П Р О Г Р А М А
за Куп „Гемиџии 2016“ дисциплина „КРАП“
Согласно усвоениот Календар и Пропозициите за спортско-риболовни натпревари во 2016 година, Купот на Република Македонија , КУП „Гемиџии 2016“ во дисциплината "Крап", ке се одржи од 06 до 08. 05. 2016 година на езерото Младост во Велес.
Организатор: Македонска риболовна федерација.
Домаќин: Бабуна – Велес
Екипите (дуата) за учество на натпреварот се сотавени од 2 (двајца) натпреварувачи (дуо), 1 (еден) резервен натпреварувач и 1 (еден) капитен на екипата.
Сите учесници мора да бидат регистрирани спортски риболовци за 2016 год. и да поседуваат спортска легитимација, како документ за идентификација, лекарско уверение и осигурување.
Право на учество имаат сите риболовни здруженија и клубови (РЗК) членки на
МРФ, доколку навреме поднесат пријава за екипите и ја платат пропишаната котизација за овој натпревар .
Купот „Гемиџии 2016“ нема да се одржи доколку се пријатат помалку од 5 (пет) екипи.
Натпреварот ќе трае непрекинато 50 часа и ќе се одржи според Правилата за натпревари на Македонската Риболовна Федерација.
Патеката ќе биде поставена на езерото Младост Велес. Дозволен е улов на видовите крап и амур а се бодуваат само примероците над 1 кг. тежина.
За учество на Купот „Гемиџии 2016“ котизацијата изнесува 2000 денари по екипа.
Уплатата на котизацијата се врши на посебна жиро сметка која е наменета искучиво за натпревари. Доколу поради недоволен број на пријавени екипи Купот не се одржи, уплатените средства ќе бидат вратени на здруженијата кои ги уплатиле.
Пријавувањето за учестово на Купот „Гемиџии 2016“ се врши писмено, најдоцна до четврток 29.04.2016. Пријавата може да се изврши преку пошта на адреса: Македонска риболовна федерација, Бул. Кочо Рацин бр. 75, 1000 Скопје, преку факс на телефон бр. 02 -3164-509 и преку електронска пошта на адредсата:
contact@mrf1952.mk . Пријавата преку пошта задолжително да пристигне до горе наведениот датум.
Жиро сметка за уплата на котизацијата и спортска легитимација:
МРФ - Скопје - спорт,
300-0000032550-65, Комерцијална банка
ПРОГРАМ - СААТНИЦА ПЕТОК: - 06.05.2016 година
до 07,30 часот - Пристигнување на екипите и пријавување
од 07,30 до 08,00 часот - Извлекување за редослед и стартни места од 08,00 до 09,00 часот - Подготовка за пристап на патека
09,00 часот - Пристап на патека ---------------------------------------------------- прв сигнал
11,00 часот - Почеток на натпреварот -------------------------------------------- втор сигнал
НЕДЕЛА: - 08.05.2016 година
12,45 часот - 15 мин. пред крај на натпреварот ------------------------------- трет сигнал
13,00 часот - Крај на натпреварот ------------------------------------------------- четврти сигнал
13,15 часот - Крај на натпреварот за дуа кои за време на четвртиот сигнал замараат и
вадат риба ---------------------------------------------------------------- петти сигнал
14,00 часот - Соопштување на резултатите.
СУДИСКИ КОЛЕГИУМ:
Делегат:
Главен судија:
Судија:
За подетални информации сите заинтересирани можат да се јават во МРФ на тел. 02-3164-539 секој работен ден од 07.00-15.00