Ова е извадок од коментар за крапската дружба на Берсин. Симнувам капа на капитенот и трудот меѓутоа коментаров е EPIC. Го постирам затоа што имаше некој пуштено "бува" за лигата да биде на Берсин и контра коментар во цитат подоле.
Според досегашните збиднувања на второ коло лига,сами проценете, а трето коло е за 10 дена.
Ова е само мое мислење на јавен форум, ако некој се осети нападнат нема потреба да се осеќа така, пошто ова не е напад, ова е reality check.
Преспа излезе дека е Берсин. Praise the lord.
Прекрасно езеро кое со малку повеќе ангажман од страна на сопственикот би можело да стане престижна вода за крапски риболов и пред се уживање.
Велам уживање затоа што Берсин каков што е сега дефинитивно не е вода за натпреварувачки риболов,
Без разлика што нашето дружење траеше само 52 часа и времето не ни беше баш наклонето како ни периодот од годината поради евентуалните припреми за мрест, Берсин дефинитивно не е вода за натпревар туку само за уживање.
Натпревар каде ќе потрошиш 750 грама боили за да уловиш 3 риби и за да победиш не е натпревар во вистинска мсила на зборот, тоа е баш дружење, каде можеш слатко да се изнаспиеш и да се одмориш како човек.
Не се бара од натпреварувачите ама баш ништо, нити работа, нити прецизност, нити издржливост, нити тренинг, ниту еден кавлитет на натпреварувачки тим не доаѓа до израз на ваква вода.
Аналогно на тоа не може да се нарече натпреварувачка вода туку вода за ужување, каде на 35 метри од обала близу до тревата на тврдото ке ги пласираш своите мамци со ПВА и ќе чекаш еднаш во 3 или 4 часа да префрлиш, чисто да си сигурен дека каракудите не симнале некоја боила и ќе се надеваш дека некоја од рибите во езерото кои се движат по парови или сами ќе налета и ќе го земе твојот мамец.
Дефинитивно не е вода за натпревар,
Sent from my Redmi 3 using Tapatalk