Лепи, да беше некој со диплома од аквакултура или слично, да те послушав. Ама ти си дечко од Охрид кој сака да лови клен во мрест, така да толку од твоето знаење
А охридската пастрмка ќе биде поточна кога Охрид ќе се преименува во Крива Паланка, таму има една Крива река која тече како поточе над градот
П.С.1 Охридската Пастрмка е вид на ПОТОЧНА Пастрмка со округли дамки и немат врска со ЕЗЕРСКА Пастрмка која имат црни дамки во вид на крст или како буквата х!
За повеќе да научиш, доволно е да ја прочиташ риболовната основа за О.Е, напишана од луѓе со дипломи во соодветна област
АВТОХТОНИ ВИДОВИ
Salmo letnica Karaman (Salmo letnica typicus) - Охридска пастрмка
(пештанска форма)
Опис и распространетост
Охридската пастрмка е изразито езерски ендемичен вид риба, длабинска и реликтна риба, па се развива и живее во длабоките слоеви вода исклучиво во Охридското езеро. Имајќи ги во предвид начинот на живот и уште некои карактеристики, познавачите разликуваат струшка, пештанска и летна форма на овој вид риба. Согласно новата класификација овие форми (подвидови) кои во литературата се опишувани и како “раси” се издигнати на одделни видови. Така што денес, согласно новата класификација, би требало да разлликуваме неколку вида на пастрмки кои се изведени од видот S. letnica.