___
____
ПОПАДИКА
ЛАТИНСКО ИМЕ - (vimba vimba) e слатководна риба која припаѓа на фамилијата (cobitidae)
ЛОКАЛНИ ИМИНА- бојник, шливар, циганка, еѓупка, носара, легла, .......
ПРОСЕЧНА ДОЛЖИНА- 35цм а ретко до 50см
ТЕЖИНА- од 1,5кг па до 2,5кг -најгоемите примероци
ВРЕМЕ НА МРЕСТ- од МАЈ до ЈУНИ
МЕСТА, НАВИКИ, РАСПРОСТРАНЕТОСТ
Живе во истечни
ЦИПРИНИДНИ води но ја има и во стоечки.
-Во низинските води на
црноморскиот слив живее и
ПОАПАДИКА, која припаѓа на истата фамилија.
Познати се три врсти од родот
Vimba
1.
vimba vimba carinata
2.
vimba vimba elongata
3.
Vimba melanops
______
Ова врста на риба ги населува водите на северна и средна Европа и ја има се до вливовите на реките во морината па некогаш и во нив, но нај често се движи во водите и на места каде што живее и мрената. Во летните периоди нејзините места на движење се каде водата е богата со кислород, значи најдобри места за риболов во овај период се местата каде се влива некоја река, места каде има каскади или брани и на места каде водениот ток прави вртлог. Нејзиното присуство во поплитките и бистри води можи да се забележи како при хранење со своето тело се извртува и нејзините бочни страни даваат одсај.
Попадиката се храни претежно со зелена алга,трева која со помош на нејзината уста ја стружи од дното и важи за вегетаријанец, а освен алгата нејзина храна се и ларвите од инсекти,ракчина и ситни црвчина
Нај видлива и одлика на оваа риба е нејзината горна усна која е продолжена во облик на нос. Па по тоа и го добила и самото име. (носара)
Неискусните риболовци многу често оваа риба ја заменуваат со скобалот-кој го нема тој изразен нос.
Носот кај поадинката е темноплава до црна боја. Главата и грбот се сиви кои расветлуваат преку боковите до стомакот, кој има бела боја. Телото е плоснато и витко.
РАЗМНОЖУВАЊЕ
Мрестот им започнува од месец Мај и трае до месец Јуни и во тој период оваа риба се групира во големи јата движејки се низводно во потрага по места со ситен камен,шлњунак
Во тој период скоро и да не ја зема храната , посебно во ведрите и сончеви денови.
Полно созрева помеѓу четвртата и петтата година и должина од 24 до 28 сантиметри. Положува од 80 000 до 200 000 илјади икри. Икрата е леплива и лесно се прилепува на камењата и на билките и тревите во водата.
Во периодот на мрест и машките и женските единки имаат брадавичасти точки по главата и грбот.
Икрата има пречник од 1,4мм. Развојот на ембрионот трае од два и пол до десет денови во зависност од температурата на водата
прочитајте повеке за риболовот на оваа риба во оваа тема:
viewtopic.php?f=11&t=2178
-
Видете,ставете слика од вашиот КАПИТАЛЕЦ viewtopic.php?f=13&t=2220
сликите и информациите
се превземени од интернет сајтови