Благодарение на овој форум, се запознавме со уште еден запален по нашиот спорт ,кој кога станува збор за риба е на иста бранова дужина со нас.Насе од Богородица-на форумот-naki На еден збор со naki-работата беше договорена.Одиме во потрага по борбените бојници.И што на ум-тоа на друм.Екипата во состав,јас.Caspersky и Naki,вчера некаде пред три сабајле-веќе патувавме кон точното одредиште.Трските на готовс,вреќите со стар леб позади,по некоја рипка за штука,и кило бел црв.На разденување веќе бевме на реката.Низ калта стигнавме до едно перспективно место и тука се растоваривме.Уште не бевме почнале да ловиме на Caspersky веќе му удри Мокри и од кал 25 евра без многу борба и напор успеа човекот да си ги најде во тревата блиску до паркираното Вито.Гирото и Кокаколата веќе беа обезбедени за на враќање и ни остана уште да пробаме да фатиме и по некоја риба Се распославме,фрливме и за штука и почнавме со прихрана и за бојникот.Помина 7,помина 8,дојде 9-мртва природа-никакви знаци на бојник.Се догоривме да одиме на една друга река во близина,но претходно со Naki без опрема направивме една убава прошетка нагоре и надоле од нашето место ,чисто да ја осознаеме повеќе реката,што ќе ни се најдеше за друг пат.Ја маркиравме убаво реката по 500 метра горе и доле од нашето место и се вративме да се собираме.Минеше 10 часот,кога јас се упатив накај трските за штука да ги соберам кога Caspersky се провикна по кепот.Убав бојник од 700 грама пружаше отпор во водата.За секунди беше совладан
Си рековме дека ќе поседиме уште пола час да видиме дали бил случаен или не.Но излезе дека не бил.Настана вистинска бркотница по теренот-што би рекол некој спортски коментатор
Летаа трски,црпки а и по некоја жолта за здравје,хахах
Задоволни фаци
Ќе оставам малку сликите да зборуваат
Имаше и многу ремонти во текот на денот Закачки во водата колку сакаш-и нон стоп некој од екипата,а често и по двајца бевме во БОКСОТ на менување гуми
И еден неизбежен детаљ
Ги има насекаде
Откога се појави накај 2 часот-застана рибата во целост.
Овие завршија страшна работа
На крај собирање на ѓубриштата,кои околу цела река не може да ги собере ни цела војска
Уште неколку фотографии за спомен
и време беше за гиро
Кога на крајот Naki бркна во џеб да плати замислите му фалеја парите и тоа ни повеќе,ни помалку туку точно 25 еура,
Caspersky ги врати парите без ќотек,па и волкот беше сит и овците на број.
Се на се-добар риболов со многу борбени бојници од кои имаше неколку по 1.000-1.200 кг,најголемиот дел беа по 600-700-800 грама.Направија страшен кеф,имавме и многу откачувања ,но сепак адреналинот беше на максимум и ќе држи влага барем една недела
Naki се покажа како страшна компанија за по риба,добро момче,мајстор со трска и сигурно ќе имаме уште многу заеднички дружби.
Вистински картали браво,невиден кејф сте направиле.Ме интересира оној типот со мрежата,таму дозволено е таква работа или не.
Како дозволено ако го фатат...не знам како ке мине.Лани фатија двајца Руси како стават динамит во еден канал никаков и по 8 години затвор ги осудија....
Вистински картали браво,невиден кејф сте направиле.Ме интересира оној типот со мрежата,таму дозволено е таква работа или не.
Како дозволено ако го фатат...не знам како ке мине.Лани фатија двајца Руси како стават динамит во еден канал никаков и по 8 години затвор ги осудија....
Па така и си мислев,таму барем е ЕУ важат некој закони и мора да се почитуваат ама овие со кој памет...
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 39 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум