрли рипче, фати Крапче....


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Воблерај - општо
ТемаИспратеноCOLONЧет Јан 19, 2012 6:08 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
LIKE !LIKE !LIKE ! 8-) 8-) 8-)

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Воблерај - општо
ТемаИспратеноCOLONЧет Јан 19, 2012 6:32 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Ное 18, 2010 10:28 pm
МислењаCOLON2806
ЛокацијаCOLONskopje
Temava nema pocetok i nema kraj,magija vo krug.. :) slicno i kako ostanatite tehniki za lov na ribi grablivki i ovaa raspolaga so mnogu golema tematika,tehnika,veruvanja,iskustvo i ljubov sprema nea.Za mene voblerajot pretstavuva pravo rivalstvo i natprevaruvanje megu ribolovecot i ribata koja znaeme deka skoro sekogas e popametna i ne pobeduva(ribata).. :lol: Od doma odam spremen so kutiite i uste po pat go biram favoritot toest voblerot sto prv ke go frlam,ili najmnogu nego ke go forsiram ili pak naucen od prosliot pat deka na nego sum imal udar ili ulov.Voblerajot ili tehnikata lov so vestacki mamci znaete ne pocnuva na teren...tuku eden den a i poveke predhodno od doma..redenje na masa,vrzuvanje,testiranje,menuvanje trokaki,test vo kada so polna voda i uste mnogu drugi finti koj se povrzani za ovaa tehnika,kako sto kazav za mene voblerajot ne e samo odenje so opremata na voda i lovenje na ribata,nego beganje od realnosta i ostavanje milioni kilometri problemi i losi misli pozadi nas.....

_________________
JA KAKO MAL IMAV MLECNI ZABI A SEGA IMAM 3 ST.CROIX......
DA ZIVEE SPINOT.................................................


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 28 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum