браво колеги се гледа дека вчера сте работеле напорно
Она што сакам да напоменам за сите кои не фрлале на суво (тестирале кастинг на трева или песок) за разлика од фрлање во вода е следново-
- при флрање во вода оловото паѓа во вода и при намотување на конецот секогаш имаме исто оптеретување на оловото па така и конецот се мота на оршата иделано.
- при фрлање на суво (трева или песок) кога се мота конецот поради потскокнувања на оловото од тревата или песокот или доколку се оди со трската до оловото немаме исто оптеретување па намотаите на конецот на оршата не е идеален, туку се случува да се добие мев- незатегнат конец на некој круг и при следното зафрлување да ти извлече неколку круга конец во чвор со кој или мора да се кине или ти останува оштетен конец.
Мене во саботата ми се случи ова еднаш но за среќа беше при крајот па изгубив само 10-тина метри од техниумот.
Како поминавте вчера вие со овој проблем?