Toa go nalagaat pravilata na federacija a ne na organizatorot.Organizatorot mora da se podcini po pravilata na federacija ako saka da organizira natprevar.
Јане, не го налага федерацијата туку законот за спорт го налага тоа. Овој куп нема никаква допирна точка со федерација. Во случајов здружението Рибар 2011 (истото е регистрирно за вршење дејност спорт) е организатор и треба да ги почитува законот за спорт и одредбите кој се во истиот, исто како што федерација (МРФ) ги почитува при организирање на спортски настан, државни купови и сл.
Од старт сакам да им пренесам на Трасул и Боби дека ова мора да биде вака и дека ако сакаат да натпреваруваат, ова мора да го имаат уредно извршено т.е да поседуваат спортска легитимација и уверение од спортска медицина.
Дефинитивно се слагам да овој куп со терминот кој е предвиден да биде БОИЛА КУП. Се радувам што конечно ќе нема товење на 10-тина метри со се и сешто, кипање на тони пченка и шеќерац и најлошото од се - прашкасти прихрани. Секој ќе мора да го заработи уловот и БОЈЛА КУП е единствениот начин да се измерат силите на вода како Мавровица овој период од годината.
НО, морам да се согласам со Трасул и Боби за нелибералниот пристап кон натпреварот кој воопшто не е наменет за таа цел т.е омасовување. Уште на почетокот т.е воведот на темата е тотално погрешен (што значи и концептот) и БОИЛА КУП не е куп ЗА:
да го омасови крапскиот риболов во Македонија и да ги активира сите оние кои имаат желба да се натпреваруваат
.
Но Тафта овде нема никаква вина, вината треба да се бара на друго место.
Мој заклучок:
Ова е класичен куп каде што ќе бидат присутни грото натпреварувачи од лигата со плус дополнителни екипи кој се подлабоко навлезени и се далеку од почетници (голем дел домашни и многу мал дел од надвор).
Моја препорака до Боби и Трасул е или да се приклучат на некој од постоечките екипи кој ќе земат учество на овој куп како би осетиле сосема различна енергија и адреналин во натпреварите или да се пријават на полиберален куп како што е оној на Глобочица за да тргнат по некаква траекторија на натреварување во крапскиот спортски риболов.
Инаку за потсетување, Рибар 2011 има толку многу направено за омасовување на крапскиот спортски риболов што досега го нема тоа никој направено! Ниту едно здружение, ниту било кој индивидуалец(крапар), а најмалку пак нашата најмила федерација.
For the record...!!
Овие членови во законот за спорт не се од вчера, туку од поодамна.
Работата е што на нашата мила федерациичка и текна од оваа година да ги бара овие одредби од законот да се почитуваат се со цел да се "омасови" овој спорт.
Ако гледаме така, ова повлекува уште многу други работи кој организаторот треба да ги спроведи, но ај да не навлегуваме понатаму....