секој почеток е тежок, така ке биде и со оваа работа
- значи која и да биде цената, сигурно ке мора да биде некоја помала сума од оние пазарни цени кои се нудат
мада јас на владо воблерот не го давам ни за 100еура некој да ми даде за него, е сега ајде најди му крајот каде е
хууу добро е, кога во претходниот пост спомна некој рачно изработен со крива пакта, си помислив за мојот да не пишуваш
во врска со Цената, тесно е поврзана со бројот на изработени воблери, и со цената на матерјалите.
На сето тоа директно влијае и слободното време кое можеш да го оддвоиш за изработка.
Тешко е некој што има друга работа, и еден куп други обврски да се посвети во целост на
ова хоби. Јас така го свакјам како хоби во моментов, слободното време едноставно не ми дозволува да размислувам на друг начин.
Да размислуваш за цената, значи да си спремен целосно да се посветиш на таа работа професионално, што ги повлекува и сите работи што ги спомнаа останатите.
Работилница, машини, алат, матерјали, палета на воблери, палета на декори, испитување на пазарот, констаснтност во работата, квалитет и уште многу ситници кои на крај би ја формирале цената.