Реално муабетот од Келтан држи вода и поголем број теми што ги отвора му се подржани со факти. Се сложувам дека има голема улога затегањето на кочницата со испразнетоста на калемот. Реално кочницата ми е на некоја појака граница затегната и по потреба прикочувам со рака.
Можда настапот му е малку погрешен во темата и затоа може има некој бојкот кон неговите теми, или е поделба на членовите симпатизери противници а јас во неутрални.
За мене е поважно да бидам сигурен во опремата и да знам што опрема користам.
Имам едно лошо искуство кога купив спин трска дводелна за Сом Силуре 3м беше некоја 100-200гр. Цена просечна околу 50еу. И удира на неа Сом и јас сигурен трскава јака а на првото запнување трската прас, прсна ко стакло. Ми е жал за Сомот а не за трската.
Прво не беше некое силно запнување, посилно сум запнувал со телескот и сум ја вртел рибата. Второ не беше чукната од моја страна за во дукан не знам. И на првото кршевање рикна.
За дводелци ич да не правам муабет, затоа за Сом на дубинка си се вратив на старо трскиче, што е сигурно сигурно.