Предраг веројатно мислеше на сопственото менување во однос на прихрани, мамци, тактики на секоја екипа. Во организациска смисла ништо не би требало да се менува освен ова што се наговестува за подобро функционирање во однос на извештаи, пецароши од страна и сл.
Најмногу од се ми се допаѓа прифатената сугестија и одлуката никој два пати да не пеца на иста позиција. Ете такви и слични работи водат кон поголема објективност и рамноправност. Браво за Серџо, Предраг и остала раја.
После ова коло (навистина максимално интересен натпревар) прво ушите да му ги истегнам на мајстор Кајстор ( пропуштена одлична шанса)
, а потоа Пепи во рамките на анализата на првото коло, да објасни кај беше проблемот.
Остатокот мене одамна ми е познат. К&К веќе не се случајни (без разлика на рачето и позицијата), а дека моментно најискусна и најдобра екипа во МК се зајциве се потврди и ова коло (им фали само допуна со поквалитетни јадици и подвези и поголема количина олова)
. Искуството кое Милчо го носеше со себе од ланскиот натпревар во рамките на истата позиција, покрај одлично сработеното, веројатно придонесе за одличниот резултат
. Искрено, најпозитивно изненадија Велијан и Марјан и очигледно некои работи, за некои крапџии, на нас ќе ни станат појасни. Со големо исчекување ќе го чекаме второто коло за да видиме потврда на сработеното и успехот во првото коло и симнувањето на сомнежот дека успехот е случаен.
Се надевам дека невремиња, поројни дождови и сл. повеќе ќе нема и уште повеќе ќе уживаме во оваа неизвесна сезона.
Бистро на сите и со господ напред пак ќе ве посетиме.
ПС
Покрај Милчо за оние двеста и нешто грама и јас ќе си гризнам од онаквото, ама зошто не сум дела од овогодишната приказна. Виша сила.