www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пон Дек 23, 2024 3:44 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONЧет Дек 31, 2015 12:13 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Како што знаете се ближат избори и секако добро е во политичките програми да се види и нешто што директно не засега како љубители на риболовот. Да се случи тоа нешто секако дека треба да се предложи (ако не побараш, нема ни да добиеш нели :) ), предлозите да бидат издржани и секако во интерес на сите, или пак во интерес на најголем дел од луѓето кои би биле заинтересирани за тие проекти, а тоа во случајот се рибарите. Дали некое друго здружение размислувало за вакви иницијативи незнам, но луѓето од РИБАР 2011 секогаш сме биле тука да повлечеме нога, да поведеме иницијатива, а каде ќе доведе тоа, допрва ќе видиме.

Значи апсолутно не би сакал да навлегувам во политика, кој би победил и слично, тоа е и забрането на Форумов, но како и да е во однос на проектите за риболовците добро е да ги видиме во што повеќе политички програми и дај боже да се реализараат, од кој и да е, во следната Влада на Р.М.

При подготовката на следните предлози кои ќе ги видите подоле се одеше од позиција да бидат прифатливи за сите здруженија, концесионери и нормални риболовци, за да нема било кој кој би имал нешто против ваквите предлози и можеби би влијаел на одлуката дали да влезат во некоја програма или не.

Предлозите се во функција на двете главни цели за македонскиот риболов и воедно главни цели на РИБАР 2011:
- Повеќе риби во водите
- Поголема заштита на водите од рибокрадци

Темата ја поставувам чисто како размислување за уште некој предлог плус, но предлог кој е издржан, возможен и прифатливи за сите здруженија, концесионери и нормални риболовци, така што тој што не е сигурен каде се причините за некои проблеми во македонскиот риболов или пак знае каде е проблемот, но не знае решение, го замолувам да не фрла напамет некои неконкретни предлози. Имајте во предвид дека обврската за порибување и заштита на водите кои се под концесија ја имаат концесионерите на водите, кои во најголем дел се мак.риболовни здруженија.

Еве што се иницијативите од РИБАР 2011
ПРОЕКТИ ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА РИБОЛОВОТ

Таргет заинтересирани граѓани за овие проекти:

 Над 25.000 љубители на риболовот во Република Македонија регистрирани во изминатите неколку години во Македонската Риболовна Федерација
 Над 60 здруженија на риболовци од Република Македонија


Вовед:

Република Македонија важи за држава во која водите се особено испустени од риба и рибниот фонд како природно богатство е драстично помал во однос на други земји на Балканот, а особено во Европа. Како резултат на тоа риболовот како рекреативен спорт кој го практикуваат илјадници наши граѓани е доведен на особено ниско ниво, а тоа придонесува и за голем број граѓани кои се незадоволни од таквите состојби. Причини за тоа се многубројни, во прв план тоа е свеста кај народот, зголемување на рибокрадството како криминален начин за нелегално исцрпување и продажба на риба, а после тоа и разните проблеми поврзани со постапки за давање на концесии и функционирање на институциите и концесионерите. Севкупно има голем број проблеми, за кои сметаме дека добар чекор напред е да се прифатат и имплементираат овие 3 проекти (од кои 2 се само измена на закон) кои се наведени подоле, а кои во прв ред се однесуваат на поголем обем на средства за порибување на македонските води и поефикасна борба со риболовниот криминал.


√ Проект: “Од риболовците за риболовците“

Овој проект е насловен така затоа што се работи за средства на риболовците кои ги даваат за вадење на годишна риболовна легитимација (400 денари) која се изработува од Македонската Риболовна Федерација, а дел од тие средства во износ од 30% одат во Буџетот на Р.М. За нас е неразблирливо зошто овие средства одат во државниот буџет кога во самиот процес на вадење и изготвување на самите легитимаци, државата не учествува преку ниедна форма, ниту преку било кој државен орган. Риболовните здруженија ги собираат потребните информации од риболовците кои сакаат да извадат легитимација, самите риболовци уплаќаат пари, а Македонската Риболовна Федерација ги изготвува легитимациите. Со оглед на тоа дека државата нема никакво учество по било кој основ во овој процес, се поставува прашање зошто тогаш 30% од овие средства би се слевале во Буџетот на Р.М ? На ова прашање не веруваме дека било кој ќе даде логичен одговор, но ете некогаш така било внесено во закон и останало до денеска.

