....Nas ne treba da ni bide reper RS tuku EU so ceni ,pristap,informacii, trendovi....Prema pazarot i robata na pazarot ama i prema kupuvacite..
name?
Рип,
1.Не си во право, ПРИСТАП, ИНФОРМАЦИ И ТРЕНДОВИТЕ во ЕУ во секое време ни се репер и ни се достапни... проблем имаме кога ке се појават цените
. За жал реалноста кај нас диктира сосем други можности. Појди во петок во Скопје на “црв пазар“ и ќе видиш мал дел од неа. Види какви машинки се носат на поправка, какви трски се носат на поправка... во земјите со висок стандард сите би завршиле во музеј. Е, сега кажи кој сериозен бренд би дошол кога знаат дека просечната плата кај нас е 350 евра значи една посериозна машинка?
2. Не секогаш производите од Кина се “скапаници“. Многу сериозни фирми, светски брендови, отворија фабрики во Кина поради евтината работна рака. Проблем е што покрај нив постојат и фирми кои вршат фалсификат на тие брендови и..... тука настанува проблемот.
3. Имаше една интересна емисија на некоја од странскиве ТВ - најдобрите рачно изработени воблери со многу освоени признанија ( Полска, Чешка или некоја друга не се сеќавам ) ги изработуваше 14 годишно девојче. Дури таткото мораше да објаснува дека тој не ја тера тоа да го работи ( закон за искористување на малолетна работна сила) туку дека на детето тоа му е страст. Поентата ми е не мора да значи дека ако е произведен во Пожаревац или незнам каде нема добри квалитети особено ако е испробан и препорачан од врвни мајстори.
4. А оној што сака бренд и има “кесе“ лесно ке се снајде...