Се спомнува некаков автохтон преспански крап...јас како што сум запознат и во претходни години се порибувало на Преспа, а не сум чул дека има некој автохтон и лиценциран рибник за автохтон преспански крап, ниту пак вештачки мрест на преспански крап...можеби грешам или не сум запознат. Ако сум во право тогаш и порано се порибувало со неавтохтонен. Каков бил овој крап што се пуштил појма неам, но ниту сум експерт, ниту инспектор да имам аргументи и да завземам страна.
Во риболовната основа за Преспанско езеро за период 2011-2016 година го пишува следново:
9. Програма за порибување
9.1. Количина и видови на риби по видови и возрасни категории одредени врз
основа на биолошкиот потенцијал за секоја риболовна вода за период од 6 години со
динамика на годишно ниво
Во периодот 2011-2016 година потребно е порибување со 1.500.000 единки подмладок
од автохтонен крап на годишно ниво или вкупно 9.000.000 единки.
9.2. Период на порибување за поедина риболовна вода со одредени видови
риби
Порибувањето на Преспанското Езеро ќе се врши со подмладок од автохтон крап во
периодот од август-септември со тежина од 5-10 г.
Изработувач на оваа риболовна основа мислам дека е Хидробиолошки Завод - Охрид, односно научна институција, која предвидела пориување со
автохтон крап.
Во предлог риболовната основа за Преспанско езеро за период 2017-2023 година го пишува следново:
9.1. Количина и видови на риби по видови и возрасни категории одредени врз основа на биолошкиот потенцијал за секоја риболовна вода за период од 6 години со динамика на годишно ниво
Порибувањето на риболовното подрачје Преспанско Езеро се изведува со подмладок добиен во тековната година од автохтон крап со изведување на вештачки мрест на матици кои потекнуваат од Езерото со маса на единките подмладокот од 100-150 грама, во количини од 3000 кг за секоја година.
9.2. Период на порибување за поедина риболовна вода со одредени видови риби
Преспанското Езеро треба да се порибува во периодот октомври-ноември со цел да се избегне уловот на порибителниот материјал.
Оваа риболовна основа ја предлага Институт за сточарство - Скопје, исто така научна институција, која повторно предлага порибување со
автохтон крап.
Еве кој се е потпишан на риболовните основи како изработувач:
Координатор:
Проф. д-р Васил Костов – Институт за сточарство - Скопје
Изведувачи:
Проф. д-р Родне Настова – Институт за сточарство Скопје
Проф. д-р Трајче Талески – Хидробиолошки Завод - Охрид
Проф. д-р Никола Панов – Природно-математички факултет - Скопје
Проф д-р Раде Русевски – Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје
Доцент д-р Милица Ристовска - Природно-математички факултет – Скопје
Доцент д-р Валентина Славевска – Стаменковиќ – Природно - математички факултет Скопје
Доцент д-р Катерина Ребок - Природно - математички факултет Скопје
М-р Душица Боева Илиќ – Хидробиолошки Завод – Охрид
М-р Зоран Спирковски – Хидробиолошки Завод - Охрид
Димче Мајковски - Македонска Риболовна Федерација
Миодраг Пешиќ - Македонска Риболовна Федерација
Ако сите овие: проф. д-р, доцент д-р, м-р ..... велат дека има автохтон крап, и ако сите тие ја убедиле државата дека постои автохтон крап, и ако државата платила пари за тој автохтон карп да се размножува и да се порибува ..... па зошто тогаш се порибува со крап кој не е автохтон?
Ако нема мрестилиште за автохтон крап, зошто повторно се провлекува истата приказна во новите риболовни основи? Или се нашол некој модус за да се цица државата и сите кои плаќаат за порибување, а ние треба да аплаудираме затоа што ке ни препродаваат подмладок кој реално чини пола од цената, но со етикета автохтон цената му расте барем за 100%.
Со ова погоре мислам дека до некаде ти одговорив и на ова :
Во однос на рибниците и порибувањата секогаш сум се залагал да се либерализира домашниот пазар, да се зголемат лиценцираните рибници за порибување, да се зголемат врстите на риби со кои се порибува и конечно да падне цената на порибителниот материјал и ова сум му го кажал и во лице и на секаков друг начин на човекот на кој целиш ....
Како да се намали цената на порибителен матерјал кога етикетите автохтон/а се во рацете на 2-3 луѓе? Еве во случајов тие етикети се залепени на крапот од Неготино, па станал автохтон преспански крап, претпоставувам со некоја баснословна цена.
Па нели Институт за сточарство има мрестилиште за крап во Топлец, зошто таму не се размножува автохтон крап? Или повеќе пари остануваат со препродавање?