Тие средства ги даваат самите риболовци за вадење на нивна лична риболовна легитимација и логично и фер е да се искористат за целите на самите риболовци – заштитени и побогати води со риба т.е парите да бидат дадени “Од риболовците за риболовците“. Со сегашното законско решение, риболовците не гледаат повратен ефект од издвојувањето на овие 30% на државата.

Токму затоа предлагаме овие 30% да се остават во Македонската Риболовна Федерација каде што се здружени сите здруженија на риболовци од државата, со стриктна намена “Порибување“. Проектот би се реализирал со измена на законот за рибарство и аквакултура.

Предлог за измена на член 49 од Законот рибарство и аквакултура

Сегашниот член на законот гласи вака:

Член 49
(легитимација за рекреативен риболов)

Рекреативен риболов може да врши лице кое поседува легитимација за рекреативен риболов.
Легитимацијата од ставот 1 на овој член ја издава федерацијата од членот 80 на овој закон со времетраење од една календарска година и се продолжува за секоја наредна година.
Во зависност од реалните трошоци потребни за изработка на легитимацијата на предлог на федерацијата министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство го одредува надоместокот за нејзиното издавање на и/или продолжување.
Остварениот приход на годишно ниво од легитимациите федерацијата го наменува за:
- 70% за реализирање на работите од член 82 од овој закон,
- 30% за Буџетот на Република Мекедонија уплатени најдоцна до 31 декември за тековната година.
Федерацијата остварениот приход од ставот 4 алинеја 1 на овој член го реализира по предходно поднесена и одобрена програма за реализација на работите од членот 82 на овој закон.
Со програмата од ставот 5 на овој член федерацијата доставува и писмен доказ за уплатени средства во Буџетот на Република Мекедонија од ставот 4 алинеја 2 на овој член.
Програмата од ставот 5 на овој член федерацијата ја доставува до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до 15 јануари во тековната година и истата најмалку содржи планирани активности и потребни средства за реализација на активностите за тековната година.
Доколку остварениот приход на годишно ниво од ставот 4 алинеја 1 на овој член не е доволен за реализација на активностите предвидени во програмата, истите активности федерацијата треба да ги предвиди во програмата за наредната година.
Формата и содржината на образецот на легитимацијата за рекреативен риболов и начинот на нејзинот издавање го пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во продолжение Ви доставуваме предлог за измена на Член 49 од Законот за рибарсто и аквакултура во кој измената е болдирана и потцртана:

Член 49
(легитимација за рекреативен риболов)

Предлог

Рекреативен риболов може да врши лице кое поседува легитимација за рекреативен риболов.
Легитимацијата од ставот 1 на овој член ја издава федерацијата од членот 80 на овој закон со времетраење од една календарска година и се продолжува за секоја наредна година.
Во зависност од реалните трошоци потребни за изработка на легитимацијата на предлог на федерацијата министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство го одредува надоместокот за нејзиното издавање на и/или продолжување.
Остварениот приход на годишно ниво од легитимациите федерацијата го наменува за:
- 70% за реализирање на работите од член 82 од овој закон,
- 30% за порибување на водите во Република Македонија.
Федерацијата остварениот приход од ставот 4 алинеја 1 на овој член го реализира по предходно поднесена и одобрена програма за реализација на работите од членот 82 на овој закон.
Со програмата од ставот 5 на овој член федерацијата доставува и писмен доказ за уплатени средства во Буџетот на Република Мекедонија од ставот 4 алинеја 2 на овој член.(оваа алинеја се брише)
Програмата од ставот 5 на овој член федерацијата ја доставува до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до 15 јануари во тековната година и истата најмалку содржи планирани активности и потребни средства за реализација на активностите за тековната година.
Доколку остварениот приход на годишно ниво од ставот 4 алинеја 1 на овој член не е доволен за реализација на активностите предвидени во програмата, истите активности федерацијата треба да ги предвиди во програмата за наредната година.
Формата и содржината на образецот на легитимацијата за рекреативен риболов и начинот на нејзинот издавање го пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.


Цел
Целта на оваа иницијатива е да се обезбедат поголем обем на средства за заштита и порибување на водите во Република Македонија, што е основна цел и главна заложба на сите рекреативни риболовци во државата.

Финансиски импликации
За државата тие средства (30% од секоја легитимација која чини 400 денари) се занемарливи. Податоците од Риболовна Федерација на Македонија, за претходната 2014 година, велат дека во Буџетот на Република Македонија по овој основ се уплатени вкупно 1.297.800 денари, или околу 20 илјади евра. Толку и чини овој проект 20 илјади евра. Овие средства за државата се занемарливи, но за Риболовните здруженија и за сите риболовци се сериозно значајни.

