Неколку фотографии кои ќе ни покажат како (не треба да) се однесуваме со реките
Прво налетавме на нога
Потоа некоја будала погоре од приколица истури ѓубре кое за една минута стигна пред нас
Децата на сликата го сватија тоа како повик од природата, и за неколку минути се нацртаа со количка полна ѓубре, кое си го најде патот во реката
Малку погоре водата нагло се замати, а ние зачудени, на Треска секогаш водата е бистра
Ѓубрето покрај реката не вреди ни да се коментира
Кога тоа, погоре на некој му текнало дека речниот шљунак е бесплатен, па си направил кафез на камионот (сепаратор) и со багерот си копка низ реката, не водејќи сметка што се уништува. До него еден чиче, си донел цела приколица ѓубре, не слушнале за контејнери, депонии, отпади и сл, директно со вилата се си избутка во реката
Јака му душа на “јунакот“ што ќе го земе овој ревир под концесија, со заостанативе што живеат покрај рекава...