www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Нед Сеп 22, 2024 9:47 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS678910ELLIPSIS147»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КРАПСКА ЛИГА 2016
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 21, 2015 11:01 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 06, 2011 10:30 pm
МислењаCOLON6506
saso НапишиCOLON
Po mene najlogicno bi bilo tie ,, treti lica ,, da se ,, ubedat ,, da nastapat vo Liga.
Mislam deka vo toj slucaj mislam deka krapskiot ribolov vo MK najmnogu ke dobie.
Nema sansi , bar jas taka mislam /odgovaram na ovaj post , natamu temava ne mi e citana / Ajde vaka da probam nesto da pojasnam , Sergej ce go zemam za primer . Zar mislite deka toj sega vo ovie uslovi bi ucestvuval vo ovaa nasa liga-secerec kaj Istatov ? Kade deca sto uste ne znaat koj kraj od trskata se drzi vo raka mozat , cak mnogu lesno da go pobedat ?? Apsurd ..........bar jas taka gi gledam rabotite ..... Vistinata za mene e ovaa ...a Sergej mi ja potvrdi vo druga tema ...nasite idni takmicari koj bi mozele da donesat rezultat ne se na ovaj forum i vo ovaa liga ..A gi imaME takvi .........Ovdeka diskutiraat pola veterani bez sansa doprva deka nesto mozat da podobrat kaj sebe i pola totalni amateri na koj im trebaat godini da nesto napravat od sebe /a pola od niv go nemaat potrebniot poceten talent ,darba, oset za riba / ..zalosno ama taka e ....

_________________
[ img ]
Како лови Келтан крапови ? Оди до реката и вика: ‘‘Ти , ти, и ти – надвор !‘‘.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КРАПСКА ЛИГА 2016
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 21, 2015 11:35 pm 
Отсутен
Модератор

РегистриранCOLONВто Aвг 02, 2011 7:02 pm
МислењаCOLON3043
ЛокацијаCOLONСкопје
ico baits НапишиCOLON
ima pravo martin za poziicite.. taa 5ka i 2ka ziva katastrofa se :D
Играј ти гачка.. не ми се мене нозете испосечени тебе ти се од 2ка.. ти викаш дека на четворка на мавровица не си можел да работиш од дрвото :) и се сечевте со нас во позиција.. Кај мене низ бокс требаше да поминете со колите.. пошто добра стаза нели..

ако куцаш постови за драпање куцај во лаф муабет.. овде треба да се дискутира а не драпа :)

_________________
ЗСРРК Мак Дам
ico baits НапишиCOLON
Dodeka se fakate za glupi raboti okolu ribolovot, koj kolkav ribar e, koja e voda komercijala i jezovir, svatete deka kompletno toneme u ovoj sport


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КРАПСКА ЛИГА 2016
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 21, 2015 11:40 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Maр 07, 2011 11:21 pm
МислењаCOLON1581
Aj moderatori objavete go pravilnikot za natrevari od mrf se razbira za krap.

_________________
koj si znae ke si vadi
sto e tvoe ke si dojde
sjashi kurto da uzjase murto


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КРАПСКА ЛИГА 2016
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 21, 2015 11:42 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 13, 2010 9:30 am
МислењаCOLON9475
pak li,sekoja godina objava????

_________________
Rodjen da peca,Nateran da radi


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КРАПСКА ЛИГА 2016
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 21, 2015 11:45 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Maр 07, 2011 11:21 pm
МислењаCOLON1581
Pa ako se menja cesto nema steta i da se objavuva cesto kolku da sme vo tek.a i treba so sekoja tema za liga 201. Itn kako prv post da e pravilnikot i vo tek na tema i promeni dokolku ima da se objavat

_________________
koj si znae ke si vadi
sto e tvoe ke si dojde
sjashi kurto da uzjase murto


Последна промена од 1 на kladofora, променето е 0 пати

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КРАПСКА ЛИГА 2016
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 21, 2015 11:46 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 19, 2011 2:20 pm
МислењаCOLON6956
Еве го во ПДФ..http://www.mrf1952.mk/images/documents/ ... i-krap.pdf