Бенефит
 За Владата – Ова би бил потег со кој уште еднаш се манифестира заложбата за чување на водите и негување на рибното богатство во Македонија. Ваквиот потег ќе биде силно поздравен од над 25.000 риболовци во Македонија.
 За Македонската Риболовна Федерација и 62-те риболовни здруженија – Во услови кога е исклучително тешко во Македонија да се најде поддршка и спонзори за порибување, ова ќе значи голем гест за поддршка на нашите активности.
 За рибопроизводителите – Ова ќе значи дополнителен приход затоа што најголем дел од овие средства ќе се искористат за купување на рибен подмладок од рибниците и рибопроизводителите од Македонија.
 За љубителите на риболовот – Ова ќе значи повеќе риби во водите и чекор напред во обавувањето на нивната најголема пасија – Риболовот.



√ Проект: “Риболовна полиција“

Создавање на посебна риболовна полиција по теркот на шумската полиција, или пак создавање на оддел во МВР кој ќе даде поддршка за борба со овој криминал. Формирањето на посебна риболовна полиција секако би имало посебни финансиски импликации, додека пак оддел во МВР кој ќе даде поддршка за борба со овој криминал нема финансиски импликации.

Цел
Целта е од највисоко ниво да им се помогне на здруженијата на риболовци кои во најголем дел се концесионери на водите во Македонија за поефикасна борба со рибокрадците. Имено, овој предлог е произлезен од тоа што здруженијата на риболовци кои во најголем дел се концесионери на водите во Македонија се соочуваат со големи проблеми на терен и со најразлични луѓе кои се под оружје. Многу пати доаѓа до вербални и физички конфликти. Од една страна е еден или двајца рибочувари кои немаат ни право да носат оружје, а од друга страна имаме разни организирани групи на рибокрадци кои во ситуации кога се во опасност често посегаат по оружје или физичка пресметка со рибочуварот.

Не се непознати и случаите помеѓу рибокрадците да има и припадници на МВР кои директно ја злоупотребуваат својата положба, го срамат министерството и се директни сторители на риболовниот криминал. Во вакви ситуации концесионерите или неговите рибочувари се немоќни и не ни сакаат да влегуваат во конфликт. Често пати рибокрадци се и луѓе кои имаат блиски роднини, или пријатели во МВР кои ги штитат. Многу пати се случувало и да се подготвува акција за фаќање на рибокрадци на одредена вода и како подготовка се барала поддршка од локалната полиција, но веднаш после јавувањето за подршка рибокрадците ја добиваат информацијата и бегаат пред да дојде контролата. Тоа јасно укажува дека рибокрадците имаат луѓе во локалната полиција кои ги предупредуваат.

Од сите овие причини предлагаме посебна риболовна полиција, или пак оддел во МВР кој ќе даде поддршка за борба со овој криминал. Овој оддел во МВР би ги имал следниве задачи:
- Во прв ред би имал за цел да се вклучи во акција секогаш кога од риболовно здружение или концесионер ќе биде информирано дека сторители на риболовниот криминал се припадници на МВР, или пак сторителот има роднина или пријател во МВР кој ја злоупотребува својата положба и го штити сторителот на риболовниот криминал, за време на одредена контрола или акција, или пак после направената контрола. Со ваквите дејствија самото МВР треба да расчисти со поединци кои се сторители на овој криминал, или пак луѓе кои од внатре во МВР ги поддржуваат и помагаат сторителите.
- Да искочи на терен и заедно со концесионерот да помогне во акции за фаќање на рибокрадци кои се од поголем ризик. Најчесто тоа се акции против групи кои се добро организирани, групи кои имаат разни пријатели кои им помагаат, групи кои несакаат да се легитимираат, групи кои се насилни и вооружени и групи со кои концесионерот неможе да излезе на крај во нормалното извршување на својата работа.

Ваквиот оддел во МВР нема потреба да биде многу голем, но апсолутно е потребно да има целосна поддршка од највисоко ниво т.е од Министерот за внатрешни работи и да помогне во целите кои се погоре поставени. Доколку би се формирал ваков оддел во МВР сите здруженија на риболовци и концесионери во Македонија ќе имаат активна комуникација со него и голема помош во справување со криминалот на водите.


√ Проект: “Стоп за рибокрадци“

Вовед

Во сегашниот Закон за рибарство и аквакултура поседувањето на Платно за рибарска мрежа не е вметнато како казниво, а тоа е всушност главниот материјал од кој е направена секоја рибарска мрежа. Рибарската мрежа пак од своја страна е НАЈГОЛЕМИОТ уништувач на рибниот фонд затоа што нелегалните рибарски мрежи се основното орудие на рибокрадците и риболовниот криминал.

