Од мој агол,
Заврши второ коло од годинашнава лига на Суки и резултатите ги видовме сите. Најпрвин за коментарите дека сме среќлии и сме влечеле добра позиција ние и не влечевме туко коцот ни остана (а искрено сакав да ми падне деветка). Небитно најважно е дека сите девет екипи пристигнаа на почетокот на натпреварот и дека СЕ помина во добар тек. Она что е специфично за ова коло е дека за разлика од првото рибата беше поактивна и на некој начин таа се движи и оди од длабоко накај поплитко и обратно. е сега кој ќе успее да ја најде длабочината, далечината, мамецот, храната и прихраната,.... е во предност. Секако дека сектор А е еден од фаворизираните сектори кој држи доста риба и тоа крупна, но искрено изненадување покажа и екипата на Мартин и Милчо кој завршија на одлично трето место во Б сектор. Дечки секоја чест вие бевте вистинските победнициова коло
.
На ова езеро исто така е битно која екипа лови до тебе и спротив тебе, дали многу обилно храни или малце, затоа се разликува иста позиција во едно или друго коло. Екипата на ЦО2 работеа како и на деветка од почеток до крај не престанаа да хранат иако немаа риба. И дење и ноќе и размеруваа на колчиња и преклипуваа но едноставно рибата не им легна на нивното хрнилиште.
Имаше многу откачени риби, скинати конци, собрани маркери, искршени ракети,.... и нормално кога на еден натпревар треба да се маркира, да се храни и да се лови крупна риба. Кој е побрз во својата грешка тој ќе има поголем успех, е сега на позиции каде што нема многу риба овие грешки се кобни.
Се на се останува третото и одлучувачко коло кое убеден сум дека неколку екипи ќе имаат ист број на бодови па ќе одлучува килажата на уловената риба, но за тоа потоа,
Бистро на сите екипи и нека победат најдобрите, најспремните и најуспешните.