Мое мислење е дека лига е лига. Или се такмичиш или не, без разлика каде се одржува.
Епа ако е без разлика каде се одржува, зошто да се менува Преспа??
Друго ми е поентата, фино ме разбра ти
Да, но големата слика не ја гледаш овде.
Оваа лига се направи и се одбра токму Коњско само и единствено за една главна цел - ловење на далечина со Зиг-Риг техника.
Истово е брутално промашена работа, а исходот го знаеш.
Поради ова одреден број екипи не се пријавија и на цена на масовноста, за да се добие квалитет лигата остана со 7 екипи за првпат после 2012.
Ова за мене лично беше во ред и го поддржав.
Е сеа, се менува патека каде ќе се лови на 20/30/40 метри.
Мислам дека бев јасен.
Лигата е лига, ама лигата не е во приватна сопственост на федерација и да си праи што сака.
Лигата е на крапџиите, на сите крапџии!!
И тие што ловат далеку и тие што ловат блиску!
Во 2012год. Рибар 2011 се бореше да ја врати во живот, да донесе масовност и нова енергија.
Ти беше со мене присутен во Play кога чекавме вест од Сашо да нема ограничувања од здружение.
Со менување на патека, се признава грешката.
Жртвувана е масовност, на сметка на што??
Се надевам дека овој промашен проект нема да остави штета за во иднина, пошо други будали како нас во 2012 тешко ќе се најдат.
Зошто е промашен незнам, организаторите нека си направат анализа.
Јас не критикувам никого, само кажувам како стојат работите.