Еве Аки овде има нешто:
....
Рибите кои ловат на слаба светлина, ноќе, во матна вода, на големи длабочини, се прилагодени на тоа на различни начини.
Смуѓот има два вида на стапчиња во мрежницата. Поголемите одговорни за регистрирање на жолтата и портокаловата, а помалите за регистрирање на зелената. Секој кој ловел смуѓ може да ја потврди ефикасноста на овие бои. Интересно е дека чунчињата кај овој предатор се особено големи. Благодарение на тоа, тие станаа цел на истражување на физиолозите кој го проучуваат процесот на гледање, не само кај рибите. Додатна надградба на видот на смуѓот е рефлективниот гванински слој кој ја покрива внатрешноста на очното јаболко. Благодарение на ова светлината проаѓа низ чунчињата, двапати засилувајќи го сигналот пратен кон мозокот. Поради ова очите на смуѓот светат со сребренкаст сјај, дури и на најделикатнотото светло. Очите на некои ноќни животни функционираат на ист начин. Благодарение на ваквата конструкција на окото, видот на смуѓот е неверојатно осетлив. Тој може да гледа одлично кога другите риби или човекот неможат да видат буквално ништо! Риболовците треба да знаат дека во случајот на овој грабливец вреди да се даде внимание на деталите на мамката и најефикасна комбинација на бои би требало да бидат жолтата и зелената.
Пионерот во истражувањето на видот кај рибите Prof. Dwight Burkhardt од Универзитетот од Минесота. Истражувањата на мрежницата на смуѓот, кои почнаа пред повејке од 30 години, исто така го зголемија нашето знаење за процесот на гледање кај луѓето. Струјата креирана во чепчињата со светлосна стимулација беше испитувана. Чепчињата на смуѓот, иако се исклучително големи, имаат дијаметар пет пати помал од влакното коса на човекот. За да не се поремети нивната нормална функција моравме да користиме електроди со дијаметар од 0,0001 mm!
Мрежницата на сомот е сосема поинаку изградена. Тие воопшто немаат чепчиња во мрежницата. Користат само стапчиња, што прави појаката светлина да ја гледаат како бела додека недостатокот на светлина го регистрираат како сенки на сива боја. Сепак окото на сомот, во споредба со човечкото е изузетно осетливо на слаба светлина. На тамна облачна вечер сомот го гледа многу добро она што човекот има проблем да го види и на полна месечина! Но сите секако знаеме дека видот не е најважното сетило на овој грабливец. Живеејќи во многу матни и темни длабоки води, ловејки нокно време, овој грабливец ја користи страничната линија за ловење, исто како и сетилата за мирис и звук, повејке од видот. Затоа и полесно се лови со мирисни атрактори и звуци. Користење воблери со јака тропка (rattling wobbler) или попер кој плеска по површината на водата се потполно оправдани.
тоа не значи дека боите немаат влијание кај мамките наменети за сом. Во овој случај луминисцентните бои (светат во темнина) се одличен избор. Боите кои светат со зелена светлина се смета дека се најдобро видливи во темнина. При нормално светло вештачките мамки обоени на ваков начин се сиво-розеви и изгледаат многу незабележливи. Затоа многу често се запоставени од риболовците. Постојат многу современи бои од овој вид моментално достапни на пазарот. Буквално само десетина секунди изложеност на овие бои на јака светлина се доволни за мамката да ја ослободува светлината најмалку еден час. Покрај тоа, мамки и во други бои се појавија - сина, црвена, розова или жолта боја. Препорачливо е да се користат голем број на бои во овој случај, со цел да се создаде контрастна комбинација - на пример, зелено-црвена.
Помеѓу “специјалните”, флуоресцентните се многу по познати и популарни. Познато е дека користењето на овие бои ја зголемува привлечноста на вештачката мамка и една од најчесто продаваните бои е Green Tiger или Fire Tiger.