Риболовните мрежи според член 94 од Законот за рибарство и аквакултура може да поседуваат исклучиво концесинерите, одгледувачите на риби и правни лица кои имаат добиено посебна дозвола од Министерство за земјоделство. Сите други се РИБОКРАДЦИ и нивното поседување на рибарски мрежи е недозволено. Како еден од главните проблеми за сузбивање на рибокрадството е пресекување на каналите за набавка на нелегални рибарски мрежи, што најчесто се прави преку шверцување од околните земји, како и сузбивање на оние кои поседуваат Платно за рибарска мрежа и нелегално произведуваат рибарски мрежи внатре во државата и така ги снабдуваат рибокрадците од цела држава.

Еден од многуте вакви примери е примерот на Изет Салиу кој во 2013 година беше фатен со многу мрежи и со голема количина на Платно за рибарска мрежа. Судот поради тоа што Платно за рибарска мрежа не е вметнато како казниво во законот одлучи да му се вратат 1952 парчиња платна за рибарска мрежа, кои со мала обработка всушност се 1952 рибарски мрежи и кои најверојатно денес истиот тој Изет Салиу си ги продава по рибокрадците низ Македонија.

За овој случај Ви доставуваме само 3 страни од неговата пресуда (1, 2 и 7 страна) со цел да се види проблемот во пракса од тоа што Платно за рибарска мрежа не е вметнато како казниво во Закон за рибарство и аквакултура.

[ img ]

[ img ]

[ img ]


Конкретното барање е вметнување на Платното за рибарска мрежа како казниво во Закон за рибарство и аквакултура со цел судиите да може да судат како што треба, да се прекине нелегалното производство на рибарски мрежи и на тој начин да се пресече еден од основните канали по кои рибокрадците доаѓаат до своите мрежи. Тоа би се постигнало со промена на следниве членови од Закон за рибарство и аквакултура


(промените се болдирани)
Променет Член 94
(мрежи за стопански риболов)

Мрежи наменети за риболов, како и платното за рибарска мрежа може да поседуваат само концесионерите на риболовните подрачја, концесионерите во риболовните зони и одгледувачите на риби.

Набавка на мрежи и платното за рибарска мрежа може да вршат само концесионерите.

По исклучок од став 2 на овој член набавка и продажба на мрежи и платното за рибарска мрежа може да вршат правни лица за потребите на концесионерите од став 1 на овој член и за потребите на научни и образовни установи за вршење риболов од член 58 на овој закон.

Набавка на мрежи и платното за рибарска мрежа од увоз се врши со одобрение за увоз на мрежи издадено од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство по предходно доставено барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно член 34 став 2 од Законот за трговија.




XIII ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ

(промените се болдирани)

Член 110
(глоби)

