РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am МислењаCOLON11616 ЛокацијаCOLONСкопје
Според договорот што падна на форумов, во неделата се собравме кај Кирца на Бадар. Времето беше измислено за дружба, пукаше сонце, немаше ветер, не беше многу ладно, ги имавме сите услови за “риболов“
Поздрав до членовите кои не дојдоа, дел оправдано (очекуваме репортажа ), дел неоправдано
Од активните членови бевме присутни јас, Спаива, Крсте, Кирца, Даре, ВладоМКД, Мики (не играше од наша) и уште двајца кои нема да ги спомнам по име бидејќи се од “неактивните“ членови
Немаше некој посебен улов, освен Спаива кој извади едно фино парче, и Мики од преку улица (не играше од наша), со помош на молитвата на мајка му извади 3-4 крапа (едниот беше поголем - околу 3 кг, другите од далеку гледани 1-1,5 кг, Мики нека потврди/негира). Излезе многу подмладок на крап (50-300 грама) на сите трски
Во секој случај, поенатата на собиранката беше да се запознаеме надвор од форумов, да размениме мислења, искуства и да се дружиме, што и беше реализирано Само да ги искарам сите, никој не носеше амблем!
До следната средба, бистро
Прав сончев есенски ден
Софрата поставена
Почнавме со мезе
Ги поставивме пушките
Групна фотка
Спаива излезе “нај-рибар“ со најголемиот улов на дружината (Мики не го рачунаме, не беше од наша)
Даре дојде без трска, ама затоа добро работеше со кепот
Уловот на Спаива, а газдата загрижено гледа да не се шокира крапот пред да отиде на кантар
Мики од спротивната страна со детето кое е згрозено од сликите на форумот и мајка му на Мики, која добро не изнасмеа неколку пати со коментари за “маминиот син“. Голем поздрав до неа
На моменти вака изгледаше риболовот
Олдтајмерите на Крсте, со штракањето го избркаа крапот од крмата на Кирца
Едно од кучињата си уживаше на сонцето
И за крај, видеото од уловот на не-играчот Мики
_________________ Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...
Денот се погоди и дружбата беше одлична!!
Битно се видовме, се запознавме...секако и пивнавме и треба повеќе да практикуваме вакви собири.
Мило ми беше што се запознав со момциве што беа присутни, не познавав никој претходно лично освен Владо со кој сме ТИМ.
Инаку Филип немам амблем, каде да се обратам за тоа за да добијам??
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 23 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум