Емил и остали ракоплескачи (без лоши мисли
) да не ве цитирам еве на куп.
Значи никој не бара рибник.Рибник како Гого,Сандански и слични,па и Аквариум. Или не разбирате или не знам што друго да кажам.
Натпревар во бодибилдинг? Па веќе тоа станува реалност,за да можеш 72 саата да работиш како французите од видеото,богами треба физичка спремност од теретана,фитнес итн.
Лично јас сакам голема „дива„ вода,како Мантово,Велешко,Стрежево,Калиманци и слични каде имам простор и терен да ловам и на 150м и на зиг и на се што треба.НО во таа вода да има ред како прво да нема мрежари и остали говеда.Значи да немам на мисла ништо друго освен риболовот и да има риба доволно.
Глобочица,Дебарско... не може да се споредува со езерото во Франција и дека нашите екипи не фатија риба ово-оно.Нашите беа тамо на натпревар со еден куп други е тука е разликата.Нашите да беа таму сами или со помалку екипи сигурно немаше да бидат со 7 риби. И ако на тоа езеро се фатија на светско пример 2 тона риба за 72 саат,кај нас на нашите води 2 тона ќе се фатат за две години.
Гледам и во продолжение пак споредувате Глобочица со Франција и таму имало струење и овде имало.И пак споредбата е од светско каде езерото беше нападнато од 100 рибари во 72 саати.Тоа е причината зошто се ловело на ЗИГ,и друг ви објасни зошто се ловело и зошто не и која е разликата.
Во право си за тоа дека ако знаеш да фатиш во сиромашна вода риби на богата ќе растуриш.
На нашите води да ќе совлада техника но не комплет за тоа што треба за едно светско или друго сериозно натпреварување.
Кога веќе се споредуваат нашите репрезентативци со други спортиси кај нас.Имаат по два тренинга точно,но кошаркарите тренираат во сала за кошарка
/za da dojde do SALA naucil da igra basket prvo na ulica i svatil deka e talent /,услови исти како и на натпревар.Не тренираат на бетон а после да играт на паркет.Футбалерите шутираат во гол со стативи и точни димензии на голот како што е на натпревар.Не шутираат на импровизиран гол,како во маалски футбал широк еден метер,обележан со два камена.Значи имаат услови ако ме разбирате што сакам да кажам,ако не крај на муабет.
Емил,ти си совладал техника на мушица и си се усовршувал на вода каде веројатно има риба,ако е немало риби ке си научил само да фрлаш правилно и толку.Немало да знаеш каква мушица,во кој период од денот која боја,површинска,нимфа итн. Е сега не дека кај нас нема вода со крап,има,но количините се мнооогу малку во споредба со тоа што е потребно за сериозно припремање,тренирање и тестирање.
За крапџија рекреативец кој не е во план да натпреварува е ОК и Козјак,Глобочица итн.
Бугарите,Хрватите,Србите имаат води,диви,големи или како сакате крстете ги каде вадат по 3 т. крап годишно. Кажи дали имаме една таква вода во МК?
Каде еве јас ќе тренирам,ама не само да фрлам спомб и зиг,туку за комплетен да бидам треба да знам и да тренирам да вадам риба на ЗИГ и да вадам риба од 10кг. со 0,22 конец од 150м далечина.Кај нас ќе извадам за три дена,ај нека се 10 риби/
ako znaes ispravno da zamaras EDEN krao ne gledam problem za Sto krapa /Мислиш ли дека ќе бидам споремен за натпревар на високо ниво?
Емил,во друг пост напиша дека кастинг се учи на трева.Ок со слагам со тоа,ако не е исто трева-вода ама ајде.
И што еве ако научам да фрлам далеку,а не научам да вадам риба од таа далечина.Разлика е огромна од 100 и од 50 метри
/ ova sto ti znaci pojma nemam , cak dalecinata ti pomaga pobezbedno da go zamaras na 0.25 podvez /
Јас и било кој друг нема да стекнеме рутина ако вадиме по 3-4 риби на 3-4 тренинга,кога утре ќе идам на натпревар и ќе ја губам секоја втора или трета риба.А такви грешки ако сакаме да имаме резултат и да бидеме сериозни не смеат да се случуваат.
Значи треба да има риба на езерото каде ќе вежбам за да ја совладам комплет таа техника.Во спротивно ќе си бидам на исто ниво,ќе знам да фрлам,нема да знам да вадам риба и се така во круг.
Кондиција исто може да тренираш и на трева и на вода.Ок и со тоа се сложувам.Сподот во рака иди на некое езеро,како ортакот на Банај,секој ден фрлај по 1-2 саат спомб,вежбај и ќе се навежбаш и ќе имаш кондиција. Ама и таа техника не е комплет без таа претходно што ја пишав.Едно со друго е поврзано. Кога тренирам треба комплетен тренинг,нели футбалерите тренираат комплет и физичка спрема и техничка.Така и крапџиите треба да имат.
Кога ќе идам на тренинг на некоја наша вода,ќе фрлам 150м.Сум се спремил еве демек маркирам на 120-130м. Фрлам спомбови.Кипам 10кг-20кг прихрана.И? Како што е ситуацијата во нашите езера,на тој начин ќе фатам од трите нај долгото
Значи пак ќе ми фали еден сегмент за комплетирање а тоа се рибите и количината која ќе ја извадам.Ако нема риби од каде јас ќе совладам техника еве за зиг.Од каде ќе знам кога,каде и зошто да фрлам таква и таква прихрана.Од каде ќе знам колкав зиг во споредба со длабочината.Од каде ќе знам на колкави интервали да префрлам и да фрлам прихрана.Од каде се тоа ќе го знам и ќе го научам ако на 5 риболова јас фатам 15риби?