Значи:
1. Прво жал ми е што воопшто отидов по риба викендов, не поради тоа како си пројдов, туку поради сите овие моабети кои искочија после тоа и кои и мене ме ставаат во средина и кои сметам дека воопшто не се потребни.
2. Мојот став е дека постојат моменти кога две тапи се една до друга на 30 сантими и на едниот му јаде, а на другиот не, значи има милион причини дали ќе искочи риба.
3. Она што е факт за викендов е дека Саботата (кога најверојатно имало активност кај штуката), ние дента не стигнавме баш на разденување значи не сме го фатиле денот баш од кога треба, се шетаме со кола од место на место што ни одзема време и на крај се стациониравме во еден реон каде што, аки почна да млати кленчиња и бојничиња, а ја и здравко секој на своја страна го чешлавме теренот, поминувавме на секакви места, киневме и имавме по некој удар на клен, не и на штука што може да има милион причини, ама тоа е цената на прво идење и запознавање со теренот некаде, кога би ми било 50-то идење секако би било друга приказна. Во Неделата никој не извадил ништо и тоа го видовме и на теренот од другите екипи, а се изјаснија и тие што биле на 3, 5 , 15 километри, или незнам колку километри од нас. Јас лично си поминав одлично, истражував терени, пробував разни мамци, 2 дена го поминав во шума, имавме добра дружба и тоа е за мене доволно.
Се на се сплет на околности зошто и кај нас не искочија штуки, туку само друга риба.
Што се однесува до местата, мене дебатава ми изгледа и смешна и трагична. И Аки и Hovitz знаат дека во регионот што ние бевме имаше и длабоки и убави места, впрочем тоа го видоа во Неделата пред да се стемни кога заедно отидовме на 2-3 места кои за жал јас касно ги открив и немавме време асално да ги испробаме. Таму сите 3-ца бевме сведоци на скокови кои ставија на знаење дека рибата е тука, ама едноставно не поздрави пред идење и ни кажа “тука сум за следниот пат“
Овој другиот моабет, “места со тапии и слични срања, за мене е детски моабет“, јас кога сум бил дете таткоми, или тетин ми ме носеле на одредено место, ме седнувале, ми давале мамец, ми кажувале како да фаќам и тоа е тоа. Денес не сум дете, денес викам фала на било кој член на форумов ако каже дека има активност на ова или она езеро, на оваа или онаа река и тоа мене ми е доволно, да одам, да пробам, да најдам мое место и не очекувам никој да ме однесе и да ме седне на некое место. посебно на вакви места како Ангитис каде што на местата тешко и двајца луѓе може да застанат на едно место и нормално да фаќаат, ама затоа има илјадници места на реката. Поканата од Полиз стигна и тоа е факт, само нормално е дека две екипи на исти места неможат да фаќаат и токму затоа ни на крај памет мене лично не ми беше да идам натаму, не сум дебилен за да незнам риба да си фатам, ниту јас, а знам дека спремни рибари се и Аки и Hovitz, ако после 50 идења некој од нас не фати риба, тогаш тој е стварно дебилен. До тогаш, сам истражувам и сам си ја бркам рибата, нејќам никој да ме носи на нечие место.
Тоа е за екскурзијата викендов.
Што се однесува до моабетите кои се префрлија на форумот, откажувања, потреба или не од репортажи, имало или ги немало на други форуми, само можам да кажам дека репортажите се дефинитивно најатрактивниот дел од овој форум и мислам дека тој став го делат најголем дел од форумџиите. За тоа кој и што ќе стави и дали воопшто ќе става репортажи во правилата на форумов и дали ќе каже каде фаќал, на што фаќал и сл, нема одредби, таквите виртуелни и обичајни правила ги градиме сите заеднички и мој апел е да не се носат избрзани ослуки од некои расправии во кои учествуваат 2-3 луѓе, сепак тука сме многу повеќе и жално е да останеме без некои членови, или пак без нечии репортажи, или пак без нечија активност, на крајот на краиштата не заборавајте сите ние сме луѓето кои се заразени со риболовот и апелирам негативната енергија да се празни надвор од форумов.
За караниците и расправиите за жешки теми, секој со своја глава, само не ја претерувате, ваква енергија да се посвети на позитивни теми како што се БОРБА ПРОТИВ КРИВОЛОВЦИ, ПРАВЕЊЕ НА МАИЦИ И АМБЛЕМИ, ОРГАНИЗИРАЊЕ ФОРУМСКИ ДРУЖБИ, ПРАВЕЊЕ НА ЗДРУЖЕНИЕ, досега ќе цветавме.....
|