ПРАВИЛА ЗА НАТПРЕВАРИ ВО ДИСЦИПЛИНА „ПЛИВКА“
ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 1
2015 година
Врз основа на член 39 од Статутот, а согласно Општите правила за организација на
ЦИПС натпревари во спортски риболов, Управниот Одбор на Македонската Риболовна
Федерација, на седницата одржана на 28.02.2015 година, донесе:
за натпревари во дисциплина „Крап“
во Република Македонија
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со овие правила се уредуваат: можноста на организирање, техничките прописи
како и начинот на оценувањето на резулатите за дисциплинa „Крап“ во спортски
риболов во Република Македонија.
Член 2
Овие правила се применуваат на сите натпревари што се одржуваат во
Република Македонија во организација на Македонската Риболовна Федерација (во
натамошниот текст МРФ), нејзините членки спортско-риболовни здруженија или
клубови (во натамошниот текст РЗК), и сите други организации кои имаат право да
организираат натпревари во спортски риболов, било да се првенствени или
пријателски, со учество на домашни екипи и натпреварувачи или меѓународни.
А. Технички прописи
Член 3
Натпреварите може да се одржуваат на реки, канали, езера како и на други
соодветни води, така што сите натпреварувачи (екипи) да имаат приближно еднакви
услови за риболов.
Длабочината на водата мора да изнесува минимум 1,5 метри.
Минималната широчина на риболовната вода наменета за натпревар пожелно
е да изнесува најмалку 100 (сто) метри доколку од спротивната страна нема други
натпреварувачи, односно најмалку 300 (тристотини) метри доколку од спротивната
страна има натпреварувачи.
Во риболовната вода каде се одржува натпреварот, количеството на крап со
тежина помеѓу 3 (три) и 5 (пет) кг. пожелно е да биде најзастапено (најбројно).
Натпреварите може да се одржуваат како лига или поединечни натпревари.
Член 4
Патеката не смее да предизвикува директна опасност за учесниците на
натпреварот и посетителите.
Член 5
1. Право на учество во лига и куп натпреварите во организиранизација на МРФ, имаат
сите РЗК членки на МРФ, кои навремено го извршиле пријавувањето, уплатиле
ПРАВИЛА ЗА НАТПРЕВАРИ ВО ДИСЦИПЛИНА „ПЛИВКА“
ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 2
2015 година
котизација за натпреварот како и членарина за тековната година на жиро сметка на
МРФ најдоцна 7 (седум) дена пред почетокот на натпреварот на кој ќе учествуваат.
2. Под поимот екипа се подразбира тим составен од двајца натпреварувачи (дуо), еден
резервен натпреварувач и капитен на екипата. Поединечни натпреварувачи
(единки) немаат право на учество на натпреварите.
3. Секоја екипа, учесник на натпреварите, мора да обезбеди минимум на неопходна
опрема, и тоа:
 4 (четири) риболовни трски не подолги од 4 m;
 4 (четири) чекрка (машинки) за риболов;
 4 (четири) електронски индикатори;
 4 (четири) механички покажувачи (свингери) ;
 1 (едно) црпало (кепче) за риба, со минимални димензии 70 x 60 x 70 cm и
со мрежа не поплитка од 50 cm;
 душек за одлагање на уловена риба со минимални димензии 70 x 50 cm и
 Најмалку 10 (десет) платнени вреќи за чување риба (carp sak) со минимлани
димензии 40 x 70 cm.
4. Секоја екипа може да пријави резервен натпреварувач и капитен на екипата.
Резервниот натпреварувач за време на натпреварот не смее да влегува во боксот
на својата екипа но може да изврши замена во текот на самиот натпревар. Во тој
случај мора да остане да натпреварува до крајот на истиот.
Доколку екипата нема капитен, неговата улога може да ја превземе резервниот
натпреварувач или еден од натпреварувачите.
Странски државјани можат да бидат членови на екипа но не повеќе од 1 (еден).
Во една натпреварувачка сезона составот на екипата (двајца натпреварувачи,
резервен натпреварувач и капитен на екипа) не може да се менува.
Во боксот може да пристапи само капитенот на екипата, со претходно
одобрение од страна на судиите, и да дава исклучиво усмени напатствија. Сите други
дејствија се забранети.
Сите натпреварувачи, како и капитенот на екипата, мораат да бидат
регистрирани спортски риболовци и да поседуваат спортска легитимација пред
почетокот на натпреварите за тековната година, согласно правилникот за регистрација
на МРФ. Нерегистрираните членови на екипи (натпреварувачи или капитени) немаат
право на настап во тековната година.
5. Екипите учеснички имаат право да носат на деловите од својата облека обележја
на своите покровители, фирми и сл., како и знаме на јарбол со максимални
димензии 1,5 x 1 m. Дозволено е поставување на рекламно пано со максимални
димензии 2,5 x 1,5 m.
6. Секоја екипа, уредно пријавена и регистрирана како учесник во крапската лига, е
должна да учествува на сите кола од истата, без оглед на остварениот пласман во
текот на натпреварите.
Б. Потребни услови за натпревар
Член 6
1. Натпреварите се одржуваат на природни езера, вештачки акумулации и езера од
комерцијален карактер, кои ги исполнуваат условите за натпревар.
2. На езерата и акумулациите, бележењето на боксовите со броеви се врши од лево
на дено а на води што течат, броевите се поставуваат возводно.
3. Доколку риболовната вода, предвидена за натпревар, е мала и постои реална
можност натпреварувачите да си попречуваат едни на други, површината одредена
за натпревар може да биде обележана со лента, маркери и сл. од трите страни во
водата (лево, десно и напред).
ПРАВИЛА ЗА НАТПРЕВАРИ ВО ДИСЦИПЛИНА „ПЛИВКА“
ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 3
2015 година
4. Позициите кои се во близина на мостови, електрични водови и сл. треба да се
одбегнуваат, и да се поставуваат подалеку од 50 m. од препреката.
5. На природните езера и вештачките акумулации растојанието помеѓу дуата треба да
изнесува најмалку 40 m а најмногу 100 m, во зависност од условите, со можност
(доколку не постојат објективни услови за испочитување на ова правило)
растојанието меѓу боксовите да се адаптира на постоечките услови. На реки и други
водени површини каде водата се движи, минималното растојание изнесува 70 m.
6. На комерцијалните рибници се прифаќа постоечкото растојание помеѓу боксовите.
