Одлично прво коло, неизвесно до последниот свиреж на судиите.
Еден Амур можеше да смени многу работи, една испуштена риба, (која патем не знам дали имаше екипа која не откачи барем по две риби), еден погрешен или правилен потег.
Адреналин до самиот крај, неизвесност, работа. Во еден круг околу езерото иако сите имаат телефони и часовници, скоро десет пати го добив истото прашање "Уште колку има до крај?"
На Цо2 последниот час им се чинеше како вечност, на останатите како 3 минути.
Честитки до сите натпрерварувачи за желбата, упорноста и фер плејот.
За уловите и рибата веќе кажаа останатите па не би сакал да се повторувам.
Мрест си e мрест и тука нема помош.
Слика за езерото веќе стекнаа сите каква таква. Сега е време да се седне и да се направи анализа на сработеното, дали и зошто се направени грешки и како да се корегираат за второ и трето коло.
Дефинитивно едно е сигурно, шансата ќе мора да се искористи, во спротивно резултатот ќе изостане.
Цо2 и Елит карп Тим си ја искористија својата шанса, кога ловиш ви најдобриот сектор мора да си прв или втор ако сакаш да имаш шанси за успех до крај на лигата.
Но ова е само прво коло и сеуште апсолутно сите се со исти шанси.
Според мене, ЗИГот ќе пресуди, врпочем како и ова коло, така и наредните две ,само уште поизразено.
Нешто што мораме да го научиме, нешто што мораме да го практикуваме, ако сакаме да имаме било какви шанси на престојните светски првенства.
Спремајте се за второ коло, не е далеку 7-ми јуни