Conspiracy theory.
Веќе неколку години воспоставена е пракса на отварање посебна група на Форумот или на Facebook која се однесува на Репрезентацијата. Веројатно некој замислил да се заштити самата Репрезентација (нејзините членови) од зајадливи коментари, расправии, нервози и разни навреди. Од една страна тоа е ок. Но од друга страна, се руши самиот Форум (очигледна е кризата).
Еве, 10-тина дена пред СП во Унгарија, нема никакви информации за Репрезентацијата, подготовките. Со еден збор НЕМА АТМОСФЕРА.
Затоа, оној кој замислил се да си прави тивко, ќутенката и да си ја тера водата на своја воденица, нека си ја чукне малку главата, каде ја води приказнава. И ова ќе помине, но ќе остане белегот дека во еден период, некој, успеал да ја стивне целата работа, да изолира одредена група со некакви заеднички интереси и резонирања. Тоа не е тренспарентно и не е во интерес на развојот (особено на масовноста).
Сите ние навиваме пред се за нашата Репрезентација и и пожелуваме успешен настап. Репрезентацијата не и припаѓа само на одредена група. Ни припаѓа на сите кои сме биле, сме и на сите кои ќе бидат дел од неа. На овој начин на ќутенката, мислам дека е ускратено сето тоа со тенденциозна изолација.
НЕМА АТМОСФЕРА, НЕМА ИНТЕРЕС, НЕМА ФОРУМ, НЕМА ПРИКАЗНА.
И успехот треба да се сподели, инаку не е вреден. _________________ CARPE DIEM
|