7. Местото за риболов на екипата (боксот, рингот) треба да биде со правоаголна
форма и димензии 20 m широчина и 12 m длабочина. Во зависност од условите и
можностите кои ги овозможува риболовната вода, боксот (рингот) може да биде и
помал, но несмее да биде со помали димензии од 10 х 8 m.
8. Боксот треба да е околчен, обележан со лента и поставен правоаголно спрема
брегот.
9. Секој бокс мора да обезбедува чист простор за зафрлување во висина од најмалку
7 m.
10. Секој бокс мора да биде обележан со број пред извлекувањето на позициите.
11. На сите боксови се поставува табла на која се истакнати: бројот на боксот, име на
екипата (тимот), име и презиме на членовите на екипата (натпреварувачи, капитен
и резервен натпреварувач), и простор каде ќе се евидентираат бројот на уловените
риби и тежината. Бројот и тежина на уловената риба се ажурираат на секои 6 часа.
Слика 1: Шема за обележубање на боксот
ОБЈАСНУВАЊЕ:
Зона „А“ – бокс: Дозволен пристап само за натпреварувачите, капитените на екипите
со предходна најава кај судиите на натпреварот и судиите.
Зона „Б“ – заштитна зона од 2 m. околу боксот: Дозволен пристап за судиите
надлежни да ја надгледуваат работата на натпреварувачите (судија на бокс),
останатите судии, капитените и резервните натпреварувачи, како и капитените на
други екипи и новинари со согласнот на натпреварувачите. Во овој простор имаат
право да влегуваат и натпреварувачи од соседните боксови само за време на
мерењето на рибите.
ПРАВИЛА ЗА НАТПРЕВАРИ ВО ДИСЦИПЛИНА „ПЛИВКА“
ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 4
2015 година
Зона „Ц и Д“ – Безбедносен коридор од 1,5 до 2 m. над заштитната зона на
боксот и просторот помеѓу два соседни бокса: Дозволен пристап за
организаторот, судиите, капитените и сите членови на екипите и клубовите кои се
натпреваруваат но е забрането движење на јавноста и гледачите.
В. Проверка на присутност и правила на извлекување-жребување
Член 7
1. Сите екипи мораат да бидат на местото на натпреварот во точно утврденото
време, согласно однапред доставената програма.
2. На извршената прозивка секое дуо мора да има свој претставник - (капитен).
Екипата која што на прозивката ќе нема свој претставник, капитен или овластено лице
(навреме пријавено), ќе се смета за одсутна и нема да учествува на натпреварот.
3. Извлекувањето на натпреварувачките позиции со жребка ќе започне
најмалку 180 минути пред почетокот на натпреварот, пред Првиот сигнал (се наведува
во Програмата). Ова време може да биде и пократко доколку е тоа пропишано со
Програмата или се договори при првата средба со капитените.
4. Тимот што ќе го спроведува извлекувањето на позициите ќе биде составен
од официјални судии делегирани за натпреварот од страна на судиската комисија на
МРФ.
5. Тимот ги пребројува и ја контролира исправноста и точноста на броевите
запишани на ливчињата за извлекување (мораат да бидат со исти димензии).
6. Бројот на ливчињата мора да одговара на бројот на присутните дуа и да
биде соодветен со бројот на обележаните рингови.
7. Броевите на ливчињата не смеат да бидат на било кој начин видливи за
време на извлекувањето
8. Сите топчиња мораат да бидат со еднаква боја и без посебни обележја.
9. Секое извлекување ќе се состои од две фази:
• I фаза: извлекување за редослед на извлекување по однапред утврден
редослед.
• II фаза: извлекување на позиции за риболов спрема извлечениот редослед
10. Право на извлекување имаат само пријавените претставници (капитените)
на дуата или навреме пријавено овластено лице (претставник).
11. Секој претставник има право да извлече само едно топче.
12. После извлекувањето, без да го отвори, топчето со бројот го предава на
членот на тимот задолжен за контрола на извлекувањето.
13. Член од тимот го контролира и утврдува бројот запишан на ливчето во
топчето и го запишува во листата на стартните позиции.
14. Секој обид за кршење на правилата за извлекување се казнува со
моментална дискфалификација на дуото.
15. Секој од претставниците на дуата има право на усмен приговор на
регуларноста на извлекувањето све до моментот на завршување на истото.
16. Усмени приговори поднесени после утврдените и запишани броеви на дуата
во стартната листа не се земаат во предвид.
17. За секој натпревар одделно се формира жири комисија која се состои од 5
(пет) члена. Во жири комисијата влегуваат 3 (тројца) судии делегирани за натпреварот
и 2 (двајца) членови од редот на капитените на екипите. Членовите на комисијата од
редот на екипите се одредуваат со жрепка.
18. Жири комисијата одлучува по приговорите поднесени во врска со
одвивањето на натпреварот и утврдувањето на резултатите. Одлуката на жири
комисијата е конечна и се донесува со мнозинство. За работата на жири комисијата и
нејзините одлуки се води записник.
19. За време на натпреварот, доколку има потреба, може да се одржуваат
состаноци на судиите со капитените на екипите. Времето и местото на состанокот го
ПРАВИЛА ЗА НАТПРЕВАРИ ВО ДИСЦИПЛИНА „ПЛИВКА“
ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 5
2015 година
одредува главниот судија и за тоа ги известува капитените. Присуството на капитени е
пожелно.
Г. Подготовки за натпревар, натпреварување и крај на натпреварот
Член 8
1. По извлекувањето на позициите за натпревар секое дуо треба да ја однесе
опремата на својата позиција без да навлезе во самиот бокс, а истито важи и за луѓето
кои евентуално помагаат во транспортот на опремата. Не е дозволено подготвување
на опремата се додека не се даде официјалниот сигнал за почеток.
2. Откако судиите ќе утврдат дека сите дуа ја транспортирале опремата до
своите натпреварувачки позиции, а согласно пропишаната сатница, го даваат првиот
сигнал за почеток на натпреварот, после кој натпреварувачите можат да пристапат во
боксовите и започнат со поставување на опремата.
3. Во рамките на обележниот бокс дозволено е поставување на шатор, тенда
или чадор со дискретна боја: темно зелена, кафеава или шарена - "маскирна".
Дозволено е поставување на опрема и со други бои но истоте несмеат да бидат со
