Кога веќе сите најдовме по 3-4 дена за по риба
немаше повеќе што да му ја
мислиме.Беше јасно,пак при Грчките крапови.Обемна подготовка и покрај крајно
лошите прогнози за времето-ние веќе бевме по патот.Така е секогаш,кога и да се
готвиме за по риба,малиот ,дури и средниот мозок откажуваат
а знаеме оти големиот и не е толку важен
И така...пристигање на езерото,овој пат утрински.Преглед на 4-5 места,на старото
ни место имаше едни познати фаци
Стискање раце со старите
пријатели,таман им се најдовме за да ги избутаме од калта,од која ни со ланци не
можеа да излезат
и во договор со другарите решивме да испробаме едно ново
место на езерото.
Единственото колку толку убаво време беше токму времето кога ги местевме
шаторите и тендата.Преку другото време беше што да ви кажам ..небото и земјата
се спојуваа од облаци и грмотевици:rolleyes:
Ги наместивме шаторите,подранивме убаво,и започнавме со вообичаените работи под
тендата
оти надвор ситуацијата беше оваква arrow:
Сокчето спрема бомбони за десерт
Во меѓувреме пристигна и веселиот дел од денот :drinkers:
Започнаа едни специјалитети..домашни..мезиња... дури не недостасуваше и лепезе
лути производи :drinkers:
Наздравје :drinkers:
А и не се работеше само под тендата,се префрлуваа и трски по невремето
Некој не го дочека последниот судиски свиреж :drinkers: :drinkers: :drinkers:
Дојде и следвниот ден.Времето исто :rolleyes: Никако да стивне поројниот
дожд.Започна и рибата,но ситуацијата беше кал,вода,грмотевици и крапови
Имаше и две во едно
Токму малку стивна и силен ран не растресе од под тендата .Убава борба и в кепот
беше овој убавец-Вагата се закова на 6.300
Фотосесија со убавата риба
Дождот пак започна и тоа полудо од кога и да било.Никакви услови за риба.И да
јадеше,ништо не се слушаше од едрите капки коишто удараа по мушамата од
тендата.На нас не ни остануваше ништо друго ,освен да си одмараме во шаторите и
да чекаме дождот да престане.
Од време на време ги слушавме сигнализаторите,вадевме убави риби по страшното
невреме,но немаше услови да се сликаме со секоја риба.Со крајни напори ги
вадевме рибите додека громови пукаа насекаде околу нас, ги префрлавме трските и
бегавме на сушина.
Наредното утро околу 8 стивна.Тмурно време и облаци уште ни го матеа умот
Што ако почне пак??А ние моравме да се собираме,што сигурно ќе ни одземеше 3-4
часа.
Рибата започна пак убаво да јаде
но това бараше и работа
,но без да ризикуваме,веќе си ги собиравме парталите.Само трските останаа за
крај.Ем собиравме ,ем си ловевме
На крај останаа само трските,и време беше за по некоја фотографија
И покрај се, може да се каже оти направивме убав риболов по лошото време и
здрави и живи за 2-3 недели пак
Има и за гозба,но има и......