Сето ова и ти Даниел и ти Филип и ти Крки и ти Јане е ОК. Со еден збор, но не ми се допаѓа. Особено Даниел и Крки (ретко употребувам имиња, но) мислам дека треба да престанете да им се правдате на Форумов. Искреноста е во извештајот (да го крстам така) искреното соочување не со поразот (не станува збор за тоа), но можевте да се обидете, искрено да споделите за искуството таму директно на стаза. Од тоа се учи. Одговор на прашањата кога каде ловевме, кој колку ранеше, кој одлучуваше, и најбитно од се одговор на прашањето зошто сето (пак кажувам, ирелевантно е пораз или добар резултат) тоа така се случи. Секој од наведените учесници да сподели без страв од ругања и фрлање дрва и камења од некои анатеми овде, да ни ја раскаже приказната за Франција. Не само како Сергеј со прилог и точки (и тој е вклучен во сето ова) со примери што се случувало на стаза, туку пред се анализа на реалниот настап на нашата репрезентација, причини и последици во однос на резултатот. Оставете за понатаму, токму ваква АНАЛИЗА да покаже во кој правец треба да се оди. Како да постои некоја тајна за овој настап? Тоа ли е договорот со натпреварувачите. Да молчат?
И на крај, во оваа тема, срамотно е ова откажување од понатамошните натпреварувања, заради пишувањата и коментарите на членови на овој Форум. Мислам дека дебело грешите и влегувате во водите на виновни, кривци и причинители за лоши резултати. Никој не може да ме убеди дека не сте САКАЛЕ да постигнете што подобар резултат. Зошто тоа не се случило, треба да го споделиме (И ОВОЈ ФОРУМ ТРЕБА ДА БИДЕ ЕДЕН ВИД РАБОТИЛНИЦА, а не оштрење заби и лечење фрустрации. Од тоа немаме никој фајде).
Со најдобри намери очекувам да ги повлечете повлекувањата од понатамошни натпреварувања во лига и на СП, не заради Вас, туку заради сите нас и овој спорт. Таман работа, после секој неуспех, на било кои натпреварувања, во сите спортови, да ги загубевме великаните на македонскиот спорт, замислете ЗАРАДИ ДОМАШНИ КРИТИКИ. Во нашиов случај, нека ми простат како рамноправни членови на овој форум и не најповиканите за анализи и критики. Секој има право на мислење, но не со цел да се истакнеме со умност по секоја цена и да стекнеме "слава" со критики и само критики.
Искрено, ми се допадна предлогот на Келтан за избор на Репрезентација. Тоа е конкретно (иако е илузорно) ама е барем обид за нешто ново и со цел подобра селекцеја. Сето негово останато е мерење ......
Нема повлекување, има само докажување.
Даниеле, ако си сигурен дека пак ќе тепате, поработете на zig-rig, далеку и сл. Тоа, по мене, себе си го должите, на никој друг. И цепајте у лига и тепајте. Можеби Унгарија ќе биде пресвртница? Се е релативно.
Pogotovo sto najgolem del od negativnite postovi se napisani od luge koj nitu imaat tocni informacii, nitu imaat iskustvo vo sportski krapski ribolov, del ne se ni krapdzii.
Cudesna e ovaa zemja.
Da , cudesna e ovaa zemja . Abe ve sakam , abe ve obozavam site
Patem Saso od krap ni K ne si ja videl ? Sto pak ti baras vo ovie temi da se mesas