светли и лесно воочливи бои.
4. По првиот сигнал, натпреварувачите можат да почнат со поставување на
опремата, да вршат подготовка и тестирање на нивните справи, подготовка на
приборот за риболов, подготовка на прихраната, мамките и слично. Се дозволува
испитување (сондирање) на дното со помош на риболовна трска, олово и маркер
(јадица несмее да има на системот). За овие подготовки на располагање имаат 120
минути.
5. За времетраењето на овие подготовки не е дозволено прихранување на
местото за риболов.
6. Забрането е поместување на поставените обележја на боксот.
7. По вториот сигнал, натпреварувачите започнуваат со прихранување и
ловење. Просторот за овие активности е ограничен во правец на поставеноста на
боксот према водата и несмеат да го преминуваат правецот кој го дава левата и
десната страна од боксот во рамки на обележен простор на физички необележани
води (во понатамошниот текст „правец на боксот“). На риболовни води на кои
површината е физички обележана (трака, жица, маркери и сл.) може да се користи
целата дозволена површина на одредената позиција. По овој сигнал забранет е дотур
на опрема, прихрана и мамки во боксот, сондирање на дното надвор од правецот на
боксот и излегување на натпреварувачите од истиот. Поради потреба, боксот може да
се напушти исклучиво со претходно одобрение од страна на судијата и не подолго од
30 мин.
8. Секое намерно, повеќекратно, зафрлување надвор од обележаната
површина наменета за риболов, во било која фаза од натпреварот (риболов,
прихранување, сондажа, мерење длабочина), не е дозволено.
9. Во текот на натпреварот дозволено е поставување и вадење на маркери,
за прецизно означување на местото за риболов во рамките на површината обележана
за дуото и тоа исклучиво со рибиловна трска. Трските кои се користат за поставување
на маркертите мора да бидат обележени и несмеат да бидат поставени на ротпотовите
заедно со риболовните трски за ловење. Дозволена е употреба на две трски со
маркери истовремено.
10. Дозволена е употреба на светлечки ампули монтирани на маркерите.
11. Не е дозволено поставување на слободни маркери (со ПВА конец или на
друг начин) на површината одредена за риболов.
12. За време на натпреварот, натпреварувачите не смеат да примаат никаква
помош од страна, само усмени напатствија од страна на капитенот на екипата.
13. При заморувањето и вадењето на рибата не е дозволено излегување од
обележаниот бокс. Во рамките на површината определена за риболов, само за време
на заморувањето и вадењето на рибата, на еден од натпреварувачите му е дозволено
ПРАВИЛА ЗА НАТПРЕВАРИ ВО ДИСЦИПЛИНА „ПЛИВКА“
ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 6
2015 година
навлегување во вода, максимално до висина на колениците. Доколку истовремено
екипа има риба на две трски, во тој случај можат и двајцата натпреварувачи да
навлезат во вода, максимално до висина на колениците.
14. При заморувањето на рибата натпреварувачот не смее да дозволи истата
да ги заплетка конците на натпреварувачите од соседниот бокс.
15. Капитенот на екипата ноќно време може да влезе во натпреварувачкиот
бокс, само во придружба на судијата или капитенот од соседниот бокс.
16. Дозволен е пристап на новинарски и ТВ екипи во рамките на сигурносната
зона.
17. За време на натпреварот натпреварувачите се должни да се движат
претпазливо во рамките на обележаниот ринг, без да создаваат врева.
18. Забрането е осветлување на површината наменета за риболов со помош на
рефлектори и јаки светла, но е дозволена употреба на мала (рударска) батериска
лампа со пригушено светло.
19. Дозволено е дискретно осветлување во шаторот на дуото.
20. Во боксот се забранува палење на отворен оган (за скара, за загревање на
храна, за греење и сл.). Се дозволува палење оган од плински апарати за варење
кафе, чај, подготовка на храна или мамки и за загревање.
21. Третиот сигнал е сигнал за предупредување и најавува дека натпреварот ќе
заврши за 15 минути.
22. Четвртиот сигнал го означува крајот на натпреварот. По овој сигнал
натпреварувачите се должни во што е можно пократок рок да ги извадат системите за
риболов од вода. Ако некој од натпреварувачите за време на четвртоит сигнал замара
и вади риба, ќе му биде дозволено време од 15 минути за да ја извади рибата. По
истекот на 15 мин. судијата ќе даде петти сигнал и ако по завршување на сигналот
рибата не е надвор од вода истата нема да се бодува.
23. После завшување на натпреварот, дуото е должно да ја собере својата
опрема и да го исчисти боксот од отпадоци.
24. Писмени приговори (со наведена причина и потпис), од страна на
натпреварувачите или капитените, се поднесуват во текот на натпреварот и 60 мин. по
четвртиот сигнал, односно крајот на натпреварот и се доставуваат до главниот судија.
Приговор во врска со резултатите се поднесува најдоцна 30 мин. по соопштување на
истите. Главниот судија е должен времето на објавување на резулттатите да го
евидентира на Збирниот натпреварувачки дневник за тој натпревар.
25. Судиите се должни да ја утврдат веродостојноста на приговорот и за таа
цел можат да вршат проверки и контрола на сите делови од опремата.
26. Доколку се утврди прекршок на правилата, екипата што го направила
прекршокот се казнува, зависно од видот на прекршокот, со жолт или црвен картон
(дискфалификација).
27. Со жолт картон се казнува за кршење на правилата од: точка 4 од член 5,
како и точките 1, 3, 4, 5, 7, 8, 9, 11, 12, 13, 14, 15, 17, 18, 20 и 23 од овој член.
28. Со црвен картон се казнува за кршење на правилата од: точка 6 од член 5,
точка 6 од овој член и за секој прекршок од точка 27 доколку екипата претходно веќе
има добиено жолт картон.
Д. Опрема, мамки, прихарана, правила и време на ловење и прихранување
Член 9
1. Дозволена е употреба на неограничен број на риболовни трски со тоа што
едно дуо може истовремено да лови само со 4 (четири) риболовни трски. Останатите
резервни трски треба задолжително да бидат поставени вертикално во однос со
риболовните постоља (род подови).
2. Должината на риболовните трски несмее да биде поголема од 4 (четири)
метри.
ПРАВИЛА ЗА НАТПРЕВАРИ ВО ДИСЦИПЛИНА „ПЛИВКА“
ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 7
2015 година
3. Дозволена е употреба на електронски индикатори и механички покажувачи
(свингери).
4. Задолжително е ловење со една јадица на една рибиловна трска, како и
монтажа на мамката на влакно.
5. Задолжителна е употреба на системи со лизгачко (нефиксирано) олово не
полесно од 50 грама или на полуфиксни, таканаречени сигурносни системи, каде што
при мал отпор после кинењето на риболовниот конец, оловото се ослободува.
Дозволена е употреба на подвижно олово со закачалка, наменето да го легне конецот
на дното (таканаречено „бек лед олово“, „Back leads“) но во секое време судиите
можат да бараат нивно повлекување за да се провери правецот (аксиалното) на
ловење.
6. За монтирање на полуфиксни сигурносни ситеми дозволена е употреба на
гумени цревца (божури) и сигурносни копчиња.
7. Мамките за риболов и прихраната задолжително мораат да бидат од
природни состојки. Дозволена е употреба на боили (кнедли), пелети и сите видови на
семиња (претходно проварени и процедени) природни или вештачки (гумени или
пластични со имитација на горе наведените мамки). Дозволена е употреба на сува
прашкаста храна (секаков вид на миксеви). Забранета е секаква употреба на живи
мамки и икра, мамки изработени од метал, пластика или гума со имитација на живи
мамки.
8. Прихраната не смее да биде формирана во топки поголеми од 7 см во
пречник.
9. Забранета е употреба на сите видови хранилки, како и мини хранилки
монтирани на влакно.
10. За прихрана се дозволени сите видови на рачни алати во форма на цевки
(кобра), лопатки, прачки, ракети изработени од пластика и метал како и техниките на
прихрана со ПВА материјали (мрежички, конци, кесиња, ленти и сл.). Ракетите несмеат
да бидат со поголеми димензии од 70 милиметри на внатрешниот дијаметар и 200
милиметри должина.
11. Дозволена е употреба на статичен катапулт во форма на прачка, кој се
управува со две раце, а е направен исклучиво на растегнување со гума.
12. Забранета е употреба на електронски ехо сонари, бротчиња за прихрана,
топови на компримиран и природен гас, како и механички статични катапулти кои
немаат облик на прачка.
13. Забрането е прихранување со тешка храна (ракета, катапулт, лопатка и сите
видови формирани топки за прихрана) во ноќните часови. Времетраењето на
забраната се дефинира со претходен договор пред почетокот на натпреварот во
зависност од периодот на одржувањето на натпреварот. Во ноќните часови дозволена
е прихрана само со кобра за боили користејќи ги едената или двете раце, катапулт
(рачен чатал за боили) ракуван со две раце и техниките на прихрана со ПВА
материјали (мрежички, конци, кесиња, ленти).
14. Количината на прихраната и мамки за натпревар што ќе ја користи едно дуо,
не смее да надмине 200 кг. со тоа што се забранува дотур на прихрана и мамки во
текот на натпреварите не подолги од 50 часа, како и меѓусебна размена на истите.
Количина на прихрана и мамки може и да се намали во зависност од риболовната вода
каде се одржува натпреварот. Во секој случај количеството на прихрана и мамки
(варена и процедена) мора да му се даде на увид на судијата.
15. Се дозволува еден дотур на однапред подготвена прихрана и мамки на
натпреварите со времетраење подолго од 50 часа и тоа после поминати 2/3 од
натпреварот, со претходна проверка на составот и видот на мамките и прихраната од
страна на судиите. Секаков друг дотур на храна или мамки не е дозволен. На крајот
од натпреварот, мамките и прихраната што е останата не смее да се фрла во
вода.
16. Забранета е употреба на сите видови чамци.
ПРАВИЛА ЗА НАТПРЕВАРИ ВО ДИСЦИПЛИНА „ПЛИВКА“
ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 8
2015 година
17. Забранета е употреба на сите видови пливки.
18. Забрането е консумирање на алкохолни пијалоци и користење наркотични
средства за време на натпреварите.
19. Забрането е движење со моторни возила во текот на ноќта. Користење на
моторни возила дозволено е само за потребите на организаторот.
20. Со жолт картон се казнува за кршење на правилата од точките 5, 8, 10, 13,
18 и 19 од овој член.
21. Со црвен картон се казнува за кршење на правилата од точките 1, 2, 4, 7, 9,
12, 14, 15, 16 и 17 и за секој прекршок од точка 20 доколку екипата веќе има добиено
жолт картон.
Ѓ. Мерење на рибата, правила на бодување и правила на однесување со
уловената риба.
Член 10
1. За важечки улов се смета риба од видот крап и амур со минимална тежина
од 1.000 гр. (доколку предходно не е договорено друга минимална димензија на
рибата).
2. Уловената риба задолжително се прифаќа со црпало за риба со одредени
димензии на отворот и мрежата (Член 5 точка 3 алинеја 5).
3. Рибата задолжително се одложува на мокар душек со одредени димензии
(Член 5 точка 3 алинеја 6).
4. Уловената риба задолжително се чува во специјални чуварки, платнени
вреќи (carp sak) со одредени димензии (Член 5 точка 3 алинеја 7). Чуварките мораат да
бидат потопени во вода со целата своја должина. Само една риба може да се чува во
едена чуварка и во неа несмее да има олово, камен или некој друг предмет.
5. Риба закачена и за друго место освен за уста се смета за важечки улов.
6. Строго е забрането силно повлекување на јадицата низ вода со цел
присилно да се закачи рибата за главата или телото (сецкање, цимање и сл.).
7. Уловената риба не смее да биде извадена надвор од водата до нејзиното
мерење.
8. Рибата ја мерат најмалку 2 (двајца) судии со електронска вага поставена на
троножец и во присуство на капитенот на екипата или еден од натпреварувачите и
еден член од соседен бокс.
9. Мерењето се врши на секои 6 часа (по потреба може и пред овој рок).
10. Се мери секоја риба поединечно, а при секое мерење чуварката во која што
се врши истото мора да биде навлажнета.
11. Судијата ја запишувава регистрираната тежина во листата на дуото и во
натпреварувачкот дневник за стартното место (бокс) во присуство на еден член од
натпреварувачите.
12. После мерењето рибата претпазливо и неповредена мора да се врати назад
