Риболов на кленови-килаши на Козјак - зима 2011
Се договоривме, се спремивме се, наоблековме и правац Македонски брод. Иако на метео кажуваа дека времето ке биде за никаде, нас тоа не не спречуваше ама ич. Договорот беше више паднат неколку дена пред да се провери метео
екипата која ме собра беше од куманово и се покажа како одлична за другарување на вода. По пат само што тргнавме не пречекаа огромни партали на снег по автопатот, едвај 30 возевме. Стража снег до колена, па Кичево дожд и веке накај Козјак времето даваше надеж на мирно и убаво. Стигнавме на местото кое е на самиот улив на река Треска во Козјак. Го отпакувавме арсеналот, запаливме огинче, накрмивме и се ставивме у позиција на чекање (бидејки ни беа фрлени на дубинско, на тапа нејќеше.) теренот беше екстремно лош со закачки доле, па секое второ фрлање беше кинење бидејки е езерото уште релативно младо и е полно со подводни дрва, гранки(кога ке скапат ке биде ок) ако иде некој на дубинско нека си земе тродупло опрема за тој начин хехехе. После некое време го даде првиот и после неколку саати го даде и вториот. Едниот ја отвори, другиот ја затвори авантурата
уловени беа на џигер.Не беше нешто најсјајен помин ако се гледа уловот, али за дружбата и уживањето неам зборови...сеа му се спремам повторно на попадика да проверам дали е активна бидејки поминаа неколку парчиња во крајот колку за наредното идење бистро
))
Абе Аки стави го горе текстот, за да личи како репортажа, стави го кај видеата, а за сликата оди на сајтот десен клик на сликата, па propertis, па копирај го линкот кај што пишува Location i после past во текстот кај што сакаш да ја ставиш. Од како ќе го ставиш линкот ќе го селектираш и ќе кликнеш на тоа горе копчето Img кај што пишува и готово