Boris -ribar.com.mk НапишиCOLON |
Како и до сега, така и понатаму и јас се чуствувам за повикан да бришам, ако тоа смета треба да седнеме да правиме моабет, мислам дека разјаснивте доста работи и дека истите не треба да стојат уште месец дена да се читаат, дуели, клетви и сл, а јас не сум ниту во НИЕ, ниту во ВИЕ, јас отидов по риба и да знаев дека вакви ствари ќе искочат, воопшто немаше да идам, налет и риби и штуки и такви риболови.
Никој не вика дека не си повикан да бришеш,ама кога гледаш дека јас или Сашо сме поминале низ темата и очигледно оставиле нешто таму-значи сме оцениле дека треба да стои.Со твоето бришење,ние испаѓаме што,како да кажам,мали деца?,правилно ли е? и ај по нас тато исчистил......А за клетвите....па нека стојат ...да видат сите со какви членови си имаме работа....јас ке расчистев кога ке беше време за тоа.
повеќе глави подобро мислат тоа е мојот став, а никогаш 2 глави неможе во се да се погодат, некогаш не се погодуваме 100% во ставовите, тоа е тоа, јас сметав дека тоа што избришав во никој случај не носи позитивни ефекти, туку напротив само негативни, да се чита како еден вика “толку од мене ај чао“, другиот вика нешто слично, а третиот вика “јас од сега ќе сликам само капини во репортажите“, и спорадични коментари кои фаќаат сеир, не гледам ништо позитивно, туку сосема напротив дека и други луѓе сочуствуваат со едниот, другиот, или третиот, а сите 3 ставови не се добри за форумот и искрено се надевам дека кога колегите ќе се оладат ќе го сменат таквиот став