во вода.
13. Секоја тешко оштетена или мртва риба, по вина на натпреварувачот, нема
да биде мерена и нема да се смета во крајниот резултат на натпреварот.
14. По завршеното мерење членот од дуото непосредно присутен на мерењето,
заедно со судиите е должен да го потпише натпреварувачкот дневник за стартното
место (бокс). Во дневникот се потпишува и членот од соседниот бокс.
15. При враќањето на рибата назад во вода, дозволено е излегување од
обележаниот ринг во правец на местото одредено за риболов во висина до
колениците.
16. Приговори за тежината на рибата, после потпишувањето на
натпреварувачкот дневник за стартното место (бокс), не се признаваат.
17. Забрането е непријавување на уловената риба при било кое мерење.
ПРАВИЛА ЗА НАТПРЕВАРИ ВО ДИСЦИПЛИНА „ПЛИВКА“
ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 9
2015 година
18. Доколку при вадењето на рибата натпреварувачот видливо ги заплетка
конците за риболов на соседна екипа исправно зафрлени (рибата е извадена заедно со
риболовните конци на соседна екипа), истата нема да се мери и пресметува во
крајниот резултат.
19. Бодувањето се врши по принципот еден поен на 1 грам улов.
20. По завршување на мерењето, најдоцна во рок од 1 час, се врши
доставување на резултатите од последното мерење до натпреварувачите од секој
бокс. На натпреварувачите резултатите им се доставуваат во писмена форма, на
формулар кој претходно е подготвен од страна на главниот судија. Објавувањето и
доставувањето на резултатите до натпреварувачите го врши организаторот на
натпреварот, преку ангажираните судии.
21. Со жолт картон се казнува за кршење на правилата од точките 2, 3, 4, 7, 11,
12, 13, 14 и 18 од овој член.
22. Со црвен картон се казнува за кршење на правилата од точката 6, и 17 од
овој член и за секој прекршок од точка 21 доколку претходно веќе има добиено жолт
картон.
Бодување на натпревари во едно коло (Куп „Крап“ и натпревари во организација на
РЗК и сл.):
Член 11
За натпреварите што се оддржуваат во едно коло, победник е дуото со
најголема уловена тежина (најголем број на поени). Понатамошниот пласман се
определува од поголемата кон помалата уловена тежина.
Во случај да две или повеќе екипи имаат идентичен број на поени, предност има
дуо кое има уловено примерок на риба со најголема тежина.
Во случај и на таква еднаквост предност има дуо со поголема просечна тежина
(вкупна тежина поделена со бројот на уловените риби).
Во случај и на таква еднаквост предноста се одредува со жребка.
Бодување на натпревари во повеќе кола (Крапски лиги и сл.):
Член 12
Кај лига натпреварите победникот на секој натпревар добива бодови еднакви
на бројот на екипите учеснички кои го започнале натпреварувањето во лигата а
останатите според редослед по 1 (еден) бод помалку.
Дуата без улов добиваат бодови соодветни на бројот на незавземените места
сметано според бројот на екипи кои ја започнале лигата.
Дуата кои оправдано и со предходна најава до организаторот не учествувале на
натпреварот добиваат 0 (нула) бодови.
Дуата кои без најава и неоправдано не учествувале на натпревар се
дисквалификуваат за тековната година.
Доколку во исто коло две или повеќе дуа имаат идентичен број на поени,
предност има дуо кое има уловено примерок на риба со најголема тежина.
Во случај и на таква еднаквост предност има дуо со поголема просечна тежина
(вкупна тежина поделена со бројот на уловените риби).
Во случај и на ваква еднаквост дуата добиваат бодови еднакви на просекот на
нивните незавземени места.
Во генерален пласман, по завршената лига натпревари, победник е дуото што
има најголем број на освоени бодови во сите кола а понатаму се распоредуваат
екипите по редослед од поголемиот кон помалиот збир на бодови.
ПРАВИЛА ЗА НАТПРЕВАРИ ВО ДИСЦИПЛИНА „ПЛИВКА“
ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 10
2015 година
Во случај на ист број на бодови кај две или повеќе дуа во генерален пласман по
завршувањето на сите предвидени кола, предност има дуо со поголема вкупна уловена
тежина од сите натпревари.
Во случај и на таква еднаквост предност има дуо кое има уловено примерок на
риба со најголема тежина во кое и да е коло.
Во случај и на таква еднаквост предност има дуо со поголема просечна тежина
(вкупна тежина поделена со бројот на уловените риби) на сите натпревари.
Во случај и на ваква еднаквост победникот се одредува со жребка.
На дуото, кое со дозвола на главниот судија од оправдани причини (болест и
сл.) му се дозволи да го напушти натпреварот и реална неможност истиот да го
продолжи, ќе се пресметува дототаш постигнатиот резултат.
Е. Значење и објаснување на казнените мерки
Член 13
Секоја санкција изречена на екипа (дуо) се запишува во листата на дуото и
натпреварувачкот дневник за стартното место (боксот). Екипата веднаш се известува
за изречената санкција.
Секое дуо казнето со жолт картон задолжително го продолжува натпреварот со
тоа што на крајот од истиот се одземаат 10% од вкупната уловена тежина.
Секое дуо казнето со црвен картон мометално го завршува и напушта
натпреварот. Казнетото дуо добива нула (0) бодови за тоа коло а на крајот од сите
предвидени кола од вкупниот број освоени бодови му се одземаат 5.
Секој втор жолт картон доделен на исто дуо автоматски повлекува црвен картон.
Освен за повредите на членовите 8, 9 и 10 од овие правила, со црвен картон се
казнува и за груб или навредлив однос кон судијата, делегатот, организаторот, друг
учесник на натпреварот, како и кон публиката.
Жолт картон доделуваат стартните (судии на бокс)и главниот судија, додека
црвен картон доделува исклучиво главниот судија.
Член 14
За секој натпревар се делегираат онолку судии неопходни за да натпреварите
се одвиваат според правилата и пропозициите на МРФ во спортски риболов (најмалку
четири).
Обврска на секој судија на натпреварот е:
• да ја контролира опремата како и составот и количината на прихраната
доколку е ограничена.
• да го контролира начинот на ловење од страна на натпреварувачите.
• да го забележи секој улов и да ја запише тежината.

Член 15
Времетраењто на натпреварите е од минимум 50, до максимум 72 часа
непрекинато.
Во случај на прекини, поради временски непогоди, натпреварот може да биде
прекинат најмногу до 1/3 од времетраење на целиот натпревар. Времето на прекинот
не се надоместува на крајот на натпреварот.
Доколку времето не се смири истиот се прекинува, натпреварот ќе се смета за
важечки доколку поминале минимум 2/3 од истиот, несметајќи го времетраењето на
прекинот. Доклку натпреварот се прекинува повеќе пати, вкупното време на прекинот
несмее да биде подолго од 1/3 од вкупното време на натпреварот.
Во лига натпреварите прекинат натпревар не се организира повторно.
Член 16
ПРАВИЛА ЗА НАТПРЕВАРИ ВО ДИСЦИПЛИНА „ПЛИВКА“
ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 11
2015 година
Натпреварувачите чуварките ги поставуваат во позиција да можат да бидат
надгледувани од страна на судиите. Рибите се ставаат внатре и се чуваат живи додека
не дојде екипата за мерење.
Член 17
На натпреварите се води следната документација:
• Пријава на екипа - дуо
• Натпреварувачки дневник за стартно место
• Натпреварувачки дневник за вкупните резултати
Натпреварувачките дневници се чуваат трајно.
Претседател на УО на МРФ
Проф. Д-р Васил Костов с.р.

_________________
CT Asterix & Obelix


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КРАПСКА ЛИГА 2016
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 21, 2015 11:53 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 19, 2011 2:20 pm
МислењаCOLON6956
Нека не ве буни следново - ПРАВИЛА ЗА НАТПРЕВАРИ ВО ДИСЦИПЛИНА „ПЛИВКА“
ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА..

Им летнал меморандумот у МРФ од Пливка у Крап.... :lollol:

_________________
CT Asterix & Obelix


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КРАПСКА ЛИГА 2016
ТемаИспратеноCOLONЧет Oкт 22, 2015 12:09 am 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONНед Jул 10, 2011 1:06 pm
МислењаCOLON5485
Imam edno prasanje koj od postarite takmicari se se uste aktivni so krapskiot ribolov....

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КРАПСКА ЛИГА 2016
ТемаИспратеноCOLONЧет Oкт 22, 2015 12:14 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Maј 04, 2012 8:51 pm
МислењаCOLON3008
И сега, никаде не прочитав за ограничувања во однос на дебелината и видот на конецот?

_________________
CARPE DIEM


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КРАПСКА ЛИГА 2016
ТемаИспратеноCOLONЧет Oкт 22, 2015 12:17 am 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 13, 2010 9:30 am
МислењаCOLON9475
marks НапишиCOLON
И сега, никаде не прочитав за ограничувања во однос на дебелината и видот на конецот?

sakav toa da go napisam am si prekutev

_________________
Rodjen da peca,Nateran da radi


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS678910ELLIPSIS147»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 52 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum