Пред да продолжиме сите со кастингот или зафрлувањето треба да признаеме СИТЕ дека Келтан беше во право од старт.
Суетата кај одредени или повеќето крапџии е она што не дозволува да се прифати нечија сугестија. Она што треба да го прифатиме сите ние е дека и еден доктор специалист постојано учи т.с. се надоградува иако има огромно искуство. Немора да оној кој ја дава сугестијата да биде подобар фрлач туку може да е подобро поткован, начитан од останатите.
Само би го замолил Келтан иако има добра намера (јас ќе коментирам од моја гледна точка) да секоја добронамерна сугестија ја предочи, прикаже без доза на наметнување, надмудрување, туку другарски совет.
п.с. јас пред неколку години кога фрлавме кастинг позади Александар Палас достигнав до 157м. (само со олово со трските на Зоки Пакунг од 3,9м и 3,25либ. ) и тогаш решив да ги купам денешниве мој трски од 3,9м и 3,5либри.
Проблемот реален беше што немаше потреба да тренирам мислејќи дека имам опрема и ако затреба нема проблем. На нашиве води од типот на Црничани тоа немаше потреба, па во моментите кога дојдоа забелешките и коментарите од останатите а Келтан беше најгласен и најупорен се роди и ова кастин дружење кое нема да застане тука
Уште еднаш голема благодарност до Келтан
а суетата ќе ја оставам некаде позади себе