Ајде од почеток.
Замислете ја последната вечер пред натпревар. Утре одам на натпревар, Прва крапска лига. Легнувам. Сон не ме фаќа. Де е до бојлите, де е до сигнализаторите, свират ли свират. Минутите саати, саатите денови. Ај стани си и спремај се (а се е спремно 100%).Кафе, WC, и облакај се пријателе, битка те чека. Јаки се, и Сергеј и Мики, Жарко и Мрчо, па и Охриѓани, па посебно Пепи со Мики, а младиве дечки гризат како ајкули. Само да не ми падне 6-ка, овој период е тапа. Станувам и треперам, што ако извлечам 6-ка, а цела ноќ м'кнам крапови. Уште едно кафе и во подрум пакување. Веќе е 5,00 часот, време е за акција. Стапови, машинки, цела опрема е спремна. Одиме у авантура. Во 6,00 доаѓа Стојче и пакуеме. Одиме. Добар спонзор, ако изиграме ќе капне нешто.
Аквариум, второ коло, сите насмеани. Влечам 6-ка. Катастрофа. Сегеј со Мики 8-ца=топ. Арнаудови 7-ца, до мене, Нико на 5-ка, а Охриѓани 17-ка и кец. Абе ноќна мора. Што е тука е. Карши празни 13, 14 и 15-ка. Надеж. Претворена во триумф. Ајде јагодче, обична без оптеретувања, со минимум денски дипувања, а навечер одиме со Squid. Топ. Прва риба тек навечер. Кец имаат 3 риби (расправија за амурот од 5-6 кгр), 8-ца 2 риби, а 17-ка три риби. Полека, има време. Ај на жица (сајла), ама у средина, накај 15-ка. И почиња, еден, два, три .....десет. Сабајлето први. Уште ги слушам звуците на сигнализаторите. Дење овошје, ноќе squd-че. Први со 140 кгр. Втор Sergej со 50-тина кгр. Цел живот ќе го памтам.
Заклучок:
Затоа, бидејќи, возбудата пред натпревар, пред влечење позиција, пред пецање е посебен дел. Затоа што пецањето на натпревар е посебен дел. А Вие, обичните, само читајте и гледајте, како ние такмичарите тоа го правиме. И критикувајте не за секој успех или неуспех. Но една е, НИЕ сме дел од приказната и ЧУСТВУВАМЕ додека трае.
(посветено на Spaiva и Тафта). _________________ CARPE DIEM
|