Глоба во износ од 2500 до 5000 евра во денарска против вредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, ако:
1. Врши стопански риболов надвор од објектот Далјан – Струга (член 24 став 2);
2. Врши стопански риболов спротивно на риболовната оснoва, одобрениот годишен план и склучениот договор за концесија (член 25 став 2);
3. Не плаќа надоместок за стопански риболов и рекреативен риболов (членови 25 став 3 и 46 став 1);
4. Не ги спроведува мерките предвидени со риболовната основа и годишниот план (членови 31 став 1 и 47 став1);
5. Пловните објекти не се регистрирани и видливо обележани и рибарскиот алат не е пломбиран и евидентиран (член 38 став 1);
6. Издава легитимации со повисок надоместок од предвидениот (член 49 став 3);
7. Врши стопански риболов на води од подрачјата на националните паркови (член 59 став 2);
8. Врши аквакултура, а не е запишан во регистарот на одгледувачи на риба (член 61);
9. Лови риба и врши други активности во обележаниот појас околу кафезот (член 68 став 1);
10. Врши промет на риба од недозволени места (член 70 став 1);
11. Врши промет на риба без соодветен документ како доказ за потекло на рибата (член 70 став 2);
12. Не користи пункт за организирање на стопански риболов на риболовните подрачја и риболовните зони (член 72 став 1);
13. Не издава придружни документи (член 73 став1);
14. Врши транспорт на риба без соодветна документација (член 73 став 2);
15. Врши риболов на риболовни води забранети за вршење риболов (член 85 став 1);
16. Внесувa нови видови риби и/или порибителен материјал од нови видови риби без одобрение (член 88 став 1);
17. Внесува нови видови риби и/или порибителен материјал од алохтони видови риби во водите и природниот слив на риболовното подрачје на Дојранското, Охридското и Преспанското Езеро и во водите на териториите кои припаѓаат на Националните паркови (член 88 став 3);
18. Врши аквакултура на нови видови риби и риби кои не се утврдени во риболовната основа без претходно добиено позитивно мислење (член 88 став 4);
19. Става во промет нови видови риби и/или порибителен материјал во жива состојба наменет за порибување на риболовни води без одобрение (член 89);
20. Врши риболов во природни плодишта (член 91 став 2);
21. Стопанисува со рибите за кои нема изработено риболовна основа, стопанисува без одобрение на годишниот план, лови риби за време на мрестењето на рибите или за време на ловостој, лови риби во риболовни води кои се времено или трајно забранети за риболов, лови риби под одредена големина и над дозволената количина, ја загадува риболовната вода со штетни и опасни материи кои можат да го изменат или влошат постојниот квалитет на риболовната вода или дел од истата и на тој начин да се загрозат рибите и другите животински или растителни организми, лови риби со преградување, исцрпување или пренасочување на риболовната вода, лови риби во променет режим и квалитет на водите, лови ретки и проредени видови риби на одделни делови или на сите риболовни води и се движи или задржува во непосредна близина на риболовните води со носење мрежа, експлозив или други забранети риболовни средства (член 93);
22. Поседува, набавува или врши продажба на мрежи и платно за мрежи, а не е концесионер на риби (член 94, ставови 1, 2 и 3);
23. Врши риболов спротивно на ограничувањата (член 95) и
24. Врши промет на порибителен материјал без поседување дозвола (член 106 став 1).


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Дек 31, 2015 2:13 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Jун 28, 2011 12:13 pm
МислењаCOLON1530
ЛокацијаCOLONSkopje
Супер нaпишaнo и скoцкaнo,Пуштaј пo еден примерoк кaј Зaјкo и Гујo,и пиши им ние сме кaкo сoнчoгледи,се вртиме пo тoј штo ке ги испoлни гoренaведените бaрaњa :D

_________________
p.s. kolku poveke tupat krapdziite tolku poveke lovat spinerdziite. :mrgreen:


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Дек 31, 2015 5:07 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
limun75 НапишиCOLON
Супер нaпишaнo и скoцкaнo,Пуштaј пo еден примерoк кaј Зaјкo и Гујo,и пиши им ние сме кaкo сoнчoгледи,се вртиме пo тoј штo ке ги испoлни гoренaведените бaрaњa :D
Se lozuvam so limun,a posebno mi e interesen komentarot deka sme kako soncogledi :D :lepi:

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Јан 07, 2016 12:17 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
она со членските и парите од риболовците да одат во МРФ одма да го тргнете

првилен предлог е да тие сретства кои МРФ ги инкасира од риболовците и кои се слеваат во буџет да се укинат а со тоа и да се намали таа членска карта --која патем за 90% риболовци рекреативци е џабе давање на пари и дополнителен трошок
такви предлози треба а не ке ги богатиме ние федерациите да се расфрлуваат со нашите пари па ке порибувале со се што ке најдат колку да ги оправдаат :filip:

за тој другиот дел сака малку повеке тупење мозок со измени и дополни на законите --- немам време за чешлање закони и тупење мозок, инаку ке пишев

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Дек 28, 2017 2:24 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONЧет Дек 01, 2011 11:07 am
МислењаCOLON297
Супер нaпишaнo и скoцкaнo,Пуштaј пo еден примерoк кaј Зaјкo и Гујo,и пиши им ние сме кaкo сoнчoгледи,се вртиме пo тoј штo ке ги испoлни гoренaведените бaрaњa,
Одличен пост од Лимун, а бидејќи е дојдено времето да се делат-прераспределуваат концесиите повторно, не е лошо да се направи еден мал напор од рекреативците за сето што го напишал Борис, се разбира дополнето со нови предлози :ok_ok:


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Дек 28, 2017 9:30 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONВто Ное 30, 2010 3:15 am
МислењаCOLON1683
Kako mozat da davaat subvencii za razni gluposti , mozat da napravat subvencii za poribuvanje drzavata bukvalno nema griza za ovaa ribolovna granka , zatoa kako sto navede Boris sme siromasni ama epten siromasni so ribniot fond , odlicna inicijativa ubavo napisano i skockano. Tie 30 % i toa kako ke znacat sto gi zima drzavata, da se prenamenat za zbogatuvanje na ribniot fond.


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 6 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum