Rade Rusevski НапишиCOLON |
Не пишува во книгата случајно дека не е важно што во устата влегува, туку што од нејзе излегува. Јас би додал, уште поважно (потешко) е кога зборовите оставаат пишана трага!
Неверојатно е што се може да се прочита низ сите овие 160 страници. Меѓутоа, кога некој има потреба да се појавува на секоја страница речиси на половина од текстовите, тогаш тоа е веројатно предизвик за стручна опсервација и анализа. Што е тоа? Јас не сум стручњак, но да ги прашаме нив, дали е тоа недостаток на елоквенција, лоша следливост на сопствените мисли, пад или недостаток на концентрација, жестока потреба за излез од анонимноста, патолошка потреба да го сврти целото внимание на себе и бескомпромисно да ги смета своите ставови за апсолутна вистина ...? Веројатно е негов сопствен проблем кога некој себеси нарцисоидно се доживува за екстерт или ѕвезда, велемајстор, сезнајко за кого нема никакви тајни и неуспехот се должи само на непочитување на неговите сознанија за вистината. Видите, и во науката каде се етаблирани критериумите, тешко се стекнува епитетот експерт, или, дозволете со спортски речник, ѕвезда. Верувам дека во секоја фела се смета за, најблаго речено, нефкусно, кога некој себеси се доживува за ѕвезда и кога тоа има потреба да го препознаат сите без исклучок, меѓутоа наметнато. Е сега, кога тие ѕвездите, уживаат во процесот на умирање на козата на комшијата, за нив веројатно важи еден термин што пред извесно време го чув: „енергетски вампири„. Џабе се задскриват зад критизерството и лажната добра намера, кога уживаат во страдањето на козата на комшијата и негативната енергија што ја шират!!! Така на пример, додека некои крапџии упорно вежбаа да ги стигнат границите од и над 140м, некој и тоа го критикуваше, не го прифаќаше, па пак го критикуваше, како несодветен и неважен метод, за да потоа влезе во сопствена колизија на ставовите, па пак да се врати на хаотичното критизерството. Тоа е веројатно заради потребата да се амнестира себеси (побогу како ѕвезди) дека грозјето кое неможе да го обере, во суштина е зелено и не е за берење.
Кога некој во напливот на сопствената арогантност и самобендисаност, ќе ги надмине принципите и границите на добро воспитување, па од критизерство ќе рипне кон навреди на личности, со смелот да изјави дека е во состојба на „клоци да исфрли„ спортисти од ринг доколку му се пружи шанса (се разбира ако не ги слушаат неговите божанствени експертски совети), треба да е свесен, дека пишаниот збор остава трага и има своја тежина, а не е само наивна интернет маструбација.
Што уште не прочитавме во овие 160-тина страници. Што е тоа млад крапџија, а што е тоа стар крапџија. Веројатно за млад се мисли на перспективан, а на стар за или експерт или за истрошен рибар??? Се прашувам каде, со своите 50 год старост и 45 год. рибарски стаж, припаѓам според класификацијата на овие наши експерти!!!
Драги мои, оваа наша разбрибрига, или весела споредна пасионираност, наречена спортски риболов, ако сме до крај искрени пред себе доби своевидна катарза во изминативе години. Некој имаше визија, упорно работеше и како од феникс ја рестартира оваа магија наречена спортски риболов. Да внимаваме со своите изјави во моментите на сопствената слабост, или пак еуфоричност, да не му направиме долгорочна штета на спортот на кој му припаѓаме.
Стигнавме и да еден од основоположниците на современата "Cyprinus carpio" трагедија даде осврт на овој катаклизмичен момент, миејќи го лицето на дисфигуративните полтрони заедно со историската пропорција на неуспех во името на една личност.
Доколку ги мериме височините на оваа тасманска спортска лакрдија, Вие сте во состојба на омагијаност што константно и тековно ќе ве измачува базирајќи се на вашиот константен парадоксален неуспех!
Базирајќи се на вашиот расно инфериорен пристап (тоа го кажува фелата), компетентноста за поткрепување на пораз и бестежинска грижа за истото не Ве става на пеадесталот на поразените, туку на неуспешните.
Затоа, почитуван Софокле...основополжник на трагедијата во современиот "Cyprinus carpio" спорт, останете немелодично тивок набљудувач.
Вселената го посакува тоа за вас.
Со почит,
Перспективен крапџија