Гледам постои интерес и некои размислувања околу Капитенот на Репрезентацијата. Многумина гледаат клучна улога во него и еден од основните причинители за успех(неуспех) на Репрезентацијата. Бидејќи, по сплет на околностите сум бил на 2 пати во таа улога ќе се осмелам да дадам некои видувања, па Вие надоврзете се.
Работите се поставени на две основи, два капитена (капитен и тренер). Едниот е за состаноци, комуникација, информации од кај Матиоли и состаноците на Капитените. Другиот е за на стаза, снимање, шпиунирање, пренесување на она што другите го работат во другите боксови. Искуствата (како актер во таа улога) ми наметнуваат заклучоци дека улогата на Капитенот во изборот на ТАКТИКА како ќе лови секоја од трите екипи во Репрезентацијата НЕ Е И НЕ ТРЕБА ДА БИДЕ КЛУЧНА. Тој е должен да пренесе сознанија од стазата, секторот и евентуално да упати на причините за успех на некој од соседите. Според она што досега го видов на 5 СП, ниту еден Капитен не им кажува КАКО да ловат. Тоа е избор на натпреварувачите, кој се непосредно во боксот и многу подобро ги знаат карактеристиките на самата позиција. Можат да се разменат мислења, информации и Капитенот (заради искуството кое е неопходно да го има) може да ПРЕДЛОЖИ одредени постапки. Сепак, натпреварувачите во боксот (и тие не се од господ паднати, кога се квалификувале) и се (за разлика од Капитенот) нон стоп на местото на злосторот".
Некои пропагираа и градење на тактика однапред (две хранилишта, едно блиску, едно подалеку, дење таму, ноќе ваму) што по мене е илузорно. Секоја вода, секој натпревар, е приказна за себе.
За да го поткрепам сето ова ќе Ви наведам два примери за ситуации кога сме постигнале најголем успех. Ицо и Јонче на СП во Франција и Пепи и Мики на СП во Португалија. Во случајот во Франција, се се одвиваше онака како Ицо со Јонче си изградија стратегија и останаа доследни на тоа, свесни за одговорноста која ја носат. Во случајот со Пепи и Мики во Португалија, сите околу нив "цепаа" на голема далечина, па дури и еден Бојан од комшилук, кога увиде што прават нашиве, се повлече на 70/80 метри.
Сакам да кажам дека и покрај силните желби за успех, не лежи паричката во умот на Капитенот или раководството. Во овој спорт, клучни се оние во боксот. Неколку пати сум се обидел да наметнам сознание дека во овој спорт има фактори кои не се под наша контрола. Ете Ви и за тоа пример во бронзениот медал на Тони Дуката и Сашо Атанасов во Италија. Две рипчиња и крај. Со некои работи мораме да се помириме, а не да удираме со дрва и камења по натпреварувачите и логистиката.
Секој натпреварувач е посебен свет. ТРЕБА да фрла и далеку, треба да знае да маркира, треба да биде прецизен и издржлив, но ако го нема инстинктот и ксметот џабе е. Искуството од доживени вакви ситуации, само по себе е најбитниот фактор.
НО, некогаш и тоа не помага. Некогаш не е ни до Капитенот, ни до натпреварувачите, ни до целата логистика.
И уште една работа оклу логистиката. Ниту Хрвати, ниту ЈАР-овци, ниту Срби, ниту Англичани, во преден план не се ангажираат за да уловат тактика и да ја пренесат и да ја применат кај своите момци. Не им е тоа примарно. Сите се доволно писмени и искусни самите да дојдат до заклучоци, посебно заради неидентичноста на позициите. Претежно, пазат некој да не украде излаже при мерење, риба да им се донесе, да не се прекршат правилата.Некои и на дрва дежураа (Франција), кога домаќините крапче од 900 грама го пишаа